Претставен македонски суперкомпјутер направен од студенти

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Охридскиот универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ го претстави првиот македонски суперкомпјутер кој има 260 процесорски единици и користи Linux Cent OS.

„Суперкомпјутерот е склопен од студентите за студентите, од евтини компоненти и нема да бара многу за одржување.“, вели асистентот по информатички науки на универзитетот, Драги Кимовски.

Компјутерот е составен од два дела, core делот има 250 процесори и 300 GB RAM меморија, и сервер од 30 терабајти големина + дополнителен дел кој наместо хард диск ќе снима директно во меморијата и ќе овозможи студентските лаптопи да се поврзуваат во cluster.

Вкупно се потрошени 15.000 евра за изработување на суперкопјутерот, но интересно сите делови се купени од продавница. Ниедна матична плоча не вреди повеќе од 5.000 денари, вели асистентот Кимовски. Затоа е и лесен за одржување, вели тој.

makedonskisuperkompjuter1.jpg

Компјутерот ќе биде достапен за користење преку интеренет за сите заинтересирани корисници, а предност ќе имаат образовните и научни институции. Ќе се добива пристап преку логирање, но ќе има ограничувања.

„Ќе има ограничување, ќе се користи за паралелно програмирање, за да се избегна злоупотреба на моќта на машината.“, вели Кимовски додавајќи: „Целта ни е да им служи во наредните 5-10 години за креирање на професионални кадри.“

Суперкомпјутерот се уште нема има, а официјалното претставување на суперкомпјутерот ќе биде на 20-ти декември.

Извор it.com.mk
 
Искрено незнам дали да се смеам или да плачам.
 
Топла вода кога ке измислиме ,до кога ке чекаме ????
 
Овде не ми е јасно што измислиле нашите јунаци.
Тие само склопиле компјутер од готови делови купени од продавница.
Некој ја измислил циглата а нашето македонче го измислило ЅИДОТ , јаки м*да .
 
Македонски компјутер, би требало да работи на воздух, да мириса на кромид, да е беспари...
И шо сеа коа направиле суперкомпјутер, ке се вежбаат на него :)
Сепак, порано или покасно, мораше да се појави и ова во македонија...
За се има прв пат :smir:
 
ТОМЕТО;
А што не си направи ти сам дома такво чудо кога е “Толку едноставно“ како што викаш? Пак се измислило нешто се направило, и можи некој ја измислил циглата, ама побитно е каков ќе биде ѕидот и како ќе ја намениш ти можиш циглата од гла да си ја мавниш ако не знаеш што да и правиш, а некој знај и ѕид и куќа да ти напрај од незе за да ти биди во зима топло на гзот да не спиеш надвор.
Смешен е македонскиот менталитет “Аеее шо напрае овај и јас ќе напраев такво....ама немам време“.
 
Па овие не кажаа дека измислиле нешто туку дека склопиле и претставиле супер компјутер. Ако на некој не му е јасно што е cluster тоа е мрежа од повеќе компјутери како овај горе каде што се делат процесите на повеќе компјутери така што тие работат многу побрзо и помоќно.
 
Имам јас направено вакво, ама виртуелно во Vmware за вежбање. Што не ме стават на некоја телевизија како главна вест сеа?
 
Охридскиот универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ го претстави првиот македонски суперкомпјутер кој има 260 процесорски единици и користи Linux Cent OS.

„Суперкомпјутерот е склопен од студентите за студентите, од евтини компоненти и нема да бара многу за одржување.“, вели асистентот по информатички науки на универзитетот, Драги Кимовски.

Компјутерот е составен од два дела, core делот има 250 процесори и 300 GB RAM меморија, и сервер од 30 терабајти големина + дополнителен дел кој наместо хард диск ќе снима директно во меморијата и ќе овозможи студентските лаптопи да се поврзуваат во cluster.

Вкупно се потрошени 15.000 евра за изработување на суперкопјутерот, но интересно сите делови се купени од продавница. Ниедна матична плоча не вреди повеќе од 5.000 денари, вели асистентот Кимовски. Затоа е и лесен за одржување, вели тој.

makedonskisuperkompjuter1.jpg

Компјутерот ќе биде достапен за користење преку интеренет за сите заинтересирани корисници, а предност ќе имаат образовните и научни институции. Ќе се добива пристап преку логирање, но ќе има ограничувања.

„Ќе има ограничување, ќе се користи за паралелно програмирање, за да се избегна злоупотреба на моќта на машината.“, вели Кимовски додавајќи: „Целта ни е да им служи во наредните 5-10 години за креирање на професионални кадри.“

Суперкомпјутерот се уште нема има, а официјалното претставување на суперкомпјутерот ќе биде на 20-ти декември.

Извор it.com.mk

само напред

:bravo:
 
Направиле копија на тоа што го има во секој Универзитет во Германија уште пред 20 години :)
 
Некој НЕКОГАШ мораше да го направи и кај нас. Слетаа на месечина пред 50 години, ама некој сеуште не слетал па сака.

За шо може да служи ова?

Па во Македонијава и за ништо особено.
 
За шо може да служи ова?

Па во Македонијава и за ништо особено.

За поголема брзина при обработка на податоци.

Замисли при рендер ако ти требале 3-4 дена на некој поголем проект со домашна машина (старо писи некое од 2004-та), со користење на ваква "машина" би се намалило времето на 15 минути**. :)
Штета што ретко кој може да дојде и да ја искористи, затоа ќе си остане неискористена.

**15 минути. (pretpostavka)
 
--- надополнето ---

Домашен проект, потешко. Некој ако рендерира видеа или 3д модели во Maya или Mental Ray на 3D Max да, ќе има примена... Дај ја наваму да ја пробаме... кога можи 8 GB РАМ да прај Overflow, ова ќе дојди ко кец на десетка :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom