Оваа тема може да биде субјективна, ама ајде. :smir:
Овој клипот со навивачите на Коритиба е дефинитивно број еден. Го имам видено одамна, фасцинантно.
Довикување меѓу навивачите на Бешикташ, феноменално:
Најмелодичната песна, дело на навивачите на Ривер Плејт. Одслушајте ја два пати и кажете ми утре дека не сте ја пееле цел ден!
Иако е од грчиштава, навистина феноменално, моќно (прескокнете ја првата третина од клипот):
Ај и моиве да ги спомнам, едни од најубавите кореографии:
Грев е што уште многу други клипчиња останаа неспомнати и непофалени, али навистина ги има многу. Се ежам целиот кога гледам вакви видеа, фала ти Господе што се палам на добро навивање.