Имам повеќе време, а и добив некоја воља, па ајде да напишам и мое мислење за се ова што се случи..
Како прво и основно, имавме шампионска одбрана, шампионска средина и шампионски напад. Сега имаме само шампионска средина, да не се залажуваме. Во одбраната сигурни и на кои може рака да ставиш дека нема да направат некој кикс и да ја "шитнат" утакмицата се само Сања и Вермален. Едниот од нив го фати повреда ала Росицки и кујзнае кога ќе се врати и каков ќе се врати. Повреда поради онаа причина ради која ги фаќа сите од Арсенал во последно време, чиста несреќа(???). На утакмицава со кокошкиве седев меѓу двајца постари навивачи на Тотенхем (да, вистински навивачи на Тотенхем, момци во години). И многу ме изненади тоа што цело време си правеа шали во врска со Клиши и неговото никакво нафрлување. Значи, не гледаме само ние како нафрлува вистински Клиши, гледале и другите. Катастрофа. Средината како што кажав, феноменална ни е. Фабрегас маестрален прво полувреме, второ ја реши мизерно утакмицата во два потега. Првиот потег, со тоа што мораше да направи како капитен (и што би направил јас да бев на негово место, па што сака нека е, а верувам и Адамс би го направил тоа и Виеира), а не го направи после првиот гол: Да им се раздере и да ги собере дечките од одбраната и Денилсон и Сонг заедно со нив и да им одржи една убава лекција што значи овој дрес, овој знак и ова име и со кого они си играат курот па трчаат ноншалантно и дозволуваат да бидат фатени на контра при водство од 2-0. Она што и Венгер го истакна, беа фатени на контра при водство од 2-0, дали е то могуче. Па ако треба бокс акни му, битно не дозволувај да излезе пред голман бре. Ама за тоа да го направи треба првин он да живее за дресов и за името, а веќе сите знаеме дека мислите му се во Барса и ич не го боли курот дали е капитен или не на овој тим. Вториот потег е тоа што го направи..Се случува да, ама НЕ СМЕЕ да му се случи тоа на капитен, особено во ваква важна утакмица и при ваков резултат. НЕ СМЕЕ!!!! Страшно аматерски потег....Незнам Венгер што мислеше и дали имаше некоја повреда, ама не смееше да го извади Насри. Покрај тоа што можеше дечкото да ја реши во еден потег утакмицата, покрај тоа што беше еден од најдобрите, беше и може и најмотивиран знаејќи го неговиот карактер и знаејќи дека Галас игра против него. За нападов стварно незнам што да кажам...Шамак игра за тимот и ќе даде гол со глава и по некоја случајност со нога, али со тие шанси што ги добива врвен шпиц ќе има дупло голови од него и ќе ја искористи шансата во ваков натпревар. Замислете го Анри на тие шанси...Ван Перси многу повеќе не игра отколку што игра. За разлика од Венгер, јас знам како го изгубивме овој натпревар иако имавме дупло повеќе и подобри шанси од нив, а и Бејл беше убаво чуван од Сања..Овој тим не е мотивиран. Овој тим незнае што значи ова име и овој дрес. Да знаеа немаше ко пички да влезат во второ полувреме си мисла дека го победиле мечот. За да влезеа со мотив и со желба во второто полувреме треба да знаеа што значи дербиво. А за да знаеа што значи дербиво, треба да имаат барем малку љубов и почит кон клубов. Они тоа го немаат. Да го имаа немаше ни третиот гол да го примат каде што меѓу двајца Кабул рипа и ја сместува во гол. Да, ама Кабул беше мотивиран, а овие ич не ги заболе за резултатот. Незнам што им кажа Венгер на полувреме, ама тотално аматерско изданије видов во второ полувреме. Требаше цела публика на крај од утакмица по еден шамар да им врзе на сите. Срамота. Голема среќа е тоа што и Челзи загуби и не ни побегнаа па ако им се сменат работите во главите на нашиве манекени тогаш имаме шанси за титула.