Љубовно резиме за 2010

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
И оваа е една од традиционално новогодишните теми, си има традиција, па да видиме:

Каква ви беше годинава на љубовно поле?
Како би ја оцениле?
Добра, лоша?
Влеговте во врска, можеби раскинавте?
Извлековте ли некоја поука можеби во оваа 2010?
 
Си ја продолжив врската од 2009 година.Од тогаш па се до денеска функционира совршено(пу пу да не урочам:))така да на тоа поле и оваа година сум супер :pipi:
 
Ајде да пишам сефте на темава (ако некој не ме претрка во меѓувреме).
Започна најпопрекрасно, во домот на мојата сега веќе бифша девојка. 4-5 месеци со седење по неколку денови кај мене или кај нејзе. Со редовно идење на журки и свирки. Раскинавме затоа што мислеше дека ја изневерувам. Јас мразам кога некој не ми верува, и не се обидував премногу да и докажам дека напразно се сомнева.

Одтогаш сум сингл кец-у-кец.

Поука, шо знам. Само знам дека нема да започнувам врска со девојка што пуши цигари. Мислев да избегнував ракови во хороскоп, ама се двоумам на поле хороскоп :)
 
Годинава ми започна обично, сингл, имаше девојки али ништо за сериозно..тогаш дојде месецот Април започнав врска, која беше на моменти убава, на моменти лоша..потоа во август заврши таа романса и многу научив од неа, стекнав искуство и се чувствувам многу поискусен и позрел на тоа поле..
Сега сум во врска која трае од ноември, се надевам дека ќе продолжи и понатака..
Можам да кажам дека беше доста поучна година посебно на поле љубовта и сум задоволен.
 
Јас само со еден збор ќе ја опишам годинава:КРШ
 
Годинава вака коа ќе видам па и не беше толку тапа....Јануари месец до Мај се бафтав со мојата сеуште непрежалена љубов....патем со неаа 2 годин се бафтаф али тогаш ја засакав а воедно и изгубив...летото ми помина прилично добро..мував шо ќе стасав..со цел да ја заборавам..али џабе..и така некаде крајот на Август се откажав...во септември едно девојче навали..ми се свиѓаше нема шо...пробам со неа 1 месец али некако не идеше...и решив да се откажам да кренам раце више...пошо од секоја ми се гадеше...е во почетокот на Ноември се појави таа...марија....ниско девојче со шишчиња..едноставно неможев да одолеам..одтогаш до ден денешен сум сонеа и верувам дека уште долго ќе си одиме...кул ми е со неа...така да вака гледано..па и добро поминав годинава..:toe:
 
Ми започна така што бев изгубена на крстопатот на љубовта, не знаејќи што сакам и како да продолжам... кој пат да го изберам... збунетост, двоумења, болка а од друга страна чувство на сигурност, заштита и искрена љубов. И додека бев изгубена во тунел чијшто крај не се гледаше, дојде тој подавајќи ми ја својата рака и покажувајќи ми го правецот кон светлината и излезот од таа недогледност. Ми го стави своето срце на дланка за да го излечи моето. Со целата таа љубов, внимание и подршка ми покажа дека секогаш има надеж за подобро утро и иднина и дека утре ќе биде подобро од денеска. Во текот на целата година, денеска и утре, тој е и ќе биде со мене. Знам! Го чувствувам тоа! И се надевам дека тоа нема да заврши со крајот на 2010-та, туку ќе продолжи и понатаму... понатаму...:wub: (Те сакам!)
 
Ми се чини дека бев помалку перверзен за разлика од претходната.
 
Додека бев убедена дека постои доживував разочарувања, кога се откажав од убедувањата- се појави. Зошто толку се плашам од љубовта ?
 
Одлично на љубовен план,се беше како што треба иако имаше и големи караници али поминуваше брзо..Доста излегување,дружење,зезање и многу љубов.Сакам исто и нареднава година да ми биде и ако може уште поубаво..Се на се петка..:angel1:
 
Си ја продолжив врската од 2009 година.Од тогаш па се до денеска функционира совршено(пу пу да не урочам:))така да на тоа поле и оваа година сум супер :pipi:
Истото и јас. Плус сметам дека ако не беше ТОЈ да ме поддржува, теши и насмевнува, ќе ме пратеа во Бардовци или рандом болница за душевни лекувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom