Небезбедни и скапи кинески возила на нашите патишта?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
А бе ти ке внимаваш, друг нема.
Еве ти и пример, не мора да возиш кола, еве биди пешак.
Ти си пешак, и поминуваш на семафор, зелено тие е, значи ти си идеш по прописи се. Некоја пијаница поминува на црвено со некоја канта лада , касно те приметува, почнува да кочи ама нема Абс него на барабан кочи, и нормално му блокира тркалото и лизга колата. Те удира и ти крши нога.
Главни елементи кои придонеле твојата нога да биде скршена се:
1. Блокажа на тркало,пролизгување.
2.Стар пневматик, т.е гума која е дотрајана.
3. Остри рабови на предницата.
4.Брзина на возилото.
Кај новите автомобили е подобрено:
1) кочењето, и за многу помало време може колата да ја сведе брзината на 0.
2) Релативно нови пневматици кои имаат добар контакт со патот, со што се овозможува уште побрзво успорување или пак промена на правец за да се избегне удар.
3) Новите коли ги прават со заоблени линии не само заради аеродинамичноста и убавиот изглед, туку и за помали повреди при удар со пешак. Исто така и повеке пластични елементи се вградуваат за да ублажат удар со човек.
4) Е сега ако ннекој го купи и најбезбедното возило на светот, со преголема брзина нема да може да избега од повредите. Но повекето коли се управуваат во брзини не поголеми од 100 км, во градски услови, а со таа брзина овие системи можат да помогнат. При брзина од 200 км/час не може ни Господ да ти помогне ако се слупаш.
Ете еден пример беше тоа, а ги има милион.

Не играат само семафорите клучна улога во сообраќајот, побратиме.
Имам две очи што Бог ми ги дал за да гледам, а во сообраќајот не се сведува се само на црвено, жолто, зелено, означени ленти и означени пешачки премини, ги има секакви, а и јас имам такви смртни случаи во моето семејство, ама не биле удрени со стари канти, туку со нови и модерни автомобили.
А за да биде уште полошо, последниот член на моето семејство кој загина пред нешто повеќе од година дена, воопшто не беше удрен од пијаница, туку од некој кретен, кој очигледно не бил со паметот и очите на автопатот, туку на некое друго место, додека ја држел ногата на гаста. А кретенот возел Опел, не помнам конкретно кој модел, ама помнам дека не бил постар од 5 години.
И на крајот се се сведува на човечкиот фактор, баш како што и ти потврди во твојот пример со пијаницата.
А бидејќи на моето семејство му се случи тоа што му се случи, јас не гаам толкава надеж во сензорите, ќе гаам надеж кога ќе излезе нов автомобил, за кој статистиката на сообраќајни несреќи ќе изнесува чисти 0,00%.
До тогаш, паметот и очите на автопатот, и внимавај како возиш.
Не е важно што возиш, се додека превозното средство е исправно, и се додека со очите и со паметот си на автопатот, а ако не си, мисли му ја, бидејќи сеуште не е исфрлен во продажба автомобил со сензори кои откриваат каде си со очите и паметот додека ја држиш ногата на гаста.
 
Мило ми е бидејќи е лесен, и многу поскап, а многу е поскап само затоа што многу го бараат.
И токму бидејќи е многу полесен и помек, еве ти на клиповите прикажани во пост #4, убаво ти е прикажан квалитетот на кинескиот алуминиум.
Патем, ако веќе толку е поскап алуминиумот, зошто мостовите и облакодерите и понатаму ги прават од челик ? ............

Не се сложувам баш. Челикот и ден денес се користи, пред се за правење на шасијата и кафезот каде што се патниците. Меѓутоа најважно при судир е да обезбедиш правилно пренесување на кинетичката енергија. Кај новите коли има предодредени зони на кои се "жртвуваат" на тој начин што ја апсорбираат кинетичка енергија деформирајќи се. Овие зони МОРА да бидат конструирани од алуминиум, магнезиум... никако од челик. Од друга страна пак кафезот каде што се патниците се прави од исклучително цврст челик посебно кај А и Б столбот кој во никој случај не смее да попушти. При судир на мали брзини старите коли можеби изгледаат супериорно кога скоро и да не се оштетат а новата кола остане без гепек. Сепак при судир на големи брзини кај старите коли имаме недостаток на било какви апсорбирајќи зони, при што наместо некој дел од колата да се жртвува и апсорбира кинетичката енергија на судирот (пример моторниот простор) колата ќе се пресвитка во најслабата точка што најчесто е кабината.

Просто објаснето при брзина од да речеме 80км/х:
Нова кола -80% деформирана и жив возач
Стара кола - 30% деформирана и мртов возач

Пред се ова се случува бидејќи кај новите коли брзината со која запира телото при судир (пример од 80 до 0 км/х) е помала бидејќи претходи деформација на предницата која дава дополнителни милисекунди до тоталното запирање. Всушност смртните повреди многу почесто се случуваат како пукање на внатрешните органи поради премногу нагло запирање на телото од инерција.

Се користат и други финти. Еве пример кај малите SMART возила кои важат за доста безбедни е искористена финтата на додавање на навидум "непотребни" панели на страните од возилото кои се лабаво прикачени за каросеријата и при судир се распрснуваат околу возилото притоа превземајќи дел од кинетичката енергија од судирот.

2009-volvo-xc60-53_460x0w.jpg

*забележи ги на сликата меките материјали (ауминиум магнезиум) кои се користат во предницата, и екстра црврстиот челик кој се користи САМО кај кафезот.
 
Просто објаснето при брзина од да речеме 80км/х:
Нова кола -80% деформирана и жив возач
Стара кола - 30% деформирана и мртов возач

Ти држи вода теоријата за стариот автомобил, ама не баш и за новиот автомобил.
Последниве две сообраќајни несреќи кај Градско се потврда за тоа.
Прва сообраќајна несреќа: Нова кола -60% деформирана, мртов возач и мртви патници
Втора сообраќајна несреќа: Нова кола -40% деформирана, мртов возач и повреден сопатник

Е сега, некој ќе каже дека е глупаво да се прават споредби помеѓу удар на автомобил и автобус кај првата сообраќајна несреќа, и камион кај втората сообраќајна несреќа, но мора да се додаде и дека македонскиве патишта се неверојатно "прекрасни и безбедни", во вистинска смисла на зборот во наводници.
Но сепак, останува фактот дека, да, новите автомобили се направени за да бидат побезбедни, но не секогаш се онака безбедни како што треба.
Разликата помеѓу сообраќајна несреќа и земјотрес ти е големината на површината зафатена од ударот и количината на енергија што се ослободува.
Ако нема нешто однапред одредено да ја апсорбира енергијата што се ослободува, тогаш ќе има сериозни последици.
 
Чекај малку.
Автомобилот на сликата на пост #77 го има логото на Опел.
Сакаш да кажеш дека кинезиве и европски брендови фалсификуваат ?
Ако е така, тогаш Семоќниот нека ни е на помош.

не друже... врати се назад дна страна и види го пост бр.75
 
Не ми функционира исправно кликерот, па затоа дури сега ми стана јасно.
Јас си мислев да не прават кинезите 100% шкарт возила, при што се подразбира дека доаѓаат и со лого на европскиве производители, и да не ги продаваат како такви.
А вака се 99% шкарт возила, бидејќи тој 1% оригинал е само логото на производителот, додека се останато е шкарт.
 
абе не е само знакот, сообраќајната името брендот
 
Кинеска работа, не знам што друго да кажам.
А баш неодамна претседателот на Кина, Ху Џинтао, најави дека Кина ќе се фокусира на квалитетот, а не на квантитетот.
А како тргнале, богами, не ми делува како да се фокусирани на квалитет.
 
Од кај пак сега и проценка за квалитет? Дали воопшто знаеш што значи зборот "квалитет"?
Хинт: Нема врска со безбедноста, а тоа е на темата.
 
Под изразот квалитет се подразбираат карактеристиките на објектот кој е предмет на проверка на квалитет.
Кај производството на автомобили поконкретно, под квалитет се подразбираат карактеристиките на автомобилот кои се предмет на проверка на квалитет.
А во видео клиповите во пост #4, убаво ти се прикажани безбедносните карактеристики на кинеските шкартови, и од тука можеш да направиш проценка на безбедносниот квалитет.
Имаш и други карактеристики, како (не)удобност, брзина, потрошувачка, одржување, итн.

А што се однесува до кинескиот претседател, кој кажа дека Кина ќе се фокусира на квалитет, а не на квантитет, поентата на човекот му е дека Кина ќе се фокусира на подобрувањето на карактеристиките на нејзините производи, а не на количеството производи кои ќе бидат исфрлени во продажба (квантитет).
И богами, треба кинезите да се фокусираат на карактеристиките на нивните производи, барем на нивните автомобили, бидејќи ова што го покажуваат клиповите во пост #4, воопшто не зборува за некои добри безбедносни карактеристики, односно за добар безбедносен квалитет.

Сакаш пример за проценка на квалитет ?
Оваа кинескава фирма Хаиер, од која што владава наша ги купи компјутерите за македонските училишта, уште од своите почетоци почнала да се занимава со производство на фрижидери. Но во 1980-те фирмата западнала во долгови и загуби, поради слабиот квалитет на нејзините производи. Голем број нарачки или биле вратени или биле откажани, бидејќи готовите производи не биле исправни. И во време кога се очекувало фирмата да биде ликвидирана, во 1984 бил поставен нов генерален директор, кој од прва рака се уверил во слабиот квалитет на производите на фабриката, кога во 1985 некој купувач дошол со тазе нов и расипан фрижидер, неодамна купен, барајќи истиот да му биде заменет со нов. Кога директорот отишол со купувачот да одберат фрижидер во магацинот на фабриката, се изненадил кога открил дека од новопроизведените фрижидери кои чекаат да бидат продадени, дури 20% имале неисправни делови. Наредниот ден, директорот им наредил на вработените да ги извадат околу 76 од вкупно 400 новопроизведени фрижидери пред влезот на фабриката, им дал чекани и им наредил да ги скршат. Вработените не сакале да го уништуваат сопствениот труд, бидејќи во тоа време еден фрижидер чинел колку плата за 2 години, но директорот им рекол:
"Уништете ги !!! Доколку дозволиме овие 76 фрижидери да бидат продадени, ќе продолжиме да ја правиме истата грешка која што за малку ќе ја банкротираше нашата компанија".
Вработените го послушале и ги распарчиле фрижидерите, а како спомен од тој настан, еден од чеканите до денешен ден е во излог во седиштето на Хаиер. Како резултат на ваквото менаџирање на фабриката, Хаиер денеска е еден од најголемите производители на бела техника во целиот свет, а и од Македонија си собра пари за 100.000 компјутери што македонската влада ги купи од него.

Е тоа ти е проценка на квалитет, побратиме.
И исто како што и дамите и господата во Хаиер се опаметиле, така треба да се опаметат и кинеските производители на автомобили, на електроника и се останато што се произведува во Кина, и никој нема да им биде рамен.
 
Според мене квалитет=прецизност+трајност+издржливост+едноставност+модерен дизајн.

--- надополнето ---

Не играат само семафорите клучна улога во сообраќајот, побратиме.
Имам две очи што Бог ми ги дал за да гледам, а во сообраќајот не се сведува се само на црвено, жолто, зелено, означени ленти и означени пешачки премини, ги има секакви, а и јас имам такви смртни случаи во моето семејство, ама не биле удрени со стари канти, туку со нови и модерни автомобили.
А за да биде уште полошо, последниот член на моето семејство кој загина пред нешто повеќе од година дена, воопшто не беше удрен од пијаница, туку од некој кретен, кој очигледно не бил со паметот и очите на автопатот, туку на некое друго место, додека ја држел ногата на гаста. А кретенот возел Опел, не помнам конкретно кој модел, ама помнам дека не бил постар од 5 години.
И на крајот се се сведува на човечкиот фактор, баш како што и ти потврди во твојот пример со пијаницата.
А бидејќи на моето семејство му се случи тоа што му се случи, јас не гаам толкава надеж во сензорите, ќе гаам надеж кога ќе излезе нов автомобил, за кој статистиката на сообраќајни несреќи ќе изнесува чисти 0,00%.
До тогаш, паметот и очите на автопатот, и внимавај како возиш.
Не е важно што возиш, се додека превозното средство е исправно, и се додека со очите и со паметот си на автопатот, а ако не си, мисли му ја, бидејќи сеуште не е исфрлен во продажба автомобил со сензори кои откриваат каде си со очите и паметот додека ја држиш ногата на гаста.

Жал ми е за твоите блиски што имале трагична судбина, развитокот на човештвото оди полека, но оди, преку ноќ не може да се измисли таков робот како што ти посакуваш, и сега разбирам зошто си ти толку разочаран и немаш доверба во новите технологии.
За тоа што ти го посакуваш ке треба уште мнооогу години истражување и конструирање. Совршенство е само едно, ние сме луѓе и се приближуваме кон совршенството, иако тоа е светлосни години одалечено од нас.
Затоа, подобро е она што е откриено во поскоро време бидејки е поусовршено од претходното.
Не е исто Мерцедес од 50та година и мерцедес од 2010та.
 
Сакаш пример за проценка на квалитет ?
Оваа кинескава фирма Хаиер, од која што владава наша ги купи компјутерите за македонските училишта, уште од своите почетоци почнала да се занимава со производство на фрижидери. Но во 1980-те фирмата западнала во долгови и загуби, поради слабиот квалитет на нејзините производи. Голем број нарачки или биле вратени или биле откажани, бидејќи готовите производи не биле исправни. И во време кога се очекувало фирмата да биде ликвидирана, во 1984 бил поставен нов генерален директор, кој од прва рака се уверил во слабиот квалитет на производите на фабриката, кога во 1985 некој купувач дошол со тазе нов и расипан фрижидер, неодамна купен, барајќи истиот да му биде заменет со нов. Кога директорот отишол со купувачот да одберат фрижидер во магацинот на фабриката, се изненадил кога открил дека од новопроизведените фрижидери кои чекаат да бидат продадени, дури 20% имале неисправни делови. Наредниот ден, директорот им наредил на вработените да ги извадат околу 76 од вкупно 400 новопроизведени фрижидери пред влезот на фабриката, им дал чекани и им наредил да ги скршат. Вработените не сакале да го уништуваат сопствениот труд, бидејќи во тоа време еден фрижидер чинел колку плата за 2 години, но директорот им рекол:
"Уништете ги !!! Доколку дозволиме овие 76 фрижидери да бидат продадени, ќе продолжиме да ја правиме истата грешка која што за малку ќе ја банкротираше нашата компанија".
Вработените го послушале и ги распарчиле фрижидерите, а како спомен од тој настан, еден од чеканите до денешен ден е во излог во седиштето на Хаиер. Како резултат на ваквото менаџирање на фабриката, Хаиер денеска е еден од најголемите производители на бела техника во целиот свет, а и од Македонија си собра пари за 100.000 компјутери што македонската влада ги купи од него.

Е тоа ти е проценка на квалитет, побратиме.
И исто како што и дамите и господата во Хаиер се опаметиле, така треба да се опаметат и кинеските производители на автомобили, на електроника и се останато што се произведува во Кина, и никој нема да им биде рамен.

Добар пост, зеленко ќе ти дам.
Само, не се работите како што мислиш.
Ламборџини знаеш што произведувал пред 80-90 години? :)
 
Според мене квалитет=прецизност+трајност+издржливост+едноставност+модерен дизајн.

--- надополнето ---

Жал ми е за твоите блиски што имале трагична судбина, развитокот на човештвото оди полека, но оди, преку ноќ не може да се измисли таков робот како што ти посакуваш, и сега разбирам зошто си ти толку разочаран и немаш доверба во новите технологии.
За тоа што ти го посакуваш ке треба уште мнооогу години истражување и конструирање. Совршенство е само едно, ние сме луѓе и се приближуваме кон совршенството, иако тоа е светлосни години одалечено од нас.
Затоа, подобро е она што е откриено во поскоро време бидејки е поусовршено од претходното.
Не е исто Мерцедес од 50та година и мерцедес од 2010та.

Се согласувам, но немој погрешно да ме разбереш.
Јас сум зависник од технологија, но тоа не значи дека 100% верувам на се и сешто.
Тоа сакав да го потенцирам.

Мене не ми се брза, подготвен сум да чекам додека да ги усовршат автомобилите за да бидат уште побезбедни.
Но една работа што цел свет мора општо да ја прифати, е дека совршеност едноставно не постои.

Добар пост, зеленко ќе ти дам.
Само, не се работите како што мислиш.
Ламборџини знаеш што произведувал пред 80-90 години? :)

Трактори.
И откако заработил добра пара, си купил Ферари, и открил дека квачилата на возилата на Ферари се од неговите трактори и му рекол на Ензо Ферари дека тоа не е во ред, од техничка гледна точка.
Ферари му рекол да си брка работа и да си прави трактори, а производството на автомобили да му го остави на него.
Ламборџини му рекол: "Ќе ти покажам јас на тебе како се прави автомобил", и богами Ферари научил дебела лекција од Ламборџини.

Е па, и кинески Хаиер, како што пишав во пост #99, почнале да се занимаваат со производство на фрижидери, а денеска произведуваат и аспиратори, телевизори, компјутери, се и сешто од бела техника.
Не се станува бренд преку ноќ, треба да се учи и да се напредува.
 
Ти држи вода теоријата за стариот автомобил, ама не баш и за новиот автомобил.
Последниве две сообраќајни несреќи кај Градско се потврда за тоа.
Прва сообраќајна несреќа: Нова кола -60% деформирана, мртов возач и мртви патници
Втора сообраќајна несреќа: Нова кола -40% деформирана, мртов возач и повреден сопатник

Е сега, некој ќе каже дека е глупаво да се прават споредби помеѓу удар на автомобил и автобус кај првата сообраќајна несреќа, и камион кај втората сообраќајна несреќа, но мора да се додаде и дека македонскиве патишта се неверојатно "прекрасни и безбедни", во вистинска смисла на зборот во наводници.
Но сепак, останува фактот дека, да, новите автомобили се направени за да бидат побезбедни, но не секогаш се онака безбедни како што треба.
Разликата помеѓу сообраќајна несреќа и земјотрес ти е големината на површината зафатена од ударот и количината на енергија што се ослободува.
Ако нема нешто однапред одредено да ја апсорбира енергијата што се ослободува, тогаш ќе има сериозни последици.
Челик против алуминиум.
 
:nenene: Тостери бе.

Не ми се бара пак по интернетов. Само сакав да ти кажам дека квалитетот на производот на една компанија зависи од различни фактори. Нормално дека секогаш е во спротивна насока од квантитетот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom