Ексклузивна репортажа на Кајгана од EXIT 2011!

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, да ве прашам нешто. Јас не сум стар посетител на егзит, значи сум нов. Си купив карта од 3050 и камп од 1500, ама превоз никаде нема вклучено. Можно било, за два-три месеца да донесат пакети со плус вклучен превоз, како што е секоја година. Е сега, јас купив карта+камп без вклучен превоз и која е логиката за 2-3 месеца да донесат пакети со вклучен бесплатен превоз? Дали некој нов посетител има купено карта и го има истиот проблем ? Дали накнадно ќе има организиран превоз до егзит, или некој да знае некој што ќе вози луѓе до егзит?

Фала и поздрав.
 
Најдобро е во југотон да си прашаш, овде претежно пловат рекла-казала муабети, па на крај да не се испозаебеш квалитетно...;) позз
 
Прашав, ми рекоа натаму можеби ќе има пакети со вклучен превоз. Тапа е ако за 2 месеца излезат пакети со бесплатен превоз за 4650 денара, а јас сега купив пакет без превоз за 4650.. -.-
 
Прашав, ми рекоа натаму можеби ќе има пакети со вклучен превоз. Тапа е ако за 2 месеца излезат пакети со бесплатен превоз за 4650 денара, а јас сега купив пакет без превоз за 4650.. -.-

Јас минатата година кога ја купив за 3550 денари мислам дека беше пакет Влезница + Камп + Превоз. Прашав што ако несакам превоз, дека сакам да си идам со воз. Он ми вика тоа ти е гратис, сакаш нејќеш зимаш.
Иначе препорачувам на сите што ке идат на ехит да идат со воз, зашто 3 години идам со воз и си поминував супер по патот и назад, последната година викам ај да видам како е со свои луѓе македонци да се возам и испадна дека се заебав гано. Досадно и некомотно.
 
Nick Cave, Grinderman, Joris Voorn и Joachim Garraud се новите имиња кои ќе настапат на Егзит.
 
До сеа секогаш сум бил сместен во кампот, оваа година разгледувам опции за приватен смештај. Ме интересира дали некој има искуство со приватен смештај во Нови Сад за време на Егзит, како се движат цените од прилика? Дали има некој линк каде што може да се видат понуди?
 
http://www.facebook.com/album.php?aid=63544&id=100000113003011&fbid=200493086631123
 
Nick Cave, Grinderman, Joris Voorn и Joachim Garraud се новите имиња кои ќе настапат на Егзит.

Јессссссссссссссссссссссссссссссссссс дефинитивно одам годинава, колку за информација Ник Кејв е фронтмен на Гриндермен па така што не го броиме за двајца
 
До сеа секогаш сум бил сместен во кампот, оваа година разгледувам опции за приватен смештај. Ме интересира дали некој има искуство со приватен смештај во Нови Сад за време на Егзит, како се движат цените од прилика? Дали има некој линк каде што може да се видат понуди?

Имам луѓе што располагаат со квалитетен смештај, дилер и се по список...од искуство ти говорам нема да зажалиш, ако си заинтересиран пиши пм ќе се договориме ;)
 
Имам луѓе што располагаат со квалитетен смештај, дилер и се по список...од искуство ти говорам нема да зажалиш, ако си заинтересиран пиши пм ќе се договориме ;)

Не можам да ти пишам приватна порака, ми вика дека си ја пополнил квотата за приватни порака, треба да ослободиш место:)
 
Пионерите на електронската музика Андерворлд го потврдија своето учество на фестивалот, кој ќе се одржи од 7-ми до 10-ти јули на Петровардинската Тврдина во Нови Сад.

under455.jpg

Ова ќе биде второ учество на бендот на Егзит, кој во 2005-та година ја воодушеви публиката со својот енергичен настап и одличната атмосфера. Воодушевениот Карл Хајд тогаш изјави: "Учеството на овој фестивал, на кој не дочекаа со огромна енергија и ентузијазам беше одлично емоционално искуство. Публиката не подигна и не инспирираше. Тврдината е фантастична локација за фестивал".

Бендот е оформен во 1980. година, кога Карл Хајд и Рик Смит снимија два не толку успешни албуми, за подоцна малку да го променат стилот и да форсираат гитарски електро-поп звук. Во почетокот на деведесетите повторно го менуваат стилот - овој пат техно, а од 1991. година им се придружува и диџејот Дарен Емерсон.

Триото доживеа големи успеси со албумот Second Toughest In The Infants од 1996. година, а својот статус го потврдија и со Beacoup Fish од 1999. година. Дарен Емерсон ја напушта групата во 2000. година, а Смит и Хајд продолжуваат како дуо, снимајќи уште три албуми оттогаш, последниот во 2010. година - Barking.

Освен Андерворлд, своето присуство на Егзит 2011. го потврди и американскиот инди бенд Беирут, кој ќе настапи на Фјужн стејџот.

Извор
 
Здраво, да ве прашам нешто. Јас не сум стар посетител на егзит, значи сум нов. Си купив карта од 3050 и камп од 1500, ама превоз никаде нема вклучено. Можно било, за два-три месеца да донесат пакети со плус вклучен превоз, како што е секоја година. Е сега, јас купив карта+камп без вклучен превоз и која е логиката за 2-3 месеца да донесат пакети со вклучен бесплатен превоз? Дали некој нов посетител има купено карта и го има истиот проблем ? Дали накнадно ќе има организиран превоз до егзит, или некој да знае некој што ќе вози луѓе до егзит?

Фала и поздрав.
Мене ми стигна меил на 22.12.2010 и ми вика:
блаблабла....
На нашата верна публика и нудиме посебна понуда за
Exit 2011., понуда која стартува на 22.12.2010 и трае до 22.02.2011 година:
4-дневна ВЛЕЗНИЦА ЗА EXIT + МЕСТО ВО КАМПОТ + ПРЕВОЗ ДО НОВИ САД И НАЗАД ЗА САМО 3050 ДЕНАРИ!!!
За да ја купиш својата влезница потребно е да дојдеш на Официјалното EXIT продажно место од 22.12.2010 до 22.02.2011.
и натамо блаблабла....

Незнам зашто плаќаш све посебно и плус ти фали афтобуска карта :/
 
Старите посетители го добиваат тој пакет, тие што се нови за тие пари имаат карта само, кампот си го платил посебно. А за превоз вајда им е као рано да организираат уште сега посебен превоз, па затоа немаат инфо за тоа. Не знам, вајда е така.
 
Да не знае некој колку е моментално само карта без камп и превоз ? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom