Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Од пет до седум отсто ќе се зголемат цените на храната, пијалаците, но и на многу други производи од наредната година, кога е предвидено да стапи во сила новиот закон за собирање, селектирање и за рециклирање отпад. Ова го тврдат производителите на храна, но и стручната јавност, која ги следи промените во законодавството. Според новата регулатива, идната година секоја фирма што произведува и пакува храна ќе мора да и плаќа дополнителна давачка на државата за собирање и за рециклирање на отпадот од нејзините производи или, пак, самата да си направи систем за собирање на отпадот.
Новата обврска се однесува на секоја фирма од текстилната и од млечната индустрија, винарници, пиварници, за производството за храна, тутунската индустрија, трговците, но и увозниците, кои треба да ангажираат фирма што ќе го собира отпадот од пакувањата на нивните производи или тоа треба да го сторат самите. Законското решение нуди и можност фирмите да и платат на државата, која потоа ќе се погрижи за нивниот отпад. Таквата услуга ќе ги чини од 4.000 денари за тон отпад што е од дрво до 20.000 денари за тон пластика.
Законот е во насока за зачувување на животната средина, но неговото спроведување ќе ги зголеми трошоците на фирмите, што, пак, ќе придонесе за покачување на крајната цена на производите. Според бизнисмените, Владата избрала лош период да го спроведе законот, со оглед на тоа што сé уште се чувствуваат последиците од економската криза.
- Со воведувањето на овие давачки, сигурно дека ќе се зголеми крајната цена на производите, но ние мора да се приспособиме кон европските регулативи за заштита на човековата околина. Цената на материјалите за пакување би се зголемила за околу 10 проценти, но крајното пакување и крајниот производ би се зголемиле со минимален процент - ни изјави Љупчо Тодоровски од фирмата „Супериор“, производител на амбалажа и на етикети.
Зголемувањето на цените го најавуваат и од оние компании што дирекно работат на производство на производи за исхрана. Поголемиот дел од нив не е подготвен за промените што ги носи овој закон и велат дека во година на економска криза само дополнително ќе се влоши состојбата на домашните фирми.
- Ќе има и промена во цената до крајниот потрошувач. Компаниите, особено производителите на храна и дистрибутерите со храна, работат со многу мали маржи, и тие веќе немаат простор да издржат и дополнителни трошоци на сопствена сметка. Колку процентуално би се зголемила цената сé уште не знаеме - вели Фросина Мешкова, извршна директорка на „Свислион“.
Државата ќе заштеди 31 милион евра за пет години
Доколку фирмите сами се грижат за својот отпад, јавните и државните комунални претпријатија ќе заштедат многу.
- Во Министерството за животна средина пресметавме дека за пет години државата ќе заштеди 31 милион евра доколку фирмите сами си го собираат и рециклираат отпадот. Сега тие трошоци ги плаќаат јавните претпријатија. Со ова ќе се овозможи искористување на суровините, рециклирање, ќе се отворат нови работни места, а ќе живееме во поеколошка средина - ни изјави Јадранка Иванова од секторот за Европската Унија, во Министерството за животна средина.
Таа објаснува дека до 31 јули идната година сите фирми што прават ваков отпад треба да имаат одлучено дали сами ќе се грижат за отпадот, или ќе формираат посебна фирма за тоа сами или со други слични производители. Од Министерството ја исклучуваат можноста за какво било одолжување на важењето на законот иако на тоа инсистирале некои од фирмите.
Тарифите :
Колку ќе треба да плаќаат фирмите?
- за пластика 20.000 денари
- за лименки 8.500 денари
- за хартија и за картон 6.200 денари
- за метални садови 6.200 денари
- за стакло 4.500 денари
- за пакување на дрвени производи 4.000 денари
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112710949347&id=9&prilog=0&setIzdanie=22144

Изговорите ги знаете : европска унија , екологија. европски закони ...
Вшусност е собирање арач на сметка на граѓаните . Повеќето фирми и компании кои произведуваат храна заработуваат многу малку бидејќи конкуренцијата е тешка и сериозна ( а се познава и по квалитетот на храната )
Па што мислите народе ?