Скршен Пасош

  • Креатор на темата Креатор на темата Ang3l
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јули 2008
Мислења
72
Поени од реакции
6
Кој се вашите совети за скршен биометриски пасош... пред 2 дена ми се скрши таа пластиката во средина каде што е сликата. Бев до МВР и ми рекоа дека слободно барај нов ама да дојдеш во 9-ти спрат за интервју. Некои ми велат дека треба да платиш казна а некој вели дека не е ништо ..... дали некој знае ??? чекам некое мислење:toe: .... поз
 
Не знам од каде ми е свртено во глава, ама знам дека према документите за идентификација (лична карта, пасош) мораш да се однесуваш домаќински и не смееш да ги оштетуваш. Веројатно има некаква казна за тоа, претпоставувам нешто симболично.
Не знам зошто темава е во ЧДА, ја префрлам во Право (мислам дека за тука е).
 
Жити се, какво е у средината? :)

И да, треба казна да се плати. За изгубен/оштетен личен документ има казни, само незнам колку се.
 
мене мама ми испра една од старите лични карти, отидов пријавив, ме сликаа за нова а старата ја вратив. ама овоа беше пред 4 години :)
 
ооооооооооооо не еднаш сум бил ( изгубен украден оштетен испран пасошот итн итн) само јас идев у старото кај беко на 3 спрат, после четвртиот пат кафе и коњаче почнав да си пијам со нив, еден од инспекторите ми рече ако не те видам у два месеци шубе мие :) иначе ке следи мал распит зашо како каде кој,јебеш га тоа им е работа иначе пасошот е сопственост на република македонија ти си само корисник,иначе ништо страшно ке си добиеш пусулче од нив шо како ке ти го поништат стариот 9 или ке те пратат во службен весник да го прогласиш за неважечки) и после четири месеци чекање ке си извадиш нов.
Немој да те лажел господ да си лажел нешто или да си ја вадел лентата од внатре ке го береш бостанот.
 
За пасош не знам ама јас ја изгуби личната карта пред некое време ојде пријави почека да излезе у службен весник и после регуларно и поштено си извади нова.Нит казни нит ништо!.........ама тоа за лична карта ваљда и за пасош е исто.
 
Јас пак мислам дека за пасош е поинаку. Пасошот е меѓународен документ, и како што пиша добро познат, пасошот е сопственост на републиката и тебе ти е даден само на користење, доверен онака.
Не за џабе на последната страна пишува: Овој пасош е сопственост на Република Македонија.

Сепак, оди таму и објасни им чесно што и како се случило и верувам нема да има (поголем) проблем.
 
Сум слушнал дека некој го скршил законот, а.к.а. напраил прекршок... ама да скршиш пасош прв пат слушам. Проба да го залепиш со некое лепило?
 
Се плаќа казна само не знам колку е заади тоа што оштетена е сопственост на Република Македонија, бидејќи личните документи па дури и картичките од банка се во сопственост на државата/банката.
 
Сестра ми имаше некоја мала дамка на сликата (се се познаваше), и кога беше во странство и рекле "ептен оти треба да се враќаш назад, иначе нема да те примат никаде со ваков пасош". Кога се врати тука, си плати мислам казна околу 1500 - 2000 денари, и и дадоа нов пасош.
 
Сум слушнал дека некој го скршил законот, а.к.а. напраил прекршок... ама да скршиш пасош прв пат слушам. Проба да го залепиш со некое лепило?
не бе какви лепаци ако е улав да го лепи :)
видете сите што имате нов пасош, со ивица е нацртана картата на МКД на пластичниот дел, неможе да се лепи, а и има информации во него.
има горе добар предлог, ќе им објасни во полиција се и ќе му средат работа, не е страшно ништо!
 
Сум слушнал дека некој го скршил законот, а.к.а. напраил прекршок... ама да скршиш пасош прв пат слушам. Проба да го залепиш со некое лепило?

Не му препорачувај такво нешто, ќе треба Х период да му носиш цигари во затвор :)
Не си играјте со пасош.
 
Како успеа да ја скршиш страната со чипот? :)
 
Порано немаше казни за оштетување на пасошите и личните документи, но од кога ги воведоа овие новите биометриски, казни ќе има задолжително без никакви исклучоци. И тоа не се некои си симболични казни, туку убави соленки казни :) Сепак идивиди па јави :)
 
Член 44, Закон за патни исправи:

Со парична казна од 5.000 до 20.000 денари или со казна затвор до 30 дена ќе се казни за прекршок физичко лице...
(став 4) кое не ја чувало грижливо патната исправа (член 5 и 6).

А во пракса не сум чул да казнат некој, освен што има бааѓи трошоци за одјава и вадење нов и губење време. За биометрискиве не знам дали ќе казнуваат, ама ај да не плашиме никого тука. Главата горе! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom