Има доста фокуси на Mobile.bg отприлика 3500-3700 евра, од 2003-2004 година, со фул опрема и TDCi мотори... а сите до еден се со километри максимум 180-200.000 изминати.
Тука ми е недоумицава... колку можи кола стара 6 години да биди растурена од возење. Треба просек во месецот по 50.000 километри да врвиш за да после 6 години има скоро 400.000, а годишниот просек е 15-20.000 километри, значи нормално возење. Затоа ме чуди, што најскапиот фокус од тие години е 4000 евра, а ниеден немаше повеќе од 200-250.000 км поминати. Колку има логика 90% од сите коли (во случајов фокуси) на страната да бидат со маана, растурени од возење, премотувани итн итн...?