Апдејт на ситуацијата: во петок во Сиднеј, Австралијците организираат протест за ВикиЛикс, поради тоа што австралиската влада не сака да му овозможи правна заштита на Асанж како и на секој друг австралиски граѓанин, и наместо тоа активно е вклучена во хајката против него.
Во Франција пак, провајдерот OVH се бори со судовите, не сакајќи да го исклучи ВикиЛикс од своите сервери. OVH не е ни за сајтот ни против него, како што изјавуваат. Но против сајтот засега не се води никаква судска постапка и судот е тој што треба да одлучи дали некој сајт треба да биде затворен или не. ВикиЛикс платиле 150 долари со кредитна картичка, а OVH има намера да си го испочитува договорот. Францускиот министер за индустрија Бесон предходно наложи да се прочешлаат сите судски можности за исфрлување на сајтот од Франција, а на интернет провајдерите да им се стави до знаење дека ќе сносат последици ако го хостираат сајтот.
Во Франција барем работата оди преку суд. Вака оди во некои други места на планетава:
“We should treat Mr Assange the same way as other high-value terrorist targets: Kill him,” writes conservative columnist Jeffrey T Kuhner in the Washington Times.
William Kristol, former chief of staff to vice president Dan Quayle, asks, “Why can’t we use our various assets to harass, snatch or neutralize Julian Assange and his collaborators, wherever they are?”
“Why isn’t Julian Assange dead?” writes the prominent US pundit Jonah Goldberg.
“The CIA should have already killed Julian Assange,” says John Hawkins on the Right Wing News site.
Sarah Palin, a likely presidential candidate, compares Assange to an Al Qaeda leader; Rick Santorum, former Pennsylvania senator and potential presidential contender, accuses Assange of “terrorism”.
And so on and so forth.