Најдобар трговски центар?

Кој е најдобар трговски центар


  • Вкупно гласачи
    95
Гледам едни гласаат за еден други за друг,ама најдобро ќе беше да имаше слики од нив.:toe:
Затоа еден предлог до тој што ја отворил темава или другите што имаат слики нека ги стават за да може подобро да се одлучиме.:salut:
 
Кога ќе спомнеш трговски првото на памет ти паѓа ГТЦ, секогаш ќе остане баш центар, местото кај се чекаме, кај што искачаме, низ кој поминуваме најчесто.
Има најмногу продавници, најмногу избор за обични купувачи од 100 ден блуза до 6100 :)
Сепак е стара градба, парно јок, ВЦ недај боже да отидеш.

Рамстор го посетувам 2-3 пати годишно. Не ми е ич омилен. Реално најскап трговски. Продавници со цени до несвест, кои не се за наш нормален стандард. Го вади тоа што има кафичи, има кино, има супермаркет, не штедат на парно. Ама немам 20000 денари за да си купам фустан, а и ако давам 400 евра ќе купам од дизајнер, не од некоја продавница од Рамстор која е просечна марка во светот а кај нас цена до бесвест.

Веро е ново, убаво на лик, супер е маркетот, продавници 2 без 3. Сепак она што ме изненади е пример што Њујоркер е единствената продавница во Скопјево која има попуст и пред сезонски попуст и пред јануари. Да да има и фиори, ама џабе стои натписот 70% кога нема благе везе ни гардароба ни реален попуст.

Соравија е бизнис центар. Само првиот и вториот кат се трговски. Така да воопшто целта не е да е трговски. А има супер брендови на двата ката, има кафе шоп кој е одличен и +10 ката кои се канцеларии.

Бисер е маалски трговски во кој мноооогу често одам зашто има топ цени, пола работи од ГТЦ ги наоѓаш минимум 30% поефтини.

Сити галери е мртов. Ништо нема освен Теранова.
Очекувам некој да го купи и нешто подобро да бидне со него.

Нас не ни фали трговски, иако нели се планира кај Саем и во карпош да се градат нови. Нас ни треба брендови и добри продавници како Зара, h&m, Бершка, Пул& Беар ...A не сме преплавени со кинеска и турска гардароба со ненормални цени ставени од сопственици на бутици кои немаат благе везе од бизнис.
 
Рамстор беше врв , ама сеа на новово веро му нема конкуренција .
 
ГТЦ архитектонски е прекрасен, но плаче за реновирање. Има се што е потребно во него, спакувано во грозно издание.
Рамстор мислам дека е единствен трговски центар што може да му парира на ГТЦ. Најмногу ми се допаѓа маркетот, тој и оној во Веро Центар мислам дека имаат најмногу избор во Скопје.
Веро Центар е ОК и пријатно место за шетање и седење, сличен е на Рамстор, и тука некаде со него.
Во Бисер ми се допаѓаат кафулињата што се во долниот дел, бутиците се исто така ОК. Би го нарекол некоја смалена верзија на ГТЦ.

Би дал глас за ГТЦ, но сепак поради погорните наведени недостатоци ќе гласам за Рамстор.


Скопјанка е најбољи бе :)

Да, трговски центар на кој никој не може да му парира. :pos:
 
Најјак е Рамстор нема шо. Убаво е среден има практично се, е сега цените не се за секого ама јас таму не одам за тоа, повеќе е онака за шетање, ако ти треба нешто да разгледаш по продавници, киното е многу добро и за јадење секако имаш голем избор. Просторот е искористен максимално, а не како во новото Веро, огромна празнина внатре ти се чини како во хангар за авиони да си :pos:.
 
Како прво незнам зошто СП Планет сте го изоставиле од анкетава кога додека не беше направен Веро новиов беше најнов Трговски Центар во Скопјево е сега друга е работата ако не сте биле во Ѓорче и да го видите (не ви дале визи изгледа :pos:). Отворен е на 17.12.2008 и е деловно - трговски центар на Скопски Пазар. Tрговски центар свечено го отворија претседателот на Стопанска комора Бранко Азески, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митревски, Претседателот на Управен одбор на Скопски Пазар Сашо Давитковски и митрополитот полошко - кумановски Кирил. Трговскиот центар се наоѓа на површина од 8 843 квадратни метри, на четири ката.

spplanet_01.jpg
slika_01.jpg
slika_03.jpg
slika_02.jpg


На 1 кат се наоѓаат СП Маркет, Комерцијална Банка, Vip, One, T-Mobile, Aптека (не и го знам името ама е многу голема) и Цвеќара
SP%20Planet%20GP%2001%2001.jpg

SP%20Planet%20GP%2001%2003.jpg

SP%20Planet%20GP%2001%2004.jpg


Подземен Паркинг
SP%20Planet%20GP%2001%2005.jpg

slika_06.jpg
slika_13.jpg
slika_08.jpg


Нагоре има од се по нешто
- парфимерија „Unique“
slika_05.jpg
- детска продавница „Super Kids“
slika_10.jpg
slika_09.jpg
- детскиот бутик „Wenice“
slika_11.jpg
- продавница за детски обувки „Primigi“
slika_12.jpg


Има Кафулиња на најгорниот спрат со преубав поглед а подолу има продавници на Bitsiani, Teхномаркет, Бижутерии Две Шмизле, некои слични бутици, Игротека Dreamland итн.

*** Еве уште неки фотки кој не го видел подобро да го запознае
DSCN0181-800.jpg

DSCN0191-800.jpg

DSCN0194-800.jpg


*** Ооупсс изгледа Ѓорче има поубав Трговски од Аеродром, Карпош и Капиштец :smir: :helou:.

Click on people's faces in the photo to tag them.
 
Има најмногу продавници, најмногу избор за обични купувачи од 100 ден блуза до 6100 :)

Ok, можеби за женски тие германските продавници Basler motivi Mura се скапи, не ни влегувам во нив, ама за машки во Рамстор има сигурно повеќе продавнци од Гтц каде можеш да си купиш пристојна облека со пристојна цена : Фиори, ОБЈ, Калиопе, Котон. Овде може да се најдат фармерки до 1000 +-100ден.
Без да ги рачунам Еко и Елите, ГТц незнам кај да влезам за да купам нешто, по тие нонејм продацниците одамна престанав да влегувам, за високи цени но нејм производи.

И да ве известам дали некој ја посетил продавницата на DE FACTO, во склоп на NLB тутунска до Рамстор? Продавницата се наоѓа под земја, има влез на ќошот према рамстор, има огромен избор, голема продавница на две нивоа, ама ретко кој ја знае пошто нема ни реклама ни ништо, верувам кога ќе ја научат повеќе ќе ја посетуваат, еден ден таму си глеам сам со 5 продавачи, стварно жално :)))
 
Гтц за избор на облека. Рамстор заради изглед. Веро-пропадната инвестиција.
 
немаме мк трговски ко шо треба не знам зошто така... воопшто не мислам да се фалам (ако некој го свати така) значи јас еве студирам бугарија (не ни вау земја да речиш) али трговските им се....:drk: значи би сакал да има еден само ск ко шо е ОВОЈ во Софија. знам дека немаме толку купувачка моќ ко софијанците, ама пак мислам дека би успеал - немора да е олкав огромен. еве лично јас не се ни замарам да шетам по алишта оти знам дека таму ќе најдам се. има цени поприфатливи него Скопје, па нагоре. и росонерка е во право. сега тука на пример има во 90% од продавниците во трговскиов 50% попуст.некаде е 30% ама сепак повеќе е 50%. нормално пред празници попуст, внатре врие народ прекрасна атмосфера. поздрав и весели празници на сите :)
 
Гтц за избор на облека. Рамстор заради изглед. Веро-пропадната инвестиција.

Ако Веро е пропадната инвестиција, незнам каква инвестиција е Сити Галери... само Теранова и Техно Маркет шо мрдаат по малку, друго се' испозатворено.

Според мене најдобар: Рамстор па Веро.
 
се двоумев помеѓу ГТЦ и Рамстор ама ајде гласав за Рамстор оти во ГТЦ има да смрзнеш во зимно време т.е. овој период
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom