- Член од
- 2 март 2007
- Мислења
- 4.576
- Поени од реакции
- 3.773
Се слагам со целиот пост и само да додадам дека волку високо ни е поставена одбраната уште откога ја сменивме формацијата. Поради тоа и некогаш страдаме, ама па со одличен Сонг е и голем плус.Рио нема физички предиспозиции за сега да игра во премиер лига... идна сезона претпоставувам ќе иде на позајмица во англија па дури после тоа ќе заигра кај нас... ќе видиме можеби грешам... башка до тогаш може мн работи да се сменат, да си иде Фабрегас, Насри да биде прекомандуван во средина итн итн... како и да е сигурен сум Венгер ќе најде место за детево ако продолжи вака...
За со Барса... баш размислував денес... одбраната што ја игравме со Волвс ако приметивте беше многу висока скоро до половина терен... сигурен сум дека така со Барса нема да играме меѓутоа во глобала сезонава одбраната ни е поставена високо што на ваков натпревар против едни брзи напаѓачи како Вила Меси и Педро може да не чини.
Е сеа Џуру не верувам дека ќе игра фластер од проста причина што овие тројца што ги набројав ги менуваат позициите во текот на натпреварот и убеден сум дека Џуру на пример нема да го брка Меси десно... исто мислам дека и доколку се стави фластер Џуру на некој од овие тројца ќе го јадеме или со црвен за џуру или ќе не убијат пошто џуру е супер во воздушни дуели меѓутоа не е толку брз.
наше е да си ја играме нашата стандарна игра и НИЕ да имаме посед на топката... ако Барса нема посед нема ни да биде закана пошто ретко кога Барса игра на контри пошто цело време они ја контролираат играта (Со Хихон вчера имаа 76% посед).
Рецептот за победа е според мене да се држи топката и стрпливо да се напаѓа преку Волкот посебн пошто се спори и Пике и Милито... исто така многу ќе зависи од Сонг и Џеки односно како ќе успеат да го затворат Чави
Баш сакам да видам како ќе се снајде Аршавин при голем пресинг...Не предвидувам светла утакмица за него...се надевам дека нема да бидам во право.