Michael
.
Реално, ако имаш било какви општи познавања за уметноста, ниту една песна од целата таа шунд шлагерска сцена не вреди. Ни Калорина, ни Тоше, ни никој пејач таков. Затоа што прво, базичните поставки на тој тип на музика се ископирани. Не припаѓаат на културната и духовната еволуција на изведувачите, туку се преземени (уште поодамна) од туѓи традиции.
А во уметноста е најбитно да си искрен, секако веднаш зад главното правило кое гласи: не е битно што правиш, туку како тоа го правиш.
Дури и да не се трудиме да нуркаме толку во плиткоста на ваквите дела, дури површински ќе сретнеш разни недостатоци и од техничка природа.
Да не должам, да сумирам - не вреди ни оваа ни сличните такви песни.
(секако ова е од некаков си уметнички чистотнички аспект, кој во пракса е неприменлив)
Ти ако сакаш да дискутираш за песната, авторите и слично, повели тука.
Мене ми беше многу повеќе важен насловот од песната, мислев дека се разбравме ама очигледно не.