Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.872
- Поени од реакции
- 52.952
Уште едно дерби во осумнаесеттото коло од Премиер Лигата. Актуелниот шампион, Челзи го пречекува Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ. Овие два тима според многумина се главните фаворити за освојување на титулата.
Црвените Ѓаволи пристигнуваат во Лондон после победата од 1-0 против Арсенал. Тие се први на табелата, со освоени 34 бода и натпревар помалку. Челзи е во најлошата форма од доаѓањето на Абрамович, и има само две победи во последните осум натпревари во лигата. Тие се моментално на четвртата позиција, зад Јудајтед, Арсенал и Сити со 31 бод. Карло Анчелоти се надева дека ќе и стави крај на лошата форма на тимот, после нерешениот резултат против Тотенхем на гости, и добрата игра на Сините.
Победа за Манчестер на Стемфорд Бриџ, би го довела тимот во голема предност пред конкурентите, и би ги намалила надежите на Челзи за одбранување на титулата. Победа за Челзи би го ставила тимот во можност повторно да атакува за првата позиција на табелата.
Во дерби натпревар се може да се случи, и доволна е една мала грешка која ќе му донесе водство на едниот тим, и ќе го реши натпреварот. Дали ќе успее Челзи да му го нанесе првиот пораз на Манчестер Јунајтед во премиер лигата оваа сезона.
Интересно е да се спомне и дека последната победа на Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ е во 2002 година.
Последни 5 меѓусебни натпревари:
Челзи 1-1 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 3-0 Челзи
Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-2 Челзи
Челзи 1-3 Манчестер Јунајтед
Челзи 1-1 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 3-0 Челзи
Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-2 Челзи
Челзи 1-3 Манчестер Јунајтед
Мој тип, 1-1

и колку само да знаеш ти си тој самоуверениот...да бев јас навивач на челзи немаше толку да се надевам со оглед на нивната форма и со тоа против кого играат челзи, наместо да ќутиш и да чекаш да помине утакмицата по да збориш ти ми се јачаш ама добро.
Челзи се во резултатска криза и Манчестер мора да го искористи овој момент.. Немаат победа 7-8 години и редно е веќе една победа во синиот дел од Лондон.. Јас сум оптимист, но сепак дерби е и до 90та минута ништо нема да се знае... Само да има фер судење, без голови од офсајди, со раце, недосудување пенали, судење на непостоечки офсајди...итн, итн, итн... Судија ќе биде Мартин Аткинсон, судијата што го судеше минатогодишниот меч на СБ меѓу овие 2 екипи...