Прилепчанец почина од студ во опожарениот дом

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
абе тури и к*** на оваа држава дај џаде да фатиме негде упм
 
Заеби туѓи животи туку што споменици ќе ставме?

Проста работа

За истиот стануваз бор?

Александар бил сместен подолго време во Домот за стари лица од каде неодамна избегал и заминал да живее во неговата куќа која минатата година се запали.

Знаеш ли колку граѓани сакаат државата куќа да им изгради?
 
Почина едномесечно бебе во Гостивар, најверојатно од студот

Бебе старо само еден месец е најдено мртво во имвпровизираното живеалиште во дивата ромска населба во близина на депонијата Сушички мост во Гостивар!

Сега што правиме?!

Ромите се голем проблем, поготово ако се дел од „картон сити“


едит
глобален проблем, затоа и ЕУ ги бркаше, не сакаше си го има тој проблем.
 
Ромите се голем проблем, поготово ако се дел од „картон сити“


едит
глобален проблем, затоа и ЕУ ги бркаше, не сакаше си го има тој проблем.
Сапун да ги направиме бе така ќе го решиме проблемот:uvo:.

Место инвестиции добивме народни кујни, место социјална помош египетски обелиск сред Скопје кој што симболизира КУР, ете тоа имаме.
 
Груевски е крив. Наместо да му дај пари на бездомниците тој дава пари за споменици !!!
 
ТЕМАВА ДА СЕ ПРЕМЕСИ ВО Свет, случувања, македонска дијаспора зашо не е за во општи муабети !


он топик: гревота за човеков... зарем никој не превземал ништо во врска со неговиот изгорен дом? го оставиле сам на себе? жалосно.
 
Сапун да ги направиме бе така ќе го решиме проблемот:uvo:.

Место инвестиции добивме народни кујни, место социјална помош египетски обелиск сред Скопје кој што симболизира КУР, ете тоа имаме.


Се прајш наудрен?
Ромите ко само кај нас да живеат во вакви услови. И сам си свесен дека нив никој не може да ги контролира. Многу добро знаеш каде и како живеат и од кога и зошто.
Само сега ти се погоди за да можеш да се издуваш за Скопје 2014. Безразлика што е тема на муабет ти пак тоа ќе го спомнеш, така ти одговара.

--- надополнето ---

он топик: гревота за човеков... зарем никој не превземал ништо во врска со неговиот изгорен дом? го оставиле сам на себе? жалосно.

Бил сместен в дом, но избегал.
Да не требало да го врзат таму за кревет?
 
Се прајш наудрен?
Ромите ко само кај нас да живеат во вакви услови. И сам си свесен дека нив никој не може да ги контролира. Многу добро знаеш каде и како живеат и од кога и зошто.
Само сега ти се погоди за да можеш да се издуваш за Скопје 2014. Безразлика што е тема на муабет ти пак тоа ќе го спомнеш, така ти одговара.

Не се согласувам, мислам дека кај нас живеат во многу подобри услови отколку во цела Европа :)
 
Извини, на комшиите пари им паѓаат од небо? Знаеш што значи во денешно време да се нафатиш да издржуваш уште еден човек? Дел од народов едвај крпи крај со крај, АМА поповите можеле да се организираат!

Комшиите секако греат, без разлика дали ќе има уште еден член или не. Можат и 20 денара да одвојуваат за еден леб, ништо не е тоа за да спасиш човечки живот.
 
Комшиите секако греат, без разлика дали ќе има уште еден член или не. Можат и 20 денара да одвојуваат за еден леб, ништо не е тоа за да спасиш човечки живот.

Кога ќе издржуваш фамилија веднаш ќе смениш мислење :D
 
Кога ќе издржуваш фамилија веднаш ќе смениш мислење :D

Можеби ... но не велам јас цел живот да седи кај комшиите, еден период само зимава, па потоа нека се снаоѓа. Таман до тогаш ќе има собрано и некоја паричка од социјалната помош ..
 
Девојкава од текстот подолу има полно право, многу повеќе од две третини од оние кои дискутираат на темава, да ја плука, да ја обвинува, дури има право и да ја "истепа" државава, ама видете колку достоинствено го живее животот кој САМА си го овозможила.

Хендикепот не е пречка за живот со полни едра


Врзана е за количка, но 36-годишната Живка Мицова од испустеното село Лаки не очајува над судбината и сама ги врши сите работи
Иван Бојаџиски

ШТИП - Живка Мицова е мила, убава 36-годишна девојка со хендикеп, која живее во Лаки, село во виничка општина, кое последнава деценија стравотно се испустува. Оние што ја познаваат, а такви во Виничко се многу, ја нарекуваат девојката храброст. Иако на 16 години и' откажале двете нозе, таа не се предава пред искушенијата. Храбро го живее животот, отворено говори за проблемите на лицата со хендикеп, не очајува над судбината, вози автомобил, сама ги врши сите работи со помош на својата количка и по цел ден е зафатена со многубројни активности.

Живка стана синоним на отпорот против лошата судбина, која може да го снајде човек кога најмалку се надева. Нејзината борба за живот со полни едра се чита од нејзината ведрина, исполнетиот ден, убавата насмевка. И од настојувањето, таа, а не мајка и' Стојка, да го свари кафето за новинарот, кој ненајавено тропнал на вратата од нејзиниот скромен, но со многу вкус уреден дом во селото сместено во пазувите на планината Плачковица...

„Бев втора година текстилно во Виница кога нозете почнаа да ми откажуваат. Навлегував во тајните на текстилот, а имав желба да станам наставник по математика, која многу ми одеше и многу ја сакам. Но, судбината сакала да биде поинаку. Барав решение за мојот здравствен проблем по нашите болници, бев во бањи на рехабилитација, се лекував во Костозглобна во Охрид. Докторите ми рекоа дека се работи за воспаление на мускулите, ме уверуваа дека еден ден болеста сама ќе се повлече. Од тој наод поминаа години, а јас не сакав да седам и да чекам. Бргу ја надминав кризата и реков дека морам да живеам како и останатиот свет“, раскажува оваа девојка.

Во 2002 година италијанските војници од УНПРОФОР дознале за нејзината состојба и ја посетиле Живка носејќи и' подароци. „За 8 Март ме однесоа во еден ресторан каде што со жени од Виница го славевме празникот. Беше тоа убав настан што ќе го паметам. Тогаш се пронесоа информации дека тие ќе ме носеле во Италија на операција, што не беше точно. Вечно ќе им бидам благодарна на жените од виничкото пензионерско здружение ‘Златна доба‘, кои организираа акција и собраа пари за реновирање на куќата. И неколку фирми од Виница донираа материјал. Љубовта на тие луѓе ми обезбеди убав дом и пристап со количката до него. Немам зборови со кои би им ја искажала својата благодарност“, додава Живка Мицова. Таа укажува дека инвалидизираните лица наидуваат на многу пречки.

„Автошкола за луѓе со телесен инвалидитет има само во Скопје. Такви можности мора да се предвидат барем во пет други поголеми града. Нема сервиси што би ги приспособиле на возилата нашите можности за да управуваме со нив“, потенцира Живка. Проблем за неа, но и за малобројните што останале во селото е што на ТВ може да го следат само Првиот и Собранискиот канал на МТВ и тоа што нема Интернет.

„Сонувам за компјутер, Интернет. Сакам да комуницирам со пријателите, посебно со оние што го напуштија Лаки и заминаа во светот. Сакам да гледам многу повеќе ТВ-програми од сегашниве, зашто кога ќе се стемни, овде замира се'. Владата вети бесплатен Интернет во руралните подрачја, ама ние не сме добиле ништо“, нагласува Мицова.

Таа прима постојана парична помош по основа на инвалидитет и помош за нега на друго лице. Тврди дека тоа и' е доволно, не бара повеќе.

„Што се однесува до слободно време, го немам. Знам работно да го исполнам денот. Мајка ми преку ден оди во колибата, високо во планината, бидејќи таму има многу земјоделски работи. Во тоа време јас средувам дома, готвам, шијам и пишувам по нешто. Се плашам да не останам сама во селото каде што некогаш имавме 800 жители, а сега останаа едвај стотина. Во нашите села нема услови за живеење. Тоа е причина за бегството на младите од родното огниште. За тоа мора да се води сметка, бидејќи држава без добро село не ја бидува“, порачува Живка додека не' испраќа од терасата на својата куќа. А во селото Лаки старите куќи се уриваат сами од себе, а нови не се градат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=88ECA79060758646BB8590DBA8AAA2A8

За восхитување и пример!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom