Прилепчанец почина од студ во опожарениот дом

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска имаме опшествен систем каде поважни се скулптурите, фонтаните и мостовите, а човечки живот не вреди ниту за мал дел иод нив....

Извини, мене твојава констатација навистина ми смета. Некои работи не одат баш `ко што мислиш. Не може државата да се грижи за се`. Во оваа држава постојат безброј НВО кои се поделени во куп области. Прилеп е голем град има Црвен крст и НВО кои се грижат за човековите права. Една од задачите на Црвениот крст е да им помогне на оние на кои им треба помош, материјална, да се поправи дел од куќата и да му се обезбеди храна. Во Прилеп има црква. Кога црквата ќе види или дознае дека некој човек нема леб да јаде и дека нема кров над глава, поповите треба да се заангажираат малку околу тој човек, оти нели така ни налага верата, да му помогнеме на оној кој му е потребна помош, без да бараме нешто за возврат, оти нели Господ ќе не награди за тоа што сме сториле добро дело и сме помогнале на земскиов живот. Невладините кои работат со заштита на човековите права кога му изгорела куќата не се запрашале што биднало со тој човек? Никој не прави месечен или годишен извештај? Ајде сега пред државата ги имаме политичките партии. Сојузот и ДПМНЕ што прават во Прилеп, освен што кркаат бомбончиња и ручеци на сметка на граѓаните?
Не е државата крива за се`, некогаш и луѓето се за никаде!
 
Абе за се` е државата крива. И мене ми беше тоа поентата ама ајде. Ако му била осигурана куќата ќе му исплателе пари. Немал пари, па немал, така оди светов, сурово е ова не само кај нас, во цел свет. Која влада ти прави куќи по пожар? Исто како бабата со ногата на А1, се понудиле да и ја исечат, нејќела. Па кој е лекот за гангрената друг?
На улицава моја гром удри во домот на едни, исто така сиромашни ама си осигурале луѓето и осигурањето покри се`. Да не беа ќе си седеа со кровот избушен.

Да не даде господ нешто вакво да дочекаш и да останеш на 1000 денари социјална помош нека се и 3000 мислиш дека ќе мисли за осигурување.

Светот е суров ... убаво оправдение ( се може да се рационализира дури и педофилија само да спиеме подобро навечер нели?),човеков гарант работел и давал и придонесувал кон државава за да умре како куче. Од друга страна некои возат мерцедеси ама се некако ги забораваме .
И не плачкаат на секој можен начин со даноци за да на крај завршиме вака.
Запамти го овој случај ... утре можеби ќе бидеш и ти .
 
. Сојузот и ДПМНЕ што прават во Прилеп, освен што кркаат бомбончиња и ручеци на сметка на граѓаните?

Ова е исто со коментарот што го цитираше..... Државата е вмро...
 
Да не даде господ нешто вакво да дочекаш и да останеш на 1000 денари социјална помош нека се и 3000 мислиш дека ќе мисли за осигурување.

Светот е суров ... убаво оправдение ( се може да се рационализира дури и педофилија само да спиеме подобро навечер нели?),човеков гарант работел и давал и придонесувал кон државава за да умре како куче. Од друга страна некои возат мерцедеси ама се некако ги забораваме .
И не плачкаат на секој можен начин со даноци за да на крај завршиме вака.
Запамти го овој случај ... утре можеби ќе бидеш и ти .

Не викам дека нема да бидам јас, ама мора малку да се гледа и од двете страни бе луѓе. Еве вика Принц дека човекот не сакал да седи во дом. Што друго? Па има што ни до дом не можат да стигнат а овој ги пиел парите. Што друго? Ова исто како на темата за кучињата што сите викаат да им се направат прифатилишта бла бла бла бла бла бла.....
Оваа тема и таа за бабата со ногата ми се непотребно плукање, не дека власта не заслужува од гомно подоле правење ама ова е претерано сега.
 
Извини, мене твојава констатација навистина ми смета....
НВО пери пари ете тоа работи, е сега за свештените лица стариот поп ѕвер беше на овај што пишав претходно дека му ја каснат социјалната секоја слава му носеше два пакети еден со сувомеснати производи другиот со слатки работи, а овај другиов не ја пеј молитвата без пари и кај сиромашни не влегувал....
 
Ова е исто со коментарот што го цитираше..... Државата е вмро...

Ниту со тебе не се согласувам! Црквата каде е? За ова се криви поповите! Поп за некоја слава не поминал таму околу куќата за да пее вода? Погача никој не кревал? Во ниедна куќа таму поп не пошол? Ниту еден поп од цел град не видел дека таму човек живее во изгорена куќа? Дај немој ме зезат! Елај надвор од твојата соба да видиш поповите со какви коли се возат, се кријат од нас `ко ние да сме оној со роговите... Политика во овој случај НЕ!
 
Не викам дека нема да бидам јас, ама мора малку да се гледа и од двете страни бе луѓе. Еве вика Принц дека човекот не сакал да седи во дом. Што друго? Па има што ни до дом не можат да стигнат а овој ги пиел парите. Што друго? Ова исто како на темата за кучињата што сите викаат да им се направат прифатилишта бла бла бла бла бла бла.....
Оваа тема и таа за бабата со ногата ми се непотребно плукање, не дека власта не заслужува од гомно подоле правење ама ова е претерано сега.
Искрено јас не видов изјава на Телма дека бил смесетен во дом, можеби на друг медиум....
 
Не викам дека нема да бидам јас, ама мора малку да се гледа и од двете страни бе луѓе. Еве вика Принц дека човекот не сакал да седи во дом. Што друго? Па има што ни до дом не можат да стигнат а овој ги пиел парите. Што друго? Ова исто како на темата за кучињата што сите викаат да им се направат прифатилишта бла бла бла бла бла бла.....
Оваа тема и таа за бабата со ногата ми се непотребно плукање, не дека власта не заслужува од гомно подоле правење ама ова е претерано сега.
Веста ја изгледав- неколку пати . Има тврдења од комшии и роднини дека никој од институциите не го погледнал ниту посетил, и тоа пред еден месец изгорела куќата.
Куче и човек не рамни.
Ова било претерано?! Извини што ве вознемирив .Што треба да речеме ? Уште колку вакви случаеви треба да излезат ? Не е еден многу се .

Не навистина сум импресиониран од емпатијата . Автоматски плукање по државата која ја плаќаме преку разни давачки е лошо. Импресивно начин на резонирање мора да признаам. Мора да е крив чим умрел така .

Светов дефинитивно оди у пм .

 
НВО пери пари ете тоа работи, е сега за свештените лица стариот поп ѕвер беше на овај што пишав претходно дека му ја каснат социјалната секоја слава му носеше два пакети еден со сувомеснати производи другиот со слатки работи, а овај другиов не ја пеј молитвата без пари и кај сиромашни не влегувал....

А, епа никој не се најде ербап во цел град да рече, чекај дедо попе ти верата ја знаеш, писмото наше рисјанско си го читнал ли ти дедо попе? Што вели таму за сиромашните? Извини, кај мене за слава доаѓа поп, ако не дојде попот јас одам в црква да прашам која е причината кај мене што не дошол. Елај мене нека ми мрдне поп со мустаќ, има да му го очупам цело брадиче!
Во Македонија, во градот Прилеп има случај каде човек немал храна, живеел во својата изгорена куќа и не дошол никој жив да го праша како е, сега сите бараат виновник кој е крив, а поповиве не најдоа време да се запрашаат што прават. СРАМОТА! Инаку сега се постови за Божиќ, епа попчињава нека продолжат вака, ќе се срамат пред Свети Петар!
 
Сеа баш ја гледав снимкава и таа сестраму баш ме наку*чи....лае само...па коа и било нејзе толку жал шо не го прибрала кај неа дома...немало кој да дое леб да му носи ќе ми плаче сеа вака нака.....
 
Им е гајле на сите што умрел човекот. Овие од Телма си викаат: „Ех убаво, имавме ударна вест, дај боже вакви вести да имаме почесто, ќе си покачиме гледаност.“ Опозицијата си вика:„Браво бе Телма, ги зае.авме уште еднаш вмровци, ако, ако, има да ги пердашиме цела недела за ова“. Позицијата пак си вика:„А вие бе есдеесовци, што зборите, што направивте во ваше време за ваквите случаи?“. Ние пак овде полемизираме за случај за кој информациите се толку штури, а сигурно и за жал тенденциозни што и нам ни е гајле што умрел човекот. На крајот на краиштата му е гајле и на човекот што умрел, штом умрел. Најбитно од се што ваквите случаи одвреме- навреме ги мобилизираат сите за да можат да исфрлат по некоја плуканица, која во овој временски период може да биде и инфицирана со безброј бактерии (заради ладното) и да ми простите, работата ја дотеравме дотаму да внимаваме да не е можеби таа бактерија проесдеесовски или провмровски настроена, па погрешка да ја вдишеме... За тоа ми е гајле...
 
Веста ја изгледав- неколку пати . Има тврдења од комшии и роднини дека никој од институциите не го погледнал ниту посетил, и тоа пред еден месец изгорела куќата.
Куче и човек не рамни.
Ова било претерано?! Извини што ве вознемирив .Што треба да речеме ? Уште колку вакви случаеви треба да излезат ? Не е еден многу се .

Не навистина сум импресиониран од емпатијата . Автоматски плукање по државата која ја плаќаме преку разни давачки е лошо. Импресивно начин на резонирање мора да признаам. Мора да е крив чим умрел така .

Светов дефинитивно оди у пм .


Чекај, кој треба да дојде освен полиција и пожарна? :D Па во некои земји дури и казна би му нагрбалиле ако по негова вина е пожарот нешто. Вака да се правеа куќи на секој што ќе му изгореше куќата сите ќе си ги палеа нивните. Не рамнам куче и човек, туку си го кажав мојов став. Пожар е, кај секој може да се случи, недај Боже.
И Хич ја поддржувам за поповите. Плукаме по муслиманите терористи вакви такви а кога ќе му се случи несреќа на некој тие се собираат и помош му даваат веднаш. И друго нешто, што ако сега еве сите изнапишеме срамота за власта, срамота ова она? Треба да преземеме некои работи во наши раце ама чим сите ќутат значи убаво ни е вака. Мисири народ сме биле.
 
Катастрофа жими се,колку државава ама ич не ги боли тоа е чудо..Жално искрено..Тешко на тие што немаат покрив на глава и што едвај преживуваат..
 
Чекај, кој треба да дојде освен полиција и пожарна? :D Па во некои земји дури и казна би му нагрбалиле ако по негова вина е пожарот нешто. Вака да се правеа куќи на секој што ќе му изгореше куќата сите ќе си ги палеа нивните. Не рамнам куче и човек, туку си го кажав мојов став. Пожар е, кај секој може да се случи, недај Боже.
И Хич ја поддржувам за поповите. Плукаме по муслиманите терористи вакви такви а кога ќе му се случи несреќа на некој тие се собираат и помош му даваат веднаш. И друго нешто, што ако сега еве сите изнапишеме срамота за власта, срамота ова она? Треба да преземеме некои работи во наши раце ама чим сите ќутат значи убаво ни е вака. Мисири народ сме биле.
Не одам во црква, не ги плаќам ниту оџите, и не очекувам да добијам помош од таму каде што не давам . Ама сигурно ја финансирам оваа држава преку придонеси, данок на имот, сметката за струја и 19 посто ддв. Е кога финансирам нешто сакам да бидам сигурен дека барем нешто ќе добијам за возврат освен лош транспорт, вода со вкус на токсичен отпад и патишта кои имаат друпки. Можат да оделат дел од парите наместо за швалерки и мерцедеси да одат како луѓето како него.
Оправденија од типот : можеле оџите, комшиите итн се глупави.
Не дерат секој ден на секој можен начин а добиваме за возврат среден прст и згора на се некои се трудат да го оправдаат ова и накалемат на некои други организации кога институцијата која јас , ти и он ја финансирал и која најмногу треба да сноси одговорност нее оправдано , бидејќи не дај боже да се побуниме што се вика вербално, за физички со бесење не ни зборувам тоа е веќе научна фантастика.

Не озбилно мазохисти сте или што? Кажете да се тргнам од дискусијава .
 
Значи покрај секој наслов има поинаква приказна.. Жалосно е со вакви примери да се напаѓа власта кога човекот сам одбил да отиде во дом.. А многу ми е криво за ова..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom