- Член од
- 13 август 2009
- Мислења
- 9.547
- Поени од реакции
- 5.772
Не е проблемот, во тоа што ги губиме овие мечеви, проблемот е во тоа што губиме добиени мечеви од предходно, како против Тотенхем... Нас тоа ни е проблемот... Сега тие глупави порази дома, ќе треба да ги надополнуваме против Јунајтед и Челзи, кој мора да го победиме на Емирати за 2 недели... Тоа е кристално јасно...
Имаше пенал за Јунајтед и не се бунете за џабе...Играње со рака во 16те метри и е јасно, како ден... Веб беше добар денес, и не се глупирајте... Ако почнеше да дава жолти од почеток ко напрајвме 5-6 стартови, тогаш ке имаше црвен уште во второто... Не дај Боже Дин да беше судија..Едина грешка му е тоа што не му даде картон на Рио за стартот над Сања, но не му даде ниту картон на Сонг за стартот над Нани, па тука преовладуваше критериумот....
Само не ми е јасно, до кога Клиши ке биде нашиот најлош играч ?! Денес имаше добиено фантастично добри дуели со Нани, но две грешки и за нас ке беа кобни, т.е три... Гол, кога недоволно блокираше и имаше слободен простор Нани да нафрли, направи глуп пенал за втор гол, и кога Нани му ја зеде топката пред 20 метри пред нашиот гол... Клиши е катастрофа, убедливо нашиот најлош фудбалер, и можеби Венгер свесно го форсира Гибс по таа лева страна.. Убеден сум дека Ебуе ке изигра подобро таму....И ке забораев, демек она на Шамак не беше пенал ?! Играта со рака ?! Ви се молам, не плукајте по Веб... Човекот одсуди најпрофесионално...
Кога Фабрегас влезе, исто како да останавме со играч помалце.... Мене просто ми е жал да гледам ваков Фабрегас, каков што видов на неколку мечеви сезонава.... Едино ме теши ако Фабрегас си замини е тоа што имаме уште подобар, Џек Вилшер... Како само влегува во дуели, со никаков респект кон играчите... Како ли само го гледаше Флечер... Аууу, тој е нашиот играч со два пара мадиња...
Не сум задоволен од резултатот, но Јунајтед потполно го заслужи... Имаа прилики и да го зголемат, а ние освен поседот во вториот дел (убеден сум дека Сер Алекс, тоа намерно го дозволи, убеден сум 100%) немавме ништо.... Не ме боли овој пораз, но ке ме боли ако изгубиме за недела дена или пак за две недели... После ова, имаме 5 порази и добро е што и конкуренцијата е катастрофа па и ние сме тука негде... При врвот...
Но, денес видов дека покрај сите убедувања од страна на самиот себеси, не сме доволно зрели.... Попуштивме кога имавме иницијатива, и имавме среќа што Руни и Нани „немаа“ свои денови.... Венгер ме изненади, позитивно со поставената тактика, со висока одбрана и со згуснат среден ред и тоа беше добро... Волкот и Фабрегас немаат мечеви, како и Ван Перси.... Но, тоа е тоа... Сеуште сме тимот со најповеќе победи и сме тука негде... Не се откажувам ниту јас, ниту вие, ниту играчите, а Венгер уште помалку... Кога видов како се нервира, и кога ја видов неговата пасија да го води тимот и понатаму, сватив дека Венгер треба да добие споменик од злато пред Емирати... Јас сеуште верувам во него, Вие ?
Поздрав