- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
Свештеникот пред кој се исповеда верникот се исповеда пред друг свештеник, така едноставно ние се исповедаме еден на друг. Никаде не пишува дека треба ако се исповедам пред тебе и ти пред мене да се исповедаш. Кога Исус ги поучувал, припремал апостолите за нивната мисија вака ги учел: „ На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!” (Јован 20,23), а подоцна по примањето на Светиот Дух, апостолите всушност ги овластуваат свештениците да чинат такви нешта.Исповедање еден на друг, значи јас да ти ги исповедам гревовите тебе и ти да ми ги исповедаш гревовите мене. Дали ти кога одиш кај свештеникот да му ги исповедаш гревовите, тој ти ги исповеда своите гревови тебе? "Еден на друг" е двонасочна релација, а не еднонасочна релација "мирјанин -> свештеник".
Патем, стихот воопшто не вели дека ако не ги исповедаш гревовите на некој друг (свештеник) дека нема да ти бидат простени. За жал сите православни цркви учат дека обичниот верник мора да ги исповеда своите гревови пред свештеникот и дека ако тој не му ги "разврзе", дека Бог нема да му ги прости.
Исто така вториот дел вели "молете се еден за друг" и тоа исклучиво се однесува за телесно живите христијани. Во Библијата има стотици молитви и нути една, буквално НИТУ ЕДНА молитва не е упатена од некој починат верник. Апостолите можеле да му се помолат на Св. Илија, на Св. Мојсеј, на Св. Авраам, на Св. Јован Крстител, на Св. Јаков (откако починал), но сепак не наоѓаме ниту една таква молитва во обемната содржина на Светото Писмо. Напротив, сите молитви се упатени до Господ Бог и само до Него!
Тогаш зошто католиците и православните упатуваат молитви до св. Петка или до богородица? Зошто велат "Пресвета Богородица спаси не!" Зарем блажената Марија беше распната за вас? Зарем таа плати за вашите гревови? Зошто ја нарекувате спасителка? Зарем Христос не е единствениот наш Спасител?
--- надополнето ---
А зошто одобрувате ценовници? Цитирај ми во Библијата каде тоа Христос и апостолите наплаќале за крештавање, погреб, брак или сл? Зарем не рече Христос: „бесплатно добивте, бесплатно давајте.“ (Матеј 10:8). Зарем не вели Словото „Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2 Коринтјаните 9:7) Тогаш зошто православните цркви користат ценовници? Зарем не треба нејзините услуги да бидат бесплатни, а секој доброволно да остави пари во касите за доброволен прилог?
--- надополнето ---
Би сакал да ви цитирам нешто од Православниот молитвеник на Брегалничката епархија (стр. 224)
„Кога и како се целиваат светите икони?
При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средината, па и оние отстрана...
Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:
се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон..."
А сега споредете го ова со зборовите на светиот апостол Петар:
"А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!” " (Дела 10:26, Библијата)
Епа ако телесно живиот апостол Петар го уркоил Корнелиј затоа што овој му се поклонил, тогаш зошто православието не учи како да се поклонуваме пред нивните икони и да ги целиваме?
Во врска со вториот дел „молете се еден задруг“, ние не се молиме за мртви туку за живи членови на Црквата. Тие членови кои се упокоиле во Христа не се мртви, туку се само членови на небеската Црква Христова. А ако мислиш зошто се молиме упокоените во Христа светители да се молат за нас на нашиот Господ Исус, тоа е многу јасно затоа што тие кои се стекнале со светоста уште во земскиот живот, се молат за нас пред Божјиот престол: „затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе...“ (Откровение 7,15).
Што се однесува до Богородица, Дева Марија, ние не мислиме дека таа беше распната на крстот за нас, но знаеме дека таа Го роди нашиот Спасител, Го носеше во својата утроба, затоа вели: „Отсега ќе ме ублажуваат сите родови (ќе ме нарекуваат блажена)“ (Лука 1,48), а доколку не беше Пречиста, Пренепорочна итн. немаше ни да биде „избран сад“ во кој се всели Бог лично.
Што се однесуваа до целивањето икони и воопшто нивната употреба во Православната Црква, ние кога ги целиваме иконите, не го чествуваме со тоа материјалот од кој се направени,туку исто како кога ја бакнувам сликата на која е мојот син и сл. изразуваме милост, почит, љубов кон она што е на сликата/иконата.
За ценовникот на МПЦ не сум кадарен да дискутирам, но сепак таа има реални материјални трошоци кои мора да се покријат. Секако, се случуваат и злоупотреби, но на крајот секој ќе си одговара на Страшниот Суд за себе.
Наеднаш начна многу теми Чорбаџи, па немав реална можност на секоја да обрнам посебно внимание, затоа вака кратко се потрудив да ти одговорам.
Но, те прашувам тебе: Дали е тоа доктрина на црквата на која припаѓаш да плукаш по се' што е Православно или има работи со кои може да се „пофалите“. Ова го ставив во наводници, за да не мислиш дека сакам со тоа да навредам.
Поздрав, Господ нека те води во вистината.
--- надополнето ---
Одговорени се многупати, но некој едноставно ги прифаќа единствено оние одговори кои му одговараат и кои се совпаѓаат со неговите размислувања. А да ги поставиме вака работите, како тоа Православната Црква опстојува веќе повеќе од 2000 години и покрај сите напади и обвинувања на нејзина сметка ? Кои се тие цркви кои се одвоија од неа, а потоа од нив произлегоа еден мал милиод други цркви и како што се појавуваат така и ги снемува ? Без навреда.Чорбаџија, сите овие работи што си ги спомнал, се спомнувани и прашувани 1000 пати на овој форум.
Никогаш не се одговорени зошто така постапуваат во православната црква.
Зошто не сакаат да увидат дека толку многу грешат што се поклонуваат пред икона и што се молат на Богородица и други светци.
Зар православната црква како христијанска заедница не ја има и застапува Библијата, или пак ја застапува ама само тоа што ним им одговара, а останатото сами си го измислуваат и го вкоренуваат како такво.
Овде лежи клучот на искреноста, колку е подготвена Православната црква да ја застапува Библијата, да ја исполнува, да ја прикажува вистината на народот каква што е напишана во Светото писмо, како што пишал Господ Бог, а не ние луѓето да си измислуваме и да си ставаме некои правилници, цени,закони и правила.
До кога ќе играме улога на богови?