Фан Клуб: Челзи

A

Auditore

Гостин
Првин да се заблагодарам за најубавиот подарок за мојот роденден, победа..:pipi:
Од почеток на натпреварот игравме солидно, ја контролиравме играта и не дозволивме да направат ниту една посериозна акција, многу напаѓавме но реализацијата ни беше катастрофална.
Во второ полувреме одигравме многу подобро и резултираше со два гола, во глобала тој ќе да е.
На индивидуално ниво од играчите сум задоволен освен од Малимуда, Босингва и Дрогба, денес беа катастрофа, Малимуда само трчаше ко коњ на хиподром, Босингва исто трчаше и ко ќе дојдеше пред гол просто не знаеше што да прави, дефанзивата му беше уште полоша, Дрогба како што пишав пред некоја недела, рест ин пис.
Многу ме изненади Рамирес со својата игра, дали јас халуцинирам или е вистина али Рамче напредува и тоа како, денес после Бане можам да кажам дека беше најдобар меѓу играчите на Челзи, го имаше секаде, доста топки пресече и не направи ниту една грешка колку што можев да забележам, само да го подобри шутот.
Бане, еее тоа е човекот сезонава кој ни донесе сигурни 6 бода, првите 3 беа исто против Блекбурн, вторите 3 исто против Блекбурн, ти благодарам Бане, одличен и во офанзива и во дефанзива.
Лампард некако дефокусиран ми беше на натпреваров, но и покрај тоа упати неколку феноменални топки, Есиен изгубен во простор, само од грешка во грешка иде, едноставно не е тој Есиен кој го знаеме.
И од Анелка сум задоволен, прв пат во сезонава, одигра солидно, многу подобро од Малимуда и Дрогба заедно.
Сега му дојде редот на Анчелоти, дебелиов стварно не знае што прави сезонава, кога на овој меч не даде шанса на Стариџ и МекЕхран, веќе не очекувам тие да бидат стартери во ПЛ до крај на сезоната.
Греота е што ќе упропасти бисер ко МекЕхран со играње на таа позиција, но се надевам дека по крајот на сезоната ќе лети пошто очигледно не си ги знае позициите на своите играчи и можности.
Како и да е, задоволен сум од играта посебно од 3те бода, нека продолжат вака, не се потребни петарди, потребни се 3 бода.
И ако некој ги најде сликите од трибините денес со оние знамиња на навивачите нека ги постира, ве молам.
KTBFFH!
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.989
Поени од реакции
41.443
Што чинеше во играта,извини?
Тоа што упорно ко пијан за плод игравме преку Босингва и Анелка,а тие беа изузетно мизерни денеска.Тоа што кога се доближувавме до пред шеснаесет немавме идеја што да направиме?Тоа што нападот ни беше како нападот на Луцер од Швајцарија?
Тебе ако 30-те безвезни шутеви ти беа репер за добра игра,мене не.Да беше Сандерленд на местото од Блекбурн да речеме денеска,ќе не раскантаа ко дете играчка.
Па тие еднаш и ве раскантаа.
 
В

Вори

Гостин
Да не летаме толку.Вистинскиот тест ќе биде нареден понеделник здравје,против Болтон на гости.Тогаш ќе се дознае дали навистина сме ептен тиња сезонава,или сепак има светло на крајот од тунелот.
 
В

Вори

Гостин
http://www.premierleague.com/page/Headlines/0,,12306~2266117,00.html

Со Рамче наш...:pipi:


Иначе англискиве медиуми пишуваат дека Пиенар е поблиску до Челзи.Искрено ваков трансфер нејќам и тоа од една причина.После Пиенар,на лето нема да земеме повторно ниеден играч,и ќе ни залажат очи као има доволно фудбалери и остали срања.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Искрено ,јас сакам да дојде пиенар, каков таков барем ке ја засилиме конкуренцијата во тимот кол,ку толку!!!
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
В

Вори

Гостин
И хрватов сеа во комбинација.Ја се чудам како земаме играчи кои во Евертон и Тотенхем седат на клупа,а кај нас најверојатно ќе играат прв тим?Ние сме подолу од овие две екипи или што е работава што собираме ѓубриња постојано?
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Толку сме способни,толку можиме...тоа е.
 

ArsVivendi

самовработена невработена
Член од
15 април 2007
Мислења
603
Поени од реакции
31
The Italian initially wanted Everton ace Steven Pienaar but, after agreeing a 3m pounds fee, the player’s
wage demands of 75,000 pounds a week ended the proposed deal.

So now Ancelotti has turned his attention to Croatian star Kranjcar.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
И хрватов сеа во комбинација.Ја се чудам како земаме играчи кои во Евертон и Тотенхем седат на клупа,а кај нас најверојатно ќе играат прв тим?Ние сме подолу од овие две екипи или што е работава што собираме ѓубриња постојано?
Не верувам дека би бил во први 11 Крањчар ако ви дојде.Не верувам ни дека би го земале како некои појачање,него како пополнување на кадар.А за 6 милиони фунти подобар играч од Крањчар тешко ќе најдеш.А и башка каде ќе игра во Тотенхем,на негово место се Модриќ,Бејл и ВдВ кај ќе му најдеш место покрај овие играчи во оваа форма во која што се сега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom