Новиот еколошки закон ќе ја поскапи храната- само еден од низата наци закони

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Од пет до седум отсто ќе се зголемат цените на храната, пијалаците, но и на многу други производи од наредната година, кога е предвидено да стапи во сила новиот закон за собирање, селектирање и за рециклирање отпад. Ова го тврдат производителите на храна, но и стручната јавност, која ги следи промените во законодавството. Според новата регулатива, идната година секоја фирма што произведува и пакува храна ќе мора да и плаќа дополнителна давачка на државата за собирање и за рециклирање на отпадот од нејзините производи или, пак, самата да си направи систем за собирање на отпадот.

Новата обврска се однесува на секоја фирма од текстилната и од млечната индустрија, винарници, пиварници, за производството за храна, тутунската индустрија, трговците, но и увозниците, кои треба да ангажираат фирма што ќе го собира отпадот од пакувањата на нивните производи или тоа треба да го сторат самите. Законското решение нуди и можност фирмите да и платат на државата, која потоа ќе се погрижи за нивниот отпад. Таквата услуга ќе ги чини од 4.000 денари за тон отпад што е од дрво до 20.000 денари за тон пластика.

Законот е во насока за зачувување на животната средина, но неговото спроведување ќе ги зголеми трошоците на фирмите, што, пак, ќе придонесе за покачување на крајната цена на производите. Според бизнисмените, Владата избрала лош период да го спроведе законот, со оглед на тоа што сé уште се чувствуваат последиците од економската криза.

- Со воведувањето на овие давачки, сигурно дека ќе се зголеми крајната цена на производите, но ние мора да се приспособиме кон европските регулативи за заштита на човековата околина. Цената на материјалите за пакување би се зголемила за околу 10 проценти, но крајното пакување и крајниот производ би се зголемиле со минимален процент - ни изјави Љупчо Тодоровски од фирмата „Супериор“, производител на амбалажа и на етикети.

Зголемувањето на цените го најавуваат и од оние компании што дирекно работат на производство на производи за исхрана. Поголемиот дел од нив не е подготвен за промените што ги носи овој закон и велат дека во година на економска криза само дополнително ќе се влоши состојбата на домашните фирми.

- Ќе има и промена во цената до крајниот потрошувач. Компаниите, особено производителите на храна и дистрибутерите со храна, работат со многу мали маржи, и тие веќе немаат простор да издржат и дополнителни трошоци на сопствена сметка. Колку процентуално би се зголемила цената сé уште не знаеме - вели Фросина Мешкова, извршна директорка на „Свислион“.

Државата ќе заштеди 31 милион евра за пет години

Доколку фирмите сами се грижат за својот отпад, јавните и државните комунални претпријатија ќе заштедат многу.

- Во Министерството за животна средина пресметавме дека за пет години државата ќе заштеди 31 милион евра доколку фирмите сами си го собираат и рециклираат отпадот. Сега тие трошоци ги плаќаат јавните претпријатија. Со ова ќе се овозможи искористување на суровините, рециклирање, ќе се отворат нови работни места, а ќе живееме во поеколошка средина - ни изјави Јадранка Иванова од секторот за Европската Унија, во Министерството за животна средина.

Таа објаснува дека до 31 јули идната година сите фирми што прават ваков отпад треба да имаат одлучено дали сами ќе се грижат за отпадот, или ќе формираат посебна фирма за тоа сами или со други слични производители. Од Министерството ја исклучуваат можноста за какво било одолжување на важењето на законот иако на тоа инсистирале некои од фирмите.

Тарифите :
Колку ќе треба да плаќаат фирмите?

- за пластика 20.000 денари
- за лименки 8.500 денари
- за хартија и за картон 6.200 денари
- за метални садови 6.200 денари
- за стакло 4.500 денари
- за пакување на дрвени производи 4.000 денари

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112710949347&id=9&prilog=0&setIzdanie=22144
:vozbud:
Изговорите ги знаете : европска унија , екологија. европски закони ...
Вшусност е собирање арач на сметка на граѓаните . Повеќето фирми и компании кои произведуваат храна заработуваат многу малку бидејќи конкуренцијата е тешка и сериозна ( а се познава и по квалитетот на храната )

Па што мислите народе ?
 
Кој бре да ти ебам и Европска унија да ти ебам и европски закон, за луѓе не не сметаат кој како им прдне на курот или на вагината (тука малку почит спрема дамите) не крстат не прекрстуваат и оние 120 будали гласаат закони по фашистичка диктатура.......

Ќе се зголеми редицата кај народните кујни така ми изгледа......
 
