Небезбедни и скапи кинески возила на нашите патишта?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Поубаво стокец ќе возам бе ова кинезиве ми се сумљиви луѓе
 
Ова горе со видеата не е лошо на изглед баш е онака ОК ....

иначе ми личи на плукнато ова :

opel-astra-2-18.jpg
 
да де.... чери прават исклучиво копии на возилата... во овој случај тоа е копија на опел астрата... и ако краш тестот не е подметнат, т.е. фалсификуван, тогаш фино помина на него...
 
Поубаво стокец ќе возам бе ова кинезиве ми се сумљиви луѓе
ај дојди ке ти го даам ја мојон стокец а ја ке купам едно кинеско... верувам дека 100 пати подобро ке ти биде и тебе и мене... а зашто ке сватиш откако ке почнеш да возиш стокец

П.С шо сте се запнале толку за краш тестовите? гледам у макоденијава секоја собраќајка е со 100километра на саат .. видете краш тес од смарт од туко од матиз од спарк и слично... ма да и на нив не е човек да им верува.. на краш тест за пред народ ке напраат некоја дубара да изгледа како ОК цврста кола а реалноста е многу подобра е сега ценава шо се замислуваат 8 000 евра не верувам дека има будали шо ке им купат (ок со мали исклучоци) па за 8 000 евра ке донесам Бе ем ве од словенија како што никогаш не сум ни замислил дек аке го возам.. е голема работа било статро.. пффф нивните стари коли за нас се нови !!!
 
да де.... чери прават исклучиво копии на возилата... во овој случај тоа е копија на опел астрата... и ако краш тестот не е подметнат, т.е. фалсификуван, тогаш фино помина на него...

Чекај малку.
Автомобилот на сликата на пост #77 го има логото на Опел.
Сакаш да кажеш дека кинезиве и европски брендови фалсификуваат ?
Ако е така, тогаш Семоќниот нека ни е на помош.

ај дојди ке ти го даам ја мојон стокец а ја ке купам едно кинеско... верувам дека 100 пати подобро ке ти биде и тебе и мене... а зашто ке сватиш откако ке почнеш да возиш стокец

Побратиме, 101 - от ги исполнува сите основни услови за превоз како и секое друго превозно средство:
мотор, тркала, акумулатор, светла, седишта, волан, менувач на брзини, резервоар со гориво, итн.
А што се однесува до ABS, радио со поддршка за mp3, wav, wma, DVD и не знам што друго, климатизер и се останато, не е баш задолжителен услов.
Е ова е една од работите што ме нервираат во оваа држава.
Во Југославија за толку и толку пари, ете ти 101, превозно средство.
А денеска: "Ама јас сакам ваков автомобил, ама јас сакам онаков автомобил".
Тоа е една од работите што ми недостигаат од старата држава, или ќе работиш и ќе се задоволуваш со тоа што ќе ти го дадат, или ќе си фаќаш магла во странство доколку сакаш повеќе.
Преку леб погача не може.

Ми делуваш како братот на еден пријател мој.
Се заеба и купи Опел Корса на месец дена пред да ги поевтинат за 2000 евра, и сега вели дека се моли на Господ за да го учукаат за да собере пари од осигурување.
 
а шо мислите за CEO ( x5 ) http://farm3.static.flickr.com/2748/4291879938_263fb728c0.jpg
имам BMW x5 2004 година,презадоволна сум од него,сеа CEO'то е плукнато на него ..кај нас во Канада ги нема уште,ама по Европата ( Италија претежно ) ги имаа бааги,и тоа по солидна цена 2008 - 15.000евра ... o.o
 
Незнам зашто некој би го купил ова, кое воопшто не личи на бмв х5, кога за 16,500 има нов од фабрика киа спортејџ
 
Еве една кинеска убавица, со која имав шанса да се запознаам на факултетот на кој студирам,Машинскиот, каде професорот за време на час ни направи една кратка презентација во живо :).
Фирмата се вика Cherry, а моделот А3 Hatchback. Мене лично ми се допадна на прв поглед, колата има интересен екстериер и интериер, добра јачина на моторот 1.6 120hp, како и привлечна цена од 7000е.
А бе луди се и кинезите што ги прават и нашиве што имаат намера да ги продаваат привлечна цена од 7000 евра пих....
 
А бе луди се и кинезите што ги прават и нашиве што имаат намера да ги продаваат привлечна цена од 7000 евра пих....

Привлечна е цената бидејки е една од најниските цени на возила во Македонија. Ти ако мислиш за цените на другите пазари тоа е друга работа, но јас правев споредба на цените на нашиот пазар.
На пример, јас попрво би го купил ова Cherry-во со средно ниво на опрема и подобра Ncap оцена него Spark без опрема, голо.
Друга работа е тоа што ова возило е класа над спаркот, во класата на Kia Ceed. Моќно е, комфортно е и ма добар изглед. Е сега за издржливост не можеме да знаеме, тоа времето ке покаже. Ама сигурно и во издржливоста би можело да се мери со Spark-от.
 
Овие корејциве од Сангјонг барем прават добри, но исто така и квалитетни копии на Мерцедес-Бенз.
Скапи, но квалитетни копии.
Ама овие кинезиве се отров во квалитетот, па затоа и се толку евтини.
 
Овие корејциве од Сангјонг барем прават добри, но исто така и квалитетни копии на Мерцедес-Бенз.
Скапи, но квалитетни копии.
Ама овие кинезиве се отров во квалитетот, па затоа и се толку евтини.

Се зависи од тоа колку пари имаш спремено за кола. Што помалку пари тоа помал е изборот.

--- надополнето ---

Ова горе со видеата не е лошо на изглед баш е онака ОК ....

иначе ми личи на плукнато ова :

opel-astra-2-18.jpg

Мене па решетката на предницата или на англиски grill-от ми личи на копија од Ford.
 
Овие корејциве од Сангјонг барем прават добри, но исто така и квалитетни копии на Мерцедес-Бенз.
Скапи, но квалитетни копии.
Ама овие кинезиве се отров во квалитетот, па затоа и се толку евтини.

Моторитe на Ssangyong се истите кои ги вградуваат во Мерцедес, и мислам дека Мерцедес гарантира за квалитетот.
 
Чекај малку.
Автомобилот на сликата на пост #77 го има логото на Опел.
Сакаш да кажеш дека кинезиве и европски брендови фалсификуваат ?
Ако е така, тогаш Семоќниот нека ни е на помош.

Побратиме, 101 - от ги исполнува сите основни услови за превоз како и секое друго превозно средство:
мотор, тркала, акумулатор, светла, седишта, волан, менувач на брзини, резервоар со гориво, итн.
А што се однесува до ABS, радио со поддршка за mp3, wav, wma, DVD и не знам што друго, климатизер и се останато, не е баш задолжителен услов.
Е ова е една од работите што ме нервираат во оваа држава.
Во Југославија за толку и толку пари, ете ти 101, превозно средство.
А денеска: "Ама јас сакам ваков автомобил, ама јас сакам онаков автомобил".
Тоа е една од работите што ми недостигаат од старата држава, или ќе работиш и ќе се задоволуваш со тоа што ќе ти го дадат, или ќе си фаќаш магла во странство доколку сакаш повеќе.
Преку леб погача не може.

Ми делуваш како братот на еден пријател мој.
Се заеба и купи Опел Корса на месец дена пред да ги поевтинат за 2000 евра, и сега вели дека се моли на Господ за да го учукаат за да собере пари од осигурување.

Види дечко, кога се конструира автомобил прво нешто на кое се мисли не е обликот на светлата вратите, дали се убави, и дали колата ке има мотор од 200 коња.
Прво се мисли на безбедноста на патникот, макар колата да е во форма на кибрит. Затоа и се измислени тие АBS ESP и сл системи.
Сакам да ти кажам дека новото возило во никој случај не можеш да го мериш со 101 бидејки има повеке безбедносни системи, поаѓајки од воздушните перничиња завршувајки со нерефлектирачкиот материјал на интериерот во областа над воланот односно видното поле на возачот. Тие системи ке те спасат од повреда или од губење на животот, твојот, на сопатникот, или на другите учесници во сообраќајот.
Во никој случај 101 не може да биде подобро од ново возило па макар и да е кинеско, затоа што нивото на безбедност е пониско кај 101.
Тоа комуњарите мислеле, со чук ке направат уметност.
 
Е па види вака.
Семејниот лекар ме советува мене, кој сум елегантно пополнет, да внимавам на исхраната, велејќи:
"Слушам, во логор немало дебели".
Е па, побратиме, истото ти важи и кај автомобилите.
Ако се вози внимателно, и со 101 ќе бидеш задоволен, како што јас сум задоволен.
А ако не се вози внимателно, и ако се учукаш во автобус или во камион, како што беше изминативе недела дена, е па тогаш, ќе има последици, без разлика колку безбедносни системи ги има автомобилот, а понекогаш во тие последици може да спаѓаат и човечки жртви.
И јас сакам убави и скапи автомобили, со триста и кусур тракатанци, ама ако јас не возам внимателно, тогаш џабе и убавината и скапата цена и тракатанците.
Кога ќе измислат автомобили кои самите ќе се возат, и кога ќе измислат сензор кој однапред ќе предвиди сообраќајна несреќа, е тогаш, ќе се согласам со тебе дека 101 - от не може да се мери со денешните автомобили.
А до тогаш, се додека човечкиот фактор игра клучна улога во превозот, за мене, 101 - от, а бе колку сака нека биде грд и небезбеден, ќе ме задоволува мене како превозно средство, а виновник за сообраќајката на крајот ќе биде човечкиот фактор, односно, или јас или тој/таа што ме учукал(a).

А кинескиве шкартови се друга приказна.
Толку ме плашат кога ги гледам по клиповиве, што помислувам дека и измет од птица ќе предизвика сериозни последици кај вакви автомобили.
 
А бе ти ке внимаваш, друг нема.
Еве ти и пример, не мора да возиш кола, еве биди пешак.
Ти си пешак, и поминуваш на семафор, зелено тие е, значи ти си идеш по прописи се. Некоја пијаница поминува на црвено со некоја канта лада , касно те приметува, почнува да кочи ама нема Абс него на барабан кочи, и нормално му блокира тркалото и лизга колата. Те удира и ти крши нога.
Главни елементи кои придонеле твојата нога да биде скршена се:
1. Блокажа на тркало,пролизгување.
2.Стар пневматик, т.е гума која е дотрајана.
3. Остри рабови на предницата.
4.Брзина на возилото.
Кај новите автомобили е подобрено:
1) кочењето, и за многу помало време може колата да ја сведе брзината на 0.
2) Релативно нови пневматици кои имаат добар контакт со патот, со што се овозможува уште побрзво успорување или пак промена на правец за да се избегне удар.
3) Новите коли ги прават со заоблени линии не само заради аеродинамичноста и убавиот изглед, туку и за помали повреди при удар со пешак. Исто така и повеке пластични елементи се вградуваат за да ублажат удар со човек.
4) Е сега ако ннекој го купи и најбезбедното возило на светот, со преголема брзина нема да може да избега од повредите. Но повекето коли се управуваат во брзини не поголеми од 100 км, во градски услови, а со таа брзина овие системи можат да помогнат. При брзина од 200 км/час не може ни Господ да ти помогне ако се слупаш.
Ете еден пример беше тоа, а ги има милион.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom