тоа е најголемата човечка илузија - идеалност. Од премногу трагање за идеалност, не го чувствуваме оноа што е идеално за нас - животот.
Прекрасно. Апсолутно прекрасно кажано.
Никогаш не сум ја разбрала потребата од “конструирање“ на идеален човек. Зошто? Која е потребата? Зошто мора да има дефиниција за идеално? Многу работи во нашите очи се совршени, а на некој друг да му се чинат максимално погрешни и залудни.
Мислам дека е доволно да се посветиме да го извлечеме најдоброто од животот додека можеме, да го направиме најдоброто со она што го имаме во зависност од условите и околностите и она што нам ни пречи кај себе да го подобриме.
Не треба да го бараме и креираме идеалниот човек, затоа што со самата потрага се губиме самите себе.
За мене единствена совршеност е љубовта како чувство, како нераскинлива врска.