Оладете... македонија е мелтинг пот одсекогаш била и ќе биде . Тој барем ја гледа како таква и македонија не е единствената која има „јазичен проблем“ и е составена од повеќе култури и етнички групи и под етнички групи не се само Албанците и Македонците
Цело време се палите демек е против македонскиот народ видете го уставот прогласот на крушевската република и ќе видете што точно значи македонски народ .
Камо да се дигнеше прашина толку за забелешките за судството, човековите права и слободи .
еве ви и вики
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0
Македонија е производ на македонското национално движење и стремење да се добие автономна, суверена држава. Учеството во таквото движење, кај ниту една земја, не било составено само од луѓе од една етничка група, а вклучувањето на луѓе од различни етнички групи во управувањето на една држава се прави поради потреба за манифестирање на единство и влијание врз сите жители на земјата.
Во последно време тоа се прави само колку да се има застапеност на некој претставник од етничките групи за да се прикажува наводна толерантност, како во сите американски филмови во кои мора да има барем по еден црнец.
Меѓутоа настрана од американските филмови,
Македонија се наоѓа во ситуација кога систематски се прават обиди за разводнување на нејзиниот носечки елемент - Македонците и македонската нација, постепено и’ се смалува рангот од држава на Македонците, до држава на Македонците и Албанците, до држава на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи итн. па се до целосно релативизирање на категоријата националност и заменување со - ГРАЃАНИ НА ( Македонија?).
Резултатот е индиректно БРИШЕЊЕ на Македонците од карактерот на државата, под изговор дека тоа се прави за да им се овозможат еднакви права на сите заедници, а веќе надалеку испраните мозоци на дел од Македонците ги изгубија сетилата и дозволуваат единствено врз нив да се практикува општествен и историски инженеринг.
На крајот Македонија престанува да биде колевка на македонската нација, туку безнационално граѓанско општество, каде македонскиот јазик е постепено деградиран за да и тој биде отстранет од графата на “државен јазик“ и целосно да се ИЗБРИШЕ секоја македонска трага од карактерот на државата.
Извини вака не знам како го сваќаш ти но он никаде не спомна македонскиот јазик и етничност не постои он спомна дека официјалниот јазикот на една држава може да се состои од повеќе јазици и даде пример . Не ја сваќам паниката
Ако одиме кон индетитетот за државава е мелтинг пот не е тоа измислица од вчера тоа е најмалце еден век старо и треба да се гордееме дека сме едно од ретките нации каде не сме се мрзеле меѓу себе и имаме толкав културен диверзитет
А поентата со човековите права се фаќате за глушецот во собата додека слонот ве гази.
МОЈА грешка сеа видов за извештајот зошто не споменувале јазици ...
океј ... овде е кривецот дипломатијата ... неспособни дипломати би дозволиле вакво нешто
Можеби и не сфаќаш, ме мрзи да правам конспирации околу твоите изразито “космополитски“ погледи, но очигледното игнорирање на ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ кои се применуваат за Македонија и Македонците би требало да го стават на размислување секој од нас, односно која е целта на т.н. “Европеизација“?
За разлика од нас водечки држави од ЕУ не признаваат етнички групи, малицинства, јазици, а истите нам ни наметнуваат некакви стандарди?
Не разбирам од твоите постови, зошто всушност се ставаш во одбрана на Фуере и зошто практикуваш терминологија која не соодејствува со реалноста, не станува збор за паника, ниту заговори, ниту лажен патриотизам, туку реална проценка на политичката ингеренција на еден дипломат кој влегува во полемизирање околку суверенитетот на една држава и нејзината иднина.