Познатата водителка Миа Костова ги скрши сите стереотипи дека Македонија е затворена земја и направи одличeн пикторијал за македонското издание на Playboy. Заедно со Маја Ангеловска направија одлична, провокативна фотосесија. Миа и Маја се девојките кои полека ги разбиваат сите табу-теми во земјава, а тоа уште еднаш го докажаа со сесијата која се најде на страниците на македонското издание на Playboy. Фотографиите ги направи познатиот фотограф Дејан Пановски
Mакедонското издание на Playboy на насловната страница на декемвриското издание ги има првите разголени Македонки. По повеќе години барање одговор на прашањето „Која е првата Македонка што ќе се фотогафира за Playboy?“ и по првите два броја на најпознатиот магазин за животен стил на македонски јазик, веќе во третиот број се прекршуваат сите стереотипи.
Познатата водителка Миа Костова ги скрши сите стереотипи дека Македонија е затворена земја и направи одличeн пикторијал за македонското издание на Playboy. Заедно со Маја Ангеловска направија одлична, провокативна фотосесија. Миа и Маја се девојките кои полека ги разбиваат сите табу-теми во земјава, а тоа уште еднаш го докажаа со сесијата која се најде на страниците на македонското издание на Playboy. Фотографиите ги направи познатиот фотограф Дејан Пановски.
Освен разголените фотографии во декемврискиот број на Playboy е објавено и ексклузивно мега интервју со поранешниот премиер Владо Бучковски. Тој во интервјуто изјавува дека СДСМ е подготвена за предвремени избори и тие избори мора да се оддржат:
„Бранко Црвенковски спомена дека ние сме легалисти и ќе се обидеме да дојдеме до избори на демократски начин. Вториот начин да се дојде до предвремени избори е преку улична демократија,“ вели Бучковски во интервјуто за Playboy, додавајќи дека Црвенковски не се исклучува како иден премиер на Македонија. Понатаму тој го коментира владеењето на премиерот Никола Груевски, нарекувајќи го тоталитаристичко и авторитарно. Според него на Груевски не му одговара влез во ЕУ и НАТО, бидејќи тоа би можело да го спречи да владее онака како што знае – тоталитарно.
Покрај ова, преку страниците на декемврискиот Playboy ќе дознаете кои се најскапите автомобили во 2010 година, најдобрите македонски коктели, ќе се потсетите на големите музички имиња кои ја посетија земјава годинава, ќе видите кои се новите производи на пазарот. Дејан Лилиќ, новиот директор на МНТ, зборува за своите планови како да го крене театарот на цврсти нозе, за Хамлет, за приватниот живот и за свoите неостварени желби.