Нема веќе евтино возење на плин

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.016
Поени од реакции
10.970
Ако се додадат сите давачки за литар гас, произлегува дека тој на пумпите треба да чини околу 25 денари, а не 41 денар за литар

Маја Томиќ

Цената на автогасот соборува рекорди. Со последното поскапување на 3 ноември таа скокна на 41 денар за литар и за период од пет години е зголемена за повеќе од двојно. Трговците тријат раце и си молчат. Се шпекулира дека за нив остануваат дури 35 отсто од малопродажната цена на литар плин. Поточно, ако се додадат сите давачки за литар гас на неговата основна, увозна цена, произлегува дека тој на бензинските пумпи треба да чини околу 25 денари за литар, а не 41 денар, колку што сега се наплаќа еден литар плин. И додека трговците профитираат, граѓаните што користат гас во своите возила реагираат поради новата повисока цена.

„Никогаш цената на гасот не била толкава и не стасала за повеќе од половина од цената не бензините. Не ми е јасно зошто гасот кај нас упорно поскапува, а секаде е најевтино гориво, кое за разлика од нафтата, го има во неограничени количества. Не знам како се оправдува покачувањето, но знам дека нема правила за тоа како и кога се зголемува цената. Веројатно нема конкуренција на пазарот, па продавачите, ’Макпетрол‘, ’Лукоил‘ и ’Окта‘ се договараат по која цена ќе продаваат. За денар, два е пониска цената на гасот кај некои помали трговци од внатрешноста на земјава. Се прашувам дали можеби главните трговци сакаат да не' натераат да возиме сите на бензин“, прашува А.П од Скопје, кој до пред неколку месеци користел повеќе од пет години возило на плин. Овој граѓанин вели дека иако не правел пресметки, но, сепак, горе-долу, ако се земе сегашната цена на автогасот, плус инвестицијата за инсталирање на плинскиот уред, која чини околу 500 евра, годишниот трошок на користењето плин, доаѓа приближно исто како да се вози кола на дизел-гориво.

Цената на автогасот кај нас се формира слободно, односно оние што го увезуваат и го продаваат. Тоа значи дека „Макпетрол“, „Лукоил“ и „Окта“, си ги договараат цените, а Регулаторната комисија за енергетика нема никаков удел во оформување на неговата цена. Ова го потврдува професорот Миле Димитровски, кој додава дека домашната цена зависи од берзанската и дека цената на гасот, односно на пропан бутанот на светските берзи е зголемена во последните месеци и е највисока во изминатите три години. Според него, Македонија не е единствената земја каде што цената на гасот не ја регулира Регулаторната комисија за енергетика, туку таа се формира слободно на пазарот и зависи од светските цени.

„По автоматизам, кога ќе скокне светската цена, таа веднаш скока и кај нас. Како тоа да се нарече, не знам, монопол, бипол, трипол, не знам што е. Компаниите сами се договараат за цените и сигурно имаат екстра-профити, не би сакал да коментирам и да шпекулирам колкави се тие. Оној што треба да реагира е Комисијата за заштита на конкуренцијата, но веројатно до неа нема никакви претставки од граѓани“, посочува Димитровски. Објаснува дека можеби е тоа така поради фактот што од 350.000 регистрирани возила во земјава, околу 20 илјади имаат инсталиран гас, а во последно време, поради растот на неговата цена, се' повеќе се преориентираат да возат на бензин.

Од „Лукоил“ вчера не можеа да ни дадат официјален коментар за растот на цената на гасот поради отсуство на најнадлежните лица. А, безуспешно се обидувавме и кај другите две компании, „Окта“ и „Макпетрол“, да добиеме каква било информација во врска со оваа тема.

Упатени во бизнисот со нафтени деривати велат дека светските цени на гасот, односно на пропан бутанот нагло се зголемиле по последните три, односно два месеца. Домашните компании ги формираат малопродажните цени исклучиво во корелација со цените на берзите, а цената на гасот не е секогаш определена и зависна од движењето на цените на нафтата. Особено во зимскиот период, додаваат познавачите, светските цени растат поради наглото зголемување на потрошувачката, која е за десет пати поголема од летниот период, затоа што гасот се користи за затоплување.

Други познавачи на нафтениот бизнис, пак, коментираат дека домашните компании, трговци со гас, инкасираат екстра-профити на грбот на граѓаните кои веќе вложиле пари за гасни уреди.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
и а плин по приватните пумпи за точење по 36,5 денари за литар... на пример унион гас, железара... тоа се 4,5 по литар помалце... не ми е јасно зашто толку отиде плинот ама разликата по литар мегу бензин и плин е 18 денари. тие 18 денари ја прават заштедата на возењето да падне на само бедни 15%... кога ке додадеш дека треба и на бензин да ја палиш колата, таа иде уште подоле, мегутоа, да не го заборавиме битниот момент дека возењето на плин е еколошко. па нека е и 15-20% заштеда, не е за фрлање, поготово за тие што веке имаат инсталирано систем.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Абре луге божји и на вода да ви иде колата, цената на водата ќе рипне до небеса. Никој не дава ништо без оооогромен профит. Џаба се дебатира - тоа е јасно како што е јасно дека после ноќта иде денот (барем засега).
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Едно од основните економски правила е, кога побарувачката се зголемува цената опаѓа, ама најверојатно кај нас не важат ни основните економски правила, кај нас важи АЈДЕ ИМА СЕГА ПОВЕЌЕ ПОБАРУВАЧКА ДАЈ ДА МУ ГИ СОБЕРИМЕ ПАРИТЕ, според некоја логика 100% се имаат договорено бензиските да ја одржуваат ова цена, е сега ако се појави некој што ќе го прекрши договорот и кој ќе почне да ја намалува цената е тогаш очекувајте голем пад на цената, ама за скоро ке ни ги берат парите како што сакаат.
 
T

Tetro

Гостин
Како што запишав некаде некогаш, пак ќе запишам и тука:
Како расте потрошувачката на некој енергенс, така му се зголемува цената. Исто и ова:
Како опаѓа производството на некој енергенс, така му се зголемува цената.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
113
Поени од реакции
5
цц ц многу јака држава сме нема шо , нема да ме чуди и да го израмнат со нафтата.. све е могуче
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Тоа ви е. После Втора светска војна се покажа правилото - кој има енергенс тој е богат.

Така што, помешајте со глупава држава која не регулира цена на LPG = сиромав народ.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.971
Поени од реакции
18.716
Да им е*ам ја нив све по список, порано за 250 - 300 ден. терав без проблем 3 - 4 дена, а сега е за 400, па таа комисија за конкуренција или за спречување на монополи само на реакции на граѓаните ли работи, за кој курац ги ставиле таму. За споредба да ја земеме Австралија, граѓаните ги стимулира државата да возат на плин па дури и вградувањето на уредот им е гратис. Е така е кога главни дистрибутери на плин се тие кои се најголеми продавачи на бензин и на дизел.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Корпорациите заработуваат, владата молчи, народот го папа, не треба да си ракетен научник да ги составиш точките и да сватиш оти државите НЕ СЕ управувани од своите официјални влади.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ова е чист грабеж.....колкави идиоти сме само:kesa:
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Едно од основните економски правила е, кога побарувачката се зголемува цената опаѓа, ама најверојатно кај нас не важат ни основните економски правила, кај нас важи АЈДЕ ИМА СЕГА ПОВЕЌЕ ПОБАРУВАЧКА ДАЈ ДА МУ ГИ СОБЕРИМЕ ПАРИТЕ, според некоја логика 100% се имаат договорено бензиските да ја одржуваат ова цена, е сега ако се појави некој што ќе го прекрши договорот и кој ќе почне да ја намалува цената е тогаш очекувајте голем пад на цената, ама за скоро ке ни ги берат парите како што сакаат.
Дечко си ги помешал брзините.
Ако барем малку користиш логика или си читал нешто економија
односот понуда побарувачка... и цена е многу поразличен од тој што го пишуваш погоре.
Кога понудата се зголемува тогаш паѓа цената, а кога побарувачката расте расте и цената...
што повеќе се бара еден производ толку е поскап...
затоа и дијамантот е многу многу поскап од обичниот камен кој го имаш насекаде... а дијамантот речиси го нема
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.971
Поени од реакции
18.716
^ Се збунил малку, он мислел за ефектот на дијамантот. Зошто дијамантот од кој човекот нема никаква корист е поскап од водата која е од животно значење за човекот? Затоа што ја има во големо изобилство, ама тоа нема врска со понуда и побарувачка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom