Прилепчанец почина од студ во опожарениот дом

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Ти држи муабетот, на друга тема треба да пишуваме. Дај кажи за нова година кај ќе одиш, батрали го овој тип сигурно негова вина била. Инаку на истава тема, кога го направија високото образование 1000 марки, дали имаше протести? Еве што се случи во Англија сега.
Ама ние не смееме да се буниме, типов бил глуп што умрел, сметките што станаа 10 000 ние сме криви што се грееме, болниците не ги плаќаме ние ги плаќа брадат дедо и МПЦ. Се додека има како тебе луѓе , Пилати кои си ги мијат рацете нема иднина за оваа држава. Толку ќе кажам и веќе не пишувам на оваа тема. Ќе пишувам на десетиците отворени за славење на нова година.
 
Can I get paid, can I get paid, can I motherfuckin get paid
Nigga can work for his money all motherfuckin day and
still never see a piece of it, you understand me?
It's not about the nice guy
It's bout the hardworkin motherfuckin Thug nigga
If you ain't a Thug nigga, you ain't really doin nothin...by 2Pac
 
Лично го познавав човекот. Иако беше сиромав и со не толку атрактивен надворешен изглед, беше гениј и интелектуалец. Зборуваше шест јазици - италијански, германски, француски, англиски, руски, македонски (покрај другото), и шпански. Беше нашетан низ цела Европа. Еднаш зборувавме за неговата животна приказна, ми раскажа се. Како татко му умрел и му оставил мало богатство, со кое тој се прошетал низ Европа, се школувал, и на крај го изгубил тоа што му останало на покер во Исланд. Не знам како потоа се вратил во Југославија. Инаку беше Кавадарчанец.

Жално, многу лошо е тоа што му се случи и него и на неговото семејство, кое го изгуби единствениот син во тепачка со ножеви.
 
....луѓе секојдневно умираат затоа што не можат да си дозволат операција, терапија, од студ, од глад... итн... итн... итн... не само во земјите од третиот свет туку и во најразвиените и околу тоа никаде ништо нема да се промени се додека има луѓе чие што его се полни од дебелите сметки во банка, од купување на коли кои можеби никогаш нема да ги возат и куќи со 168 илјади спални во кои нема никогаш да спијат....
...и прво човек треба сам да сака да си помогне па потоа да им дозволи на другите да му помогнат во спротивно никој не му е крив за тоа што му се случува....
 
И воозбили се. Луѓето умираат ако седат пијани, на ладно.
Принц ме потсети со пиењево (стана врста атлетска дисциплина у Македонија-мода е више да пиеш поред пазарче, да закачаш луѓе, да крадеш од продавници и да правиш измет среде улица...сето тоа овие го прават), има еден бездомник (ваљда бездомник, знам дека е психички ептен отиден и алкохоличар) мења места-те спие на влез у кулата карши градска болница, те кај семафорите кај градска. Пајташи се тие низ паркот и кај градска...цел ден пијат од ефтина бљувотина, закачаат жени, ќе заспијат и ќе се посерат спиејќи и помочаат среде тротоар ии на улаз, на клупа...ги имаат прибирано стопати, пак се враќаат назад. Жално делува, но..голем дел од нив се алкохоличари или психички отидени па секој покушај да влезат у системот за многу од нив е однапред изгубен случај.
А стварно, кој знае форумџииве у какви услови живеат? У едно сопче, мувлосано...а? Секој денеска е за себе, џабе милосрдие на форум кога е малку поинаку во стварноста, сурова е.
Луѓево немаат социјално два месеци примено ( читај сите социјалци)
Немаат ниту од Охис примено плати...некој ќе им даде денар? Многу луѓе немаат плата примено ама тие си знаат како се снаоѓаат.
И тие податоци од Полска...не се само тие. Во една од најбогатите држави (Луксембург) железничката е полна со бездомници...не е нешто што само Македонија го има.

Бог да го прости човеков
 
А и слабо туристи годинава во Охрид, не знам што е работава. Птиците сите ја напуштија земјава, не можам да ги разберам. Минатата година се сеќавам Декември цвеќиња уште цветаа надвор, годинава и тие не оставија, ни покажаа среден прст и ги снема.

А сега доста со рандом муабети.
Нема да се осмелам да погодувам колку Полјаци всушност починуваат секоја година од студ.
Јас сакам конкретни работи.
Погоре имаш конкретна споредба од двете земји, процентуално, уште во табела да ги вметнев, колку луѓе годинава во Полска починале од студ, а колку во Македонија. Официјална бројка. Само така можеме јас и ти да дискутираме. За гордост, трула држава, цвеќиња и птици, на друга тема.

@HITCH: не, стварно, се предавам. Не можам јас со вас. Не можам да дискутирам со луѓе што не ги знаат основите на математиката, нешто што се учи во второ одделение. Како на пример, дека што поголем е бројот на население, толку повеќе има пари во буџетот, толку повеќе има вработени во институциите, толку повеќе има и починати од студ...
Не можам, стварно. Не ми се лутете.
Нека почива чичково во мир.
Статистика :)
Во македонија :)
Имам само еден одговор - потршувачка кошничка и се ќе ти стане јасно. Голема е веројатноста да не водат евиденција или да ја кријат - пиши бриши
Исто така и имаме инфлација од цели 1,6 посто за 2010
И со 200 евра можеш да нараниш 4 души.
И умрел само 1 човек од студ
Ова се официјалните бројки .
Има изрека: Мала лага, голема лага, статистика.
И тоа пази во полска температурата паѓа -20 редовно ,кај нас една таква балтичка зима ќе убие повеќе луѓе одколку во Полска :)
 
Лесно е да се обвини државата, институциите и некој трет за сопствената беда. Човек треба да има волја и да најде начин да си помогне самиот на себе, а не да ги криви другите за своите падови. Неможе на сите што немаат пари и услови за живот државата да ги гледа и да им обезбедува.
 
Лесно е да се обвини државата, институциите и некој трет за сопствената беда. Човек треба да има волја и да најде начин да си помогне самиот на себе, а не да ги криви другите за своите падови. Неможе на сите што немаат пари и услови за живот државата да ги гледа и да им обезбедува.

Социјалните случаеви социјалната помош за Октомври месец ја немаат земено, а кој месец сме сега, и какви такви мали средства сега и нив ги нема.
Да ги оставиме нека умрат....


И не верувајте во митот дека просјаците се неработници или милионери кои што денски се облекуваат во својата просјачка униформа, а навечер се прибираат во своите огромни куќи во кои што има паркирано мерцедес во двор, тоа е само мит за да не сочувствувате со луѓето и нивната несреќа па да барате одговори зошто некои работи се такви какви што се.
 
Искрено живот има само надвор од македонија,и сите млади македонци ќе избегаат настрана во македонија дефинитивно со ваква влада нема да остане македонец ... Владата само се боре кој појче да земи пари не гледа што се случува
и секако дека за владата се поважни спомениците и изгледот на градот. Бидејќи од тука се земаат најмногу пари... Дури прават катна гаража во Прилеп која не е потребна хаха,можеа да изградат 3 дома за бездомници ... :-@ :-@

Мое мислење...

Поздрав ...
 
abe ovaj i 50 000den da zemase penzija ce ja ispijase za nekolku dena
si se spasi sam to e to
 
Мое мислење...

Поздрав ...

Мислењата не ги пишувај во боја...

Мое мислење...

Поздрав...

На темава:
Се согласувам дека е сеедно дали бил пијаница или не, човекот си починал од студ. Но, таа информација му дава сосема ново светло на целиот случај. Тоа би значело дека сам одбрал да живее под ведро небо иако имал пари за да си изгради барем една соба. :smir:
 
Заеби туѓи животи туку што споменици ќе ставме?

Проста работа
 
Трагедии .. па комшиите не можеле да го вдомат, толку да бидат без жал, срамота.

Извини, на комшиите пари им паѓаат од небо? Знаеш што значи во денешно време да се нафатиш да издржуваш уште еден човек? Дел од народов едвај крпи крај со крај, АМА поповите можеле да се организираат!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom