Македонското сонце продадено за 30 милиони долари !!!

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634


Во емисијата ВИН-ВИН на Алфа телевизија гостин на Оливера Трајковска беше главата на соросидите во Македонија, неуморниот борец за демакедонизација на оваа земја - Владимир Милчин.


Дали е вистина дека дека во 1992 година година господинот Џорџ Сорос му пиша писмо на претседателот Киро Глигоров?


- не, пиша писмо до на собранието на Република Македонија.




дали во тоа писмо господинот Сорос јасно кажа и побара промена на знамето на република Македонија, тогашното сонце од Кутлеш.

- да тоа беше негово видување и цел, тоа беше содржината на писмото

условено секако со формирање на соросовата мрежа на невладини и пенетрација на неговото влијание во МК?

-јас не знам дали е условено но да, истата година беше дадена дозвола за формирање на институтот отворено општество - сорос македонија

Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) е основана во 1992 година како претставништво на странско лице, а во 1999 година како национално правно лице – фондација, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации. ФИООМ е дел од Соросовата мрежа во централна и источна Европа.
исто така како голема коинциденција е влегувањето на Македонија во ММФ и многу значајниот тогаш кредит од 20 милиони евра за Македонија, институција каде Сорос има голема тежина и мок на одлучување.

- 30 милиони долари, не евра, и тоа е коинциденција, не знам како е тоа поврзано со писмото на господинот Сорос?

Македонија влезе во ММФ во декември 1992 година, повеќе од една година по прогласувањето на својата независност од поранешна Југославија. Исплатата на последните 11,7 милиони американски долари од 14-месечниот стенд-бај аранжман, вреден 29,4 милиони американски долари, кој заврши на 15-ти август, беше одобрена од страна на ММФ претходно овој месец.

писмото на сорос го нема по интернетов, никој не сноси одговорност за промена на знамето, исходот на местенката е повеке од јасен а темата требаше да ја начне секавањето на оливера Трајковски а да ја потврди Валдимир Милчин.

30 милиони долари за вековниот симбол - вредеа ли?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ма племето нивно и на соросоиди и на сите лешинари околу нив ...
 
?

..........

Гостин
Имам дома 16 крако сонце, го продавам за 1 000 000 евра, скромен сум :)

понуди по пп..
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
За такви треба да се суди како против чаушеску... спиат македонците...
П.С. македонци гнили конци, стани Гоце да видиш за кој си умрел.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.145
Поени од реакции
83.807
писмото на сорос го нема по интернетов, никој не сноси одговорност за промена на знамето, исходот на местенката е повеке од јасен а темата требаше да ја начне секавањето на оливера Трајковски а да ја потврди Валдимир Милчин.

30 милиони долари за вековниот симбол - вредеа ли?
Вредеа бе.
Се буни некој?
Не.
Сите се ладат на вентилаторот и го сметаат за свое знаме иако е обезглавено, т.е. нема македонски национален симбол на него. Мене лично ми се гади од ова знаме и никогаш нема да го признаам за свое. Бидејќи нема македонски национален симбол на него, тој е тргнат без никаков отчет и срам, како да се работи за ставање фирма под стечај (што и беше всушност многу добра пракса на истите оние кои го анационализираа знамето). Ова го пишувам по кој знае кој пат, но така е. На протестот против промената на знамето (пред повеќе од десет години) - бевме само шеесеттина.
Не гледам зошто би било поинаку и за другото национално обележје: името на матичната држава на Македонците. Ако го сменат, претпоставувам дека за едно десетина години сите ќе си го употребуваат без некоја грижа на совест, исто ко што го употребуваат вентилаторон денес.

--- надополнето ---

За такви треба да се суди како против чаушеску... спиат македонците...
П.С. македонци гнили конци, стани Гоце да видиш за кој си умрел.
Лесна му земја. Шеснаес пути до сеа се превртел во гроб. Бастардни остатоци се тоа. Дури и да може, не вреди ни да стане да види.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
ајд кажете некоја друга држава што продала сонце за 30 мил.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ех Македонецу Македонецу, научи бре еднаш во животот дека не ти се виновни другите, за идјотизмот твој, за суцизмот твој, за она што ти немаш свест и доблест да го зачуваш... А зошто немаш... (е силно прашање)
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Линк
http://www.alfa.mk/default.aspx?mId=104
Гледајте го целото не читајте само исечоци па сами пресудете си . Иако ме чуди зошто сорос се тргнал од Хрватска а не од Македонија .

--- надополнето ---

Има држава која ја продаде Аљаска за милонче (мислам дека беше).
Русите :pos:
Им снемало вотка
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Линк
http://www.alfa.mk/default.aspx?mId=104
Гледајте го целото не читајте само исечоци па сами пресудете си . Иако ме чуди зошто сорос се тргнал од Хрватска а не од Македонија
Ваљда сватил дека не се акмаци како нас да ги дрибла како сака.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.415
Поени од реакции
5.086
Ееее, ваквите треба веднаш да се стрелаат. Во некои земји и го прават тоа.
Се додека не го сториме тоа, други ќе си играат со нас.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ха! Ако СОРОС има тежина и влијание во ММФ, тогај, исто како владата да зема заем од СОРОС (тоа што го зборам цело време јас)..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.145
Поени од реакции
83.807
Реално, ако имаш било какви општи познавања за уметноста, ниту една песна од целата таа шунд шлагерска сцена не вреди.

Ни Калорина, ни Тоше, ни никој пејач таков. Затоа што прво, базичните поставки на тој тип на музика се ископирани. Не припаѓаат на културната и духовната еволуција на изведувачите, туку се преземени (уште поодамна) од туѓи традиции.

А во уметноста е најбитно да си искрен, секако веднаш зад главното правило кое гласи: не е битно што правиш, туку како тоа го правиш.

Дури и да не се трудиме да нуркаме толку во плиткоста на ваквите дела, дури површински ќе сретнеш разни недостатоци и од техничка природа.

Да не должам, да сумирам - не вреди ни оваа ни сличните такви песни. (секако ова е од некаков си уметнички чистотнички аспект, кој во пракса е неприменлив)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom