Потврдено од лице место
За оние кои имаат некој план за доаѓање во Шведска ,прочитајте што напишала девојкава .
Што знаеш па ти, намерно така збориш оти нејќеш и на другите да им се уарни! :pos2:
Само што ќе влезеш во ЕУ ти доаѓа агент кој ти нуди беслатен смештај додека ти најдат работа, значи, ти не бараш самиот туку они се грижат за се', ти плаќаат за тоа време според минимална плата во соодветната држава, а после тоа почнуваш да работиш исто како и нивните државјани.
Оние кои доаѓаат од Македонија не мора да плаќаат сметки и даноци првите три години, додека да заработат неколку десетици илјади евра и дигнат куќа на 2-3 спрата. Тоа е овозможено поради повисокиот степен на квалификувани кадри од Македонија и се обидуваат да не' привлечат, да останеме таму, бидејќи немаат толку работливи и интелигетни работници.
Исто така, за сите што планираат да одат некаде во ЕУ, да знаат дека државата во која одат е должна, повторувам, е должна да им обезбеди курсеви по јазик. Се што треба е да отидете во најблискиот пункт за емигранти.
За кредити земање е навистина проста работа, врз основа на твојата даночна историја, односно ако плаќаш редовно сметки и даноци кон државата, банките ти одобруваат кредити по поволни стапки. Станбени кредити се доделуваат со 90% учество на државата за младите брачни двојки, доколку се работи за странски државјани тогаш државата ја презема одговорноста за кредитот на 3 години во целост, за да можат младите да се постават на “нозе“, да заработат и да направат деца.
Децата пак, добиваат бесплатно школство, медицинска нега и по европската програма за анти-дискриминација, сите деца добиваат еднакви стипендии, кои се доволни да се прехранат, купат облека и прибор за школо, а со тоа да се покријат сите разлики меѓу учениците, да можат безгрижно да учат.
Доколку се запишат на факултет, државата ги стимулира со бонус стипендија, а доколку завршат факултет, државата зеде обврска да им најде работа во рок од 6 месеци после завршување на високото образование, како дел од програмата за развој на квалификувани млади кадри.
Поради сето ова, нивните девојки се раѓаат убави, поубави од нашите, имаат поголеми цицки, научно докажано е дека плавата коса е резултат на животниот стандард, па затоа впрочем во Скандинавските земји има најголем процент на плави луѓе.
Голем дел од Турците и Курдите кои подолго време живеат таму, почнаа да го губат темниот пигмент и да стануваат се' посветли, со небесно-сини очи и плава коса.
.... доколку некого го интересира нешто повеќе, поконкретно нека пише овде, со задоволство ќе се поделам со своето искуство.