КОИ СЕ ГЛАВНИ ФАКТОРИ ЗА ВАРИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР?

  • Креатор на темата Креатор на темата Peckoo^
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2007
Мислења
29
Поени од реакции
10
Баш ме интересира ова. Последниве 2 недели се нервирам у п.м . на сите долари сто ги имам, разликата меѓу 10 септември (требаше тогаш да си ги сменам во евра) и вечерва ми е 2000 евра минус :( и не знам што да правам, молам за совет, а то доларот уште си паѓа надолу :(
 
Баш ме интересира ова. Последниве 2 недели се нервирам у п.м . на сите долари сто ги имам, разликата меѓу 10 септември (требаше тогаш да си ги сменам во евра) и вечерва ми е 2000 евра минус :( и не знам што да правам, молам за совет, а то доларот уште си паѓа надолу :(

Претпоставувам дека ќе паѓа до кај Јануари кога обично почнува да се крева, овај период обично го туркаат удолу оти купуваат многу нафта за претстојната грејна сезона.

Но, можно е Грциве(или Шпанија, Португалија, Ирска) повторно да влетаат со нивната економија и да го еб*т еврото.

Така да едно правило за доларите сеуште важи, не се нервирај дали паѓа или се крева, туку гледај да заработиш што повеќе :)
 
rolleye0002.gif


Овој период од годината паѓа доларот, а расте на зима. Така е секоја година. :toe:
 
rolleye0002.gif


Овој период од годината паѓа доларот, а расте на зима. Така е секоја година. :toe:

Еве еден графикон за сезонска анализа.. Ова е споредба на месечни просеци во однос на годишен.. Не се гледа баш некоја видлива шема на повторување... за прецизност треба истово да се испроба за различни временски просеци.. пр.квартални, неделни итн.. после истото да се повтрои за 10тина години уназад и ако се најде сличност помеѓу овие историски варијации тогаш можиме да нагаѓаме како треба да реагира доларот во одреден период од годината - ако воопшто доларот зависи од нешто со сезонски карактер.
 

Attachments

  • sesonzski.JPG
    sesonzski.JPG
    36,4 KB · Прегледи: 25
Движењето на доларот во однос на еврото го следам на http://www.anyoption.com/jsp/index.jsf.
Ова го постирав и на темата : Како да заработиш пари на нет
Дали некој слушнал, видел на овој сајт што се се нуди?
Дали не е СПАМ?
Дали вејќе некој го испробал?
 
Тука најдобро се следи ситуација, се рефрешира секои 30 секунди
http://www.xe.com/
Али јас темава ја отворив затоа сто ме интересира која е причината, што мислите, зошто вака варира доларов. Не знам дали да ги сменам сега во евра или да почекам , а најболно е тоа што никој ен зане да ми кажи, ни Барак Обама не знае :))) , а мене секој ден се помалку и помалку ми вредат моите единствени 23 000 $ , да не ми беа единствени немаше да му ја мислам олку многу !!!!!
 
ок е прашањето на односот меѓу светските валути, но можеби е поарно да се рашири прашањето за да се добие и повалиден одговор. Претпоставувам дека разликата во односот евро/долар ги загрижува оние кои имаат одредена заштеда, ценам дека на 99 отсто од нашите граѓани таа им е болката и дека не тргуваат на форекс или не вложиле во хартии од вредност со долар или евро деноминации. Фирмите се друга категорија, и интересот особено им е во зависност од тоа каде увезуваат или каде извезуваат. Прашањето може да се сведе на интересот на граѓанинот штедач во зачувување на куповната моќ. И секако, зависи од индивидуалните прилики на секој поединечно.

Ако се погледне од поинаков агол, златен агол, веројатно најдобро било заштедата да се чува во злато. Соодносно погледнато тоа има пораснато во последните десет години во однос на сите светски валути, плус фактот дека централните банки ширум светот го имаат единствениот линк со физичкиот свет на економијата преку монетарното злато во своите резерви, сето останато се хартии од (не)вредност номинирани во фиат пари и фиат пари. Монетарно опитните за златото имаат кажано дека е осигурување од монетарен крах, валутна нестабилност која прогресира до крах и потоа воспоставување на нови правила на игра, и фактот што моментално златото во долари е некаде околу 1300 долари за унца говори дека премијата на осигурувањето расте.

Најдиректно од златен агол кај соодносот евро/долар треба да погледне во еден друг примарен сооднос, оној на резервите од монетарно злато на и финасиските обврски од земјите емитери. Кратко, кај ЕЦБ златото сочинува некаде околу 65% од резервите, кај американскиот ФЕД тие се безначајни во проценти поради сметководствени причини - се уште го книжат златото од нивните резерви со 44 долари за унца и немаат валидно верификувана позиција на количината на монетарното злато во резервите иако се споменуваат 8000 и кусур тони. Доволно за да се разбере кој на што претендира во монетарно несигурниот период.
 
Доларот пред некој месец растеше благодарение на тоа што Грците (и уште неколку членки на ЕУ) добро го е**а еврото. Не верувам дека доларот расте или опаѓа сезонски, ама верувам дека Америте нема да се смират додека не го изедначат доларот со еврото.
 
Naum ama imaj predvid deka poevtiniot dolar sepak go stimulira USA izvozot-ako prethodno za JEEP trebalo 48 000 evra pa da dobies 50 000 dolari i da go kupis sega ke trebaat 40 000:)

Momentalno na USA im treba izvoz no ova ne znaci deka dolarot nema da raste,veruvam za 3-5 meseca ke dostigne 50-51 denar.
 
Не се глупави они крими ген не е зезање,
ќе си предизвикаат војни и ќе им рипне доларот...
 
Не знам дали да ги сменам сега во евра или да почекам , а најболно е тоа што никој ен зане да ми кажи, ни Барак Обама не знае :))) , а мене секој ден се помалку и помалку ми вредат моите единствени 23 000 $ , да не ми беа единствени немаше да му ја мислам олку многу !!!!!

Па што не ги смени кога 1 долар беше 52 денари пред два месеца, треба да реагираш малце :)
 
не мораше на 52 да ги сменам, барем сега пред 2 недели да ги сменев на 48,5, а тогаш кога беше 52 не можев затоа што тоа време бев на печалба во USA :((( . сега ќе почекам некое време, ако не се врати ќе ги сменам и на олку, то е ....
 
Почекај бе друже, додека се најде некој глуп човек да го послуша Стиглиц. Американска работа. Патем и нашиве се закон, книгава е стара девет месеци, сега само е реиздадена. :pos:

Професорот Јозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, објави нова книга под наслов „Фрифол“(Freefall) во која тврди дека иднината на еврото е прилично мрачна .
Стиглиц како долгорочно решение за проблемите предлага Германија, најсилната европска економија, да го отфрли еврото и да почне повторно да користи сопствена валута, пишува „Daily Mail“, а пренесе Смедиа.
„Ако Германија го направи тоа, на еврото ќе му падне вредноста а тоа ќе го поттикне извозот на европските земји во светот затоа што производите би биле поевтини“, пишува Стиглиц во книгата.
Економските грижи на Грција и Шпанија можат повторно да ги доведат до рецесија најслабите европски економии и затоа Стиглиц предлага Европската Унија (ЕУ) да подготви некаков вид на генерален фонд.
„Без таков фонд Европа ќе биде присилена да го запре својот занимлив експеримент со еврото како заедничка валута“, пишува нобеловецот во книгата
 
Баш ме интересира ова. Последниве 2 недели се нервирам у п.м . на сите долари сто ги имам, разликата меѓу 10 септември (требаше тогаш да си ги сменам во евра) и вечерва ми е 2000 евра минус :( и не знам што да правам, молам за совет, а то доларот уште си паѓа надолу :(

лето и есен, доларот паѓа. зимо и пролет доларот расте. почекај уште некој месец и ке почне да крева. е сега колку ке крева тоа е друг муабет. ама како и да е врвот го доживува некаде мај-јуни. така е веке неколку децении. и јас имам нешто долари и не ги вадам се дур не стигне до 65, зашто тогаш кога ги ставив толку беа. а како што гледам, после нафтениот шок, кога доларот падна многу, секоја година крева се погоре и погоре. оваа година врвот му беше околу 53. ланската му беше 48,5 и ако се гледа таа прогресија, тогаш следната година во мај-јуни би требало да биде барем 56-57... за 2-3 години ке се врати во нормала и ке го искине еврото, бидејки повеке од јасно е дека еврото и евро зоната се распаѓа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom