Кој сака (повторно) да ја расчеречи Македонија?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Валканиот Али и чистите идиоти

Минатата недела го прашав јавно премиерот Никола Груевски дали знае кој е на власт во Македонија. Го повлекувам прашањето зашто го добив одговорот. Со Македонија и денес и вчера и завчера владеат тајните служби, џандарите (џандареску), кои ги држат за јајца своите вмрежени соработници во сите сфери и на сите нивоа. Тие се и натаму најголемите работодавци, кои за час отвораат и фабрички погони и фабрики за производство на отровен отпад. Технологијата е позната и вечна, суровината секундарна и обновлива, а бескрајно евтина, а производот чисто радиоактивно ѓубре.

И така, на ред дојде Али Ахмети! Тој да ти бил српски шпион. Како таков, демек шпион, тој за потребите на српските служби ја формирал ОНА и бил еден од основачите на ОВК. Ова го дознавме преку „Дневник“, пред чиј двор едно утро се нашло досието „Ибар“. Уредништвото, кое до вчера врескаше на власта дека во своите спектакуларни апсења ја прекршувала презумпцијата на невиност, а со тоа и демократијата, сега, без мува да го полази, го распосла „документот“. Од тој миг се отвори производствената линија што штанца „одјеци и реаговања“. Со индикативно отсуство на „активистите“ за човекови права.

Стокмиле загрижени фаци божем се нормални луѓе со развиена совест и свест за лична одговорност и штанцаат изјави за ретронастани полни со грижа за државата, даваат бесплатни совети како да се надмине ситуацијата, оти знаете што? Македонија пак е во криза! А кризите во Македонија со математичка точност можат да се предвидат: тоа е секогаш во период кога службите и нивните политички експозитури не се во директна врска со парите и со власта (значи моќта), тоа се периоди кога Македонија е пред нова фаза на државна демонтажа и секогаш кога се очекува нов извештај на НАТО или на ЕУ. Целта е името на државата и македонскиот народ. Операцијата е уникатна и многузначна. А мрежите се одамна инсталирани и евтини за одржување.

Али Ахмети денес на сопствена кожа гледа што значи за една секунда од угледна личност да станеш пачавра. Пред десет години Американците, оние чие знаме заљубено го вее како свој симбол на припадност, му го претставија на светот како востаник за човекови права и пасиониран љубител на книгата. Денес тајни служби им го прикажуваат на Македонија и на Албанците, каде и да се, како „Валканиот Али“.

И тогаш и сега има само една константа: за јавниот имиџ во новата фабричка епизода се грижат македонските журналисти.

Тоа се оние за кои ексминистерот за внатрешни Томислав Чокревски во 1997 година изјави дека „се во административен брак со полицијата и се толку многу трудни што само што не се породиле“. Тоа се истите оние за кои ексминистерот Љубомир Фрчкоски во 1994 година кажа дека се „полуинтелигенти, кои без прашање извршуваат сe што ќе им се каже“, односно дека се „печурки што ги одгледуваш во подрум и ги храниш со гомна“. А тие не само што не му се лути, ами го сметаат за свој пријател.

Истите тие новинари и невладини „активисти“ што на прв знак од американската амбасада и олеснувачите на НАТО во 2001-та потрчаа во Шипковица за да испијат кафе со балканскиот Че, додека неговите борци за човекови права го организираа масакрот на Карпалак, Љубанци, убиваа, палеа и киднапираа, без трошка срам, денес констатираат дека досието на Ахмети фрлало ново светло на настаните во 2001 година.

Тоа се истите вагонетки на новинарската композиција заведена во тајните служби под цинично име како „ресенски воз“ - Г17. Македонија нема железнички пруги, но оваа, бате, ем е виртуелна ем функционира, а плус е редовно проширувана и надградувана. Зашто бизнисот бележи процут, особено кога ЕУ е во криза, а НАТО е компромитиран. А кога ним не им оди, Македонија редовно страда.

Во прашање се истите „меинстрим“-новинари што без критичка задршка ја славеа промената на Уставот под закана од оружје (која Уставниот суд не ја коментираше) и го поздравија гранде-влегувањето на Ахмети во македонските институции. Ја глорификуваа коалицијата на победничкиот СДСМ со ОНА во 2002 година. Наапаниот Бранко Геровски, кој глуми жртва на репресија, сега е лут што не му се извинувале, а тогаш падна во севдах предвестувајќи го процутот на дудучкото новинарство под раководство на евроатлантски диригенти.

Му се нафрлија на новиот мандатар Груевски зашто во 2006-та го избегнуваше Ахмети. Му ја соборија владата заедно со СДСМ, ЛДП, ЛП, НСДП и ДПА во 2008 година, зашто бил тврдоглав и не го сменил името на државата и зашто не ја сакал ДУИ со Ахмети за коалиционен партнер.

Тоа се истите што потоа беа и против предвремените избори. Оние се што произведоа стотици коментари во кои го повикуваа востаникот Ахмети, откако влезе во Владата, да излезе од неа, зашто Груевски го понижувал „ел команданте“ Ахмети.

Без трошка совест, јавно ја спалија Македонската енциклопедија, која ги навредувала Ахмети и неговите соборци од ОНА, за сега, повторно по налог на тајните служби во регионот и секако со асистенција на конкретни амбасадори, на истиот човек да му објавуваат анекси на биографијата. Зашто денес пак е време Македонија да биде расчеречена.

Планот веќе е познат: компромитацијата на врвот на ДУИ, преку улична лустрација што ја вршат валкани новинари за целите на валкани политичари, а на штета на државата Македонија, значи отворање пат на старото грчко-српско сценарио (на Мицотакис, Самарас и Милошевиќ), кое е општо прифатено во НАТО и во ЕУ.

Тоа подразбира пад на непослушната влада и инсталација на уште еден пострамковен режим на чело со Бранко Црвенковски, кој заедно со добрите дуиџијки Теута Арифи и Ермира Мехмети, а под будното протекторско водство на странските пријатели, ќе ги прифати сите грчки црвени линии по кои Македонија како држава ќе престане да постои, на нивно задоволство.

Да заклучам: Васко Попетрески во името на уличните дилери на полициски досиеја ни предлага мораториум на озаконетата лустрација за претходно државата да се договорела која ќе и била целта со лустрацијата. Владо Бучкоски, шокиран од прилозите за новата биографија на неговиот политички содружник Ахмети и негов директен соборец за рамковна Македонија, бара ревизија на настаните од 2001 година, оти тој ништо не знаел. Владе Милчин, организаторот на фабричката пропаганда во 2001 година, јавно прашува што правеле службите во 2001 година, кои, демек, на таквите како Милчин им го подметнале валканиот Али, а извесен „аналитичар“ Нијази Мухамеди бара заседание на државниот совет за безбедност.

Е па, господо транзициски муватори, странски лобисти и исполнувачи на каквигоде агенди, не ја бива повеќе оваа драмолетка! Не зашто државата станала посилна, туку поради една проста „ствар“ што не сте ја разбрале, а зашто сте со кратка памет, ви ја запишал Блаже Конески во осумдесеттите години на минатиот век кога го цитирал Темко Попов, македонски револуционер, кој уште во 1898 година кажал: „Националниот дух во Македонија денес го достигна тоа ниво што дури и Исус Христос да дојде од Рајот, нема да може да ги убеди Македонците дека тие се Бугари или Срби“.

Автор: Мирка Велиновска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1029101040571&id=13&prilog=0&setIzdanie=22119
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
И пак текстот нема врска со распарчување на Македонија, туку со нејзино шљапање (кое ќе се случи кад тад), чиј креатори ќе бидат некои други (странци), и каде место Груевски (медиокритет и идјот) ќе владее друг Груевски, таканаречен Црвенковски.

Бреј Мирке мори, ти течи умот од ушите, со лајца ќе сркаме од тебе, да не учиш.
 
S

smart ass

Гостин
Ма кога ќе видиш 2001ва требаше Армијата да ја заземе власта и да реш се за две недели туку на тогашната власт им беше поважен Tелеком и Окта.

СЕГА е интересно, не верувам дека Mакедонија е под ризик од тоа сценарио на Mилошевиќ -- вистинскиот непријател на државава е внатре, инсталиран веќе со години (уште додека бевме во Југославија).

Ннормално треба заседание на советот за безбедност, а Ахмети правец Белград или казна евентуално ... туку ме чуди зошто НЕ СУДАТ ЗА МАСАКРИТЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ и за БРИОНИ...алооо СУДСТВООООО!!!

Мора прислушување, а агенциите за разузнавање директно да одговараат кај хорхе-МВР никаква поврзаност со нив!!!

И да додадам ЕУ не ни може АПСОЛУТНО НИШТО и не е никаков фактор (ма кој ги е*е ЕУ кој ги слуша-само наивни и глупи) со НАТО сме партнери, исклучувам опција за делба но не и опција за промена на власта.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.284
Стокмиле загрижени фаци божем се нормални луѓе со развиена совест и свест за лична одговорност ...
Ова е најдобро и вистинито кажано за овој платенички слој кој наводно отсликува мнение на некаков имагинарен процент на население. Не знам зошто би им верувал за било што.

Инаку не ја мирисам многу Мирка. Од нејзе имам прочитано најгзолижачки про-Бранко текстови, во деведесетите (имаше еден ултра комуњарски неделник тогаш, на врв јазик ми е, али не ми текнуе, ако на некој му текне како се викаше нека каже). Она ми е еден од најкомуњарските новинари што сум ги прочитал, ever.

На оваа денешнава Мирка секоја чест, и се отвориле очите, али ја сум злопамтило.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
И се отвориле очите, и неа и на Латас. Јако е, парите отвараат очи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.284
И се отвориле очите, и неа и на Латас. Јако е, парите отвараат очи.
I dont give a shit дали за пари го прави тоа или не. Се додека го праи, ОК е.
Доста off-topic-ци:

Лидерот на ДПА Мендух Тачи го возвраќа ударот кон косовскиот врв. Се плашите за себе, затоа застанавте зад Ахмети, вели гневниот лидер на ДПА во отворено писмо до косовските лидери.

Вчера Јакуп Красниќи и дел од министрите и пратениците застанаа зад Ахмети, а за клеветите ги обвинија српските служби и Тачи.

„Вие, г.Красниќи, во народот познат како неблагодарен човек, следен од корумпираниот министер Фатмир Лимај, од арпаџикот Нахит Хасани, како и од русофилот Емруш Џемајли без каква била дилема го поддржавте вашиот компањон Али Ахмети осудувајќи ме при тоа мене - такво право можат да препишуваат себеси само тие што соработувале со такви институции па знаеле што е вистина а што е лага“, пишува во писмото.

Тачи прашува зошто на изборите 2006 ја добив вашата поддршка. Бидејќи се сомневавте дека со Али Ахмети не е нешто во ред.

Затоа Ахмети бил избркан од централниот штаб на ОВК објаснува Тачи во отвореното писмо. Кога бевте во право тогаш или сега.

„Вие немате никаква почит кон Али Ахмети, но се плашите од можноста оваа лавина на сомнежи да не ве зароби и вас“, пишува во писмото.

Тачи бара од косовскиот државен врв да ги разоткрие вистините од тој како што го нарекува трагичен период во историјата на Косово.

Имате национална должност да го откриете предавството што се развива во ваше присуство. Јас ќе ја откријам вистината без оглед на последиците завршува Тачи.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ма кога ќе видиш 2001ва требаше Армијата да ја заземе власта и да реш се за две недели туку на тогашната власт им беше поважен телеком и Окта.

СЕГА е интересно,не верувам дека македонија е под ризик од тоа сценарио на милошевиќ-вистинскиот непријател на Државава е внатре,инсталиран веќе со години(уште додека бевме во Ју),нормално треба заседание на советот за безбедност, а ахмети правец белград или казна евентуално...туку ме чуди зошто НЕ СУДАТ ЗА МАСАКРИТЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ и за БРИОНИ..алооо СУДСТВООООО!!!!!

Мора прислушување,а агенциите за разузнавање директно да одговараат кај хорхе-МВР никаква поврзаност со нив!!!

И да додадам ЕУ не ни може АПСОЛУТНО НИШТО и не е никаков фактор(ма кој ги е*е ЕУ кој ги слуша-само наивни и глупи)со НАТО сме партнери,исклучувам опција за делба но не и опција за промена на власта.
EE... A глеј ги албиве, сакаат да зимаат пензија и придонеси дека се бореле во 2001 :). АЛи треба да се обеси на стрелките на часовникот на старата железничка... а за другите ГОЛИ ОТОК! А Црвенковски што е замешан во војната, замешан е.. немаше друг начин да се спријатели со албите, да направи кеш, и да ја собори власта... за него најдобро би било да се камшикува до смрт..
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Сите се шпиони што имаат влезено во парламент, собрание или се на високи државни функции.
Ако не го знаете тоа читајте повеќе, така вели Грујо.
 
S

smart ass

Гостин
EE... A глеј ги албиве, сакаат да зимаат пензија и придонеси дека се бореле во 2001 :). АЛи треба да се обеси на стрелките на часовникот на старата железничка... а за другите ГОЛИ ОТОК! А Црвенковски што е замешан во војната, замешан е.. немаше друг начин да се спријатели со албите, да направи кеш, и да ја собори власта... за него најдобро би било да се камшикува до смрт..
Црвенковски е последен виновник за војната - а кој беше на власт? :)
Кој го држеше МВР??
Кој ДОЗВОЛИ да изгуби 30% од територијата преку ноќ(а имаше прислушувања памтите)-каде беа МВР, УБК???

Тогашната власт намерно дозволи да се случи тој конфликт и си играа натиго-дајмиго глумејќи неспособност додека Бугарија понуди помош (официјално), паралелно се собра се' од Телеком 700 милиони и од единствената рафинерија во Р.М.

2002-ра Македонија уништена, стопанството катастрофа, омраза вештачка -- сепак СДСМ успеа уствари се ЖРТВУВАА (коалицирајќи со ДУИ знаеа дека ќе изгубат) за Македонија и навистина успејаа да ја вратат државата во нормала како и да ги исполнат НАТО стандардите-поканата 2007-ма за НАТО е заслуга баш на СДСМ и Професионалците во АРМ.

Да не се разбереме грешно ама мислам дека денешно ДПМНЕ нема аргументи,ниту пак идеи и крека како повторачки папагал Бранко Бранкоооо КУУ КУУУ... и тоа полтронизира младина -- нека им кажат старите дека кога бевме под грчко ембарго и план за делење Бранко беше премиер и ја одржа Македонија-бранко изгуби 1998-ма и тогаш Р.М. умре!

Љубчо и тогашното ДПМНЕ ја уништија Р.Македонија таква каква што ја знаевме -- ова е друга Македонија, рамковна и е резултат на Љубчо. Затоа Б.Ц е државник -- и секако не е чист и јас не го сакам, ама барем сум реалист Б.Ц. утна со приватизацијата...можеше законот да го смени ама...

Бугарија види ја-има минско поле према Турција, ма гинат емигранти а гајле им е додека ние ги уништивме мините...епа ќе има калашникови,зољи и кинески 120мм топови!!!

П.С. Македонија треба да побара од Косово да изрази официјално БЛАГОДАРНОСТ (црно на бело) поради примените и згрижените косовари и хуманиот третман и гостопримство.
 
М

Мартин`

Гостин
Единствена цел дестабилизација на Македонија режизирано од СДСМ и останата про-грчка машинерија.
 
М

Мартин`

Гостин
Шо разбираш под термот дестабилизација ти?
Едноставно да се формираат сигурно протести си во големи размери пред се организирани од опозицијата, потоа да се разбие моменталната влада ВМРО - ДУИ која очигледно има голема подршка од двете страни Албанци и Македонци зошто опозицијата не може да најде чесен начин па сега започнаа и со оцрнување на личности. Желбата за власт е преголема на БЦ и останата опозиција на која единствен успех им е во последно време гостување во А1 телевизија.

А да и сигурно ќе се направат и повторно некакви проблем ако случајно еве за Али Ахмети се потврди дека соработувал со некакви си тајни служби па потоа неговите приврзаници ќе прават проблеми/протести и нема крај искрено. Наместо да се замараме со попаметни работи ние ќе гледаме сега по 20 години кој бил шпиун итн.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Мислам дека Вмро Дпмне работи у Бугарска корист, али времето ќе каже.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Кога си веќе кај тоа, не ја заборавај сврбија. Од таму се смрди. Да не беше усраниот Милошевиќ, еден куп народ ке преживееше и немаше да имаме волку проблеми.

П.С. Намерно се пишани со мала буква, не заслужуваат повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom