Вчера копуциве ме разочараа тотално
ШО ме боли шо имале резултат, овие требаше 2 лесно да ги тепаме, а вчера ове се влечеа ко црева, само Дрогба се залагаше колку толку, другиве беа катастрофа, посебно средниов ред, два паса неможе да сврзат ко шо треба
Али ајде можеби сум нервозен зошто ми го турнаа ливчето!
По Копенхаген во 1/4 финале го очекувам Шалке
--- надополнето ---
Не знам дали имаме или немаме, ама сигурен сум дека не сакаме да му ги дадеме. И не зборував за тие пари, туку за парите кои ги зема од Реал, со оставка нема никаква отштета.
Второво болдирано, како го пресмета? Можеби со Челзи има поголеми шанси за успех отколку со Реал Мадрид?
Хоџсон вчера беше на трибини, како и Капело. Шо треба то да значи? Дури и Лампард Сениор.
Челзи и се е можно, ама појќе верувам дека Анчелоти ќе остани отколку то да Муро се врати.
--- надополнето ---
Ко сме кај Анчелоти...
The manager joked with reporters after the game.'Torres was very upset because he wanted to play so we had a big argument before the game. Is that enough for tomorrow [for your newspaper headlines]?'
:icon_bigg
Да, тука си у право, ако си да е оставка ќе изгуби пари за една сезона, али сепак мислам дека за него тоа не би било проблем. А за ова со Реал и шансите за успех, би рекол вака: Висенте Дел Боске беше последниот тренер кој со Реал М. направи значителен успех, ( и тоа пред 9 години), а сепак доби шут карта од Флорентино Перез зошто Реал не играл доволно атрактивно! И на Мурињо ова може да му се деси во секој момент и он тоа го знае и никако не био сакал да излези на задна врата, затоа многу поедноставно ќе му биде да се оправда пред јавноста ако сам си поднесе оставка него ако биде избркан ( ќе дае изјава како сакал да се врати во Англија и готово)! Да не заборавиме и дека во Шпанија за противник ќе ја има Барселона во 3 натпреварувања!
И за последново уште: Зошто Мурињо не дојде да го глеа Челзи изминативе 2,3 години отако си замина него дојде баш сеа!? НЕ ми изгледа баш дека така случајно му текнало да дојде! Ко шо реков се е можно, не мора да значи но игледи постојат, всушност јас ништо не тврдам само давам претпоставка!