Законите од ЕУ селективно ги бираат по принцип - наметнување нови давачки и нивно оправдување со ЕУ.
На пример закони за минимална плата или надомест на прекувремена работа не постојат,иако ги има во ЕУ (секоја земја посебно секако) но затоа закон со кој ќе се оправда арач ќе го ископаат од некоја бриселска архива.

И едните и другите се исти,бриселските и овдешните паразити,разликата е во називот,како што болест е болест,но има различни симптоми и име.

Нови вработувања во администрацијата
Сашка Цветковска Коментари (17)

08.11.2010 15:55

Ги вработиле зошто така требало - вака накусо премиерот ги образложи 50-те нови вработени во Секретаријатот за европски прашања. Владата одлучила дека фалат дури 50 луѓе.

Ако не критикуваат за гломазна администрација зошто ни се потребни 50 нови вработувања во СЕП?

„Затоа што има потреба од нив“, вели Никола Груевски, премиер на Република Македонија.

Премиерот не гледа проблем во новите вработувања и покрај критиките на Европската Комисија за преобемната и неефикасна јавна администрација.

Тврди дека од другата година работите ќе бидат уште подобри оти, обврските околу реформите во администрацијата ќе му ги препуштел на министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

„Реформите и модернизацијата на јавната администрација ќе се фокусираат во едно министерство во кое што целосно ќе се фокусира на јавната администрација. Тоа ќе биде досегашното Министерство за информатичко општество, за кое што веќе дадовме предлог до Парламентот да биде Министерство за информатички општество и администрација“, рече Груевски.

Освен штуриот одговор на премиерот дека овие луѓе биле потребни, до конкретни информации за новите вработувања не може да се дојде. Кои се тие луѓе, што ќе работат, за што точно им требале дури 50 нови кадри - вицепремиерот за евроинтеграции, се уште се нема одважено да одговори.

Дека проблемите околу обемноста и стручноста на администрацијата ќе бидат жешки точки и во годинешниот извештај, најави и претседателот на Советот на Европа, Херман ван Ромпуј.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129921

Пак на државна цицка...

Као овие од Брисел ги критикуваат и као овие овдешниве им се спротиставуваат...абе си ебало мајката...
Ете сега нов ресор за модернизација и организација на администрацијата,значи нова администрација за да ја организирала постоечката администрација да била поефикасна за што ќе требало нова администрација која ќе ја регулирала работата на администрацијата која...
Класика.
 
Законот е во насока за зачувување на животната средина, но неговото спроведување ќе ги зголеми трошоците на фирмите, што, пак, ќе придонесе за покачување на крајната цена на производите. Според бизнисмените, Владата избрала лош период да го спроведе законот, со оглед на тоа што сé уште се чувствуваат последиците од економската криза.

Промениве немаат врска со Екологија туку со пренасочување на ингиренции од државата на приватни фирми што е добро бидејќи они ќе ја средат работата подобро од државата. Значи сами по себе се промените се во добра насока- денационализација значи ова.
Но дали треба ова да биде задолжително или само добра воља на фирмите тоа е друг муабет.
Од неолиберален аспект е во добар правец промевна но, не и целата регулатива.
Инаку бизнисмените од комората благе везе немаат што зборат поголеми глупости од тип што се бави со економија тешко дека ќе може некој да го каже тоа. Промите се фер бидејќи се менува комунистичкиот принцип на солидарност во капиталистички колку клатиш-толку платиш.
 
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129921

Пак на државна цицка...

Као овие од Брисел ги критикуваат и као овие овдешниве им се спротиставуваат...абе си ебало мајката...
Ете сега нов ресор за модернизација и организација на администрацијата,значи нова администрација за да ја организирала постоечката администрација да била поефикасна за што ќе требало нова администрација која ќе ја регулирала работата на администрацијата која...
Класика.
Доѓоше пилиќи појеб. квоќке :) Затоа на "старата" администрација и намалуваат бодови и плати, ги лепат со казни (ма и други мерки за "штедња" на буџет), а новата си ужива како бубреже у лој
 
Пазарните цени нема да се зголемат.
Бидејќи потрошувачите нема да ги купуваат производите што ќе се продаваат поскапо бидејќи на пазарот имаат замена за нив од увезените производи кои ќе си ја задржат цената.
 
И така Македонските производи си ја ебаа мамата... и сите среќно си живееа освен нас..:(
 
Проблемот е што дел од обврските на државата кој мислам дека се исправни (одржување на животната средина) се префрлуваат на компаниите нешто што е добро. Но, за возврат т.е. за тие 30 милиони заштеда на државата треба да се намалат даноците од кој се добива тие пари. Само така е фер.
 
Промениве немаат врска со Екологија туку со пренасочување на ингиренции од државата на приватни фирми што е добро бидејќи они ќе ја средат работата подобро од државата. Значи сами по себе се промените се во добра насока- денационализација значи ова.
Но дали треба ова да биде задолжително или само добра воља на фирмите тоа е друг муабет.
Од неолиберален аспект е во добар правец промевна но, не и целата регулатива.
Инаку бизнисмените од комората благе везе немаат што зборат поголеми глупости од тип што се бави со економија тешко дека ќе може некој да го каже тоа. Промите се фер бидејќи се менува комунистичкиот принцип на солидарност во капиталистички колку клатиш-толку платиш.

Малце е глупо тоа да го правиш во држава која ја рекламираш поволно за странски инвестиции . И зарем не мислиш дека е лудо да ги креваш трошоците за производство на храна посебно кога народот одвојува две третини од платата за тоа?

Мислам јас сваќам златна капиталистичка холандија ама ти не сваќаш дека овде е македонија. И дека не ни треба уште еден ваков закон на сред поскапувања на храна и енергенси.

Втора работа ова е македонија повеќето фирми се мали имаат доволно проблеми ова само ќе ги дозакопа и нив и нас .
 
Идејата е одлична зошто се урива државен монопол и создава нов пазар на услуги но, проблемот е што државата заштедува 30 милиони евра кој е најфер да ги врати од таму од кај што ги земала од Приватниот бизнис.
Инаку Холандија и Западна Европа е далеку од `Златна Капиталистичка` (даноци упм, сувенции за секој идиот со мотика) многу е повеќе комунистичка биртија во која несе знае кој што јаде и кој за кого плаќа од Македонија но, за жал и Македонија оди во тој правец со таа разлика што ќе стагнира економијата исто како и во Холандиезија но, ќе остане трајно на многу пониско ниво. :toe:
Без прифаќање на принциоте на слободнитот пазар нема храна за на трпеза и полесен живот :toe:
 
Проблемот е што не сваќаш дека ќе ги крене трошоците за производство на храна а со тоа и цената на храната, досега власта делумно го покривала тоа од парите на граѓаните. И не можеш вакви „слободен пазар закони“ да спроведуваш кога соседната земја дава субвенции на фирмите за производство на храна то ест на земјоделците.А од нив се увезува храна на големо. Додека нашата држава дава субвенции на кој му иде и го уништува додатно производството.

Друга работа не може да се изиграва слободен пазар кога целиот пазар е директно или индиректно контролиран преку владини пари и агенции кои влијаат врз сите бизниси со масивна бирократија. Ова е само додатен арач ќе повторам кој само ќе ги влоши работите за нас тука во Македонија и конкурентноста на фирмите во странство .
:toe:
 
Чекај нема логика ова од една страна сакаш субвенции од друга страна не сакаш администрација и државно влијание и баратање со бирократија неефикасност и сите глупости. Неможе тоа.
Субевенциите и Администрација секогаш се лоши за економијата долгорочно, но тоа е сосема друга тема.
Од економски аспект секогаш еколошките мерки се краткорочно негативни никој не сака да троши за нешто што нема да му донесе на него профит веднаш. Но, на долгрок заштитување на животната средина вреди.:salut:
 
Aj сега да парафразирам:
- поплавени сме со неконкурентни производи од страна на соседот Србија ради субвенциите кои србија ги дава на производителите . Тоа ги става нашите мали фирми од старт во полоша позиција.
- фирмите се доволно оптеретени од страна на владата која сака мамутски буџет а не добиваат за возврат ништо
- не може да играме слободен маркет за отпадот додека за производство државата ти кажува како и кога ќе произведуваш и одозгора да казнува селективно.
- еколошки не е законот само ќе ги зголеми депониите кои и онака ги имаме и ќе го зголеми ризикот фирмите наместо да го предаваат отпадот на државата тајно да го фрлаат на разни локации бидејќи или прескапо им е или профит е во прашање
- Не можеш да речеш контрола бидејќи целиот систем е корумпиран до даска

Мислам дека сум јасен сега .
 
Ако системот е корумпиран до даска зошто инсисираш да зема дополнителни обврски(Субвенционирање и Рециклирање) и должности кој не е способен да ги врши ефикасно? Нема логика нели?

Е глупоста во субвенционирање е следната.
Имаш фирма која работи со загуба и ти и даваш пари за да продолжи да работи со загуба за да подоцна и дадеш повеќе пари за да продолжи и понатаму да создава загуба и да и даваш уште пари. Србија ќе се заебе на и тоа дебело бидејќи трајно ќе мора да ги субвенционира земјоделците со пари од други сектори(Челик Хемиска) кој ќе станат со текот на времето неконкуретнити со текот на времето и ќе ги изгуби и тие и ќе се заплетка во бесконечен циклус на субвенции администрација, долгови и интервенции нешто што и се случи на Грција а може и на Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom