- Член од
- 16 јули 2008
- Мислења
- 1.858
- Поени од реакции
- 1.034
Па добро бе бато како да проверам дали има некоја тема отворена?Пишувам да барам Александар Македонски ми дава - боди билдинг.А и таа не беше моја тема што ја избришале.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па добро бе бато како да проверам дали има некоја тема отворена?Пишувам да барам Александар Македонски ми дава - боди билдинг.А и таа не беше моја тема што ја избришале.
Колку што знам во тоа време телата на мртвите кралеви биле палени....тешко дека ќе има гроб Аце наш :/
Повеќе за да зашпараат пари пошо не им се плаќа скапо гробно место во бутел,а на селските гробишта сеуште е бесплатно , такви мизерни типови и јас познавам знам дури и доста такви кој купуваа по селата плацеви од 300/500 квадрата ке склепаа едно сопче и кога ке опендркнеше некој од старците го носеа таму и лелекаа а после се знае закопување без скапо гробно место, на селските гробишта и после четириесет дена нигде ги нема некој и ги продаваа собичките или ги услужуваат пријателите на кој им умираат старците.Не не прво не го ни откриле а богами го бараат доста.Читав дека во делот на грција што бил една од возможностите го прекопале како нива.Второ дури и ден денес обичните луѓе сакаат кога ќе починат да ги закопаат на родното место.Познавам многумина во Скопје што родителите си ги закопуваат назат во родното село/место.А кога станува збор за крал можеш да замислиш дека скоро е сигурно дека е вратен и закопан во родното место (Античка Македонија).Зошто не го откопале до сега најверојатно е поради фактот што се верува дека мајка му Олимпија го скрила,во план да чека да наполни неговиот син 18 год.
Аман бе не туку траскај и ти де бе дете те мислев за попаметен ! како можеш да обложиш нешто со анти материја поготово метален штит ??? што се случува кога нти материјата ке дојде во контакт со материјата ?Навистина ќе има трета светска војна доколку биде откриен гробот на Ацета.
Се претпоставува дека таму се наоѓал штит обложен со антиматерија (???) и кој што го имал бил непобедлив, а Македонија повторно ќе се вратела на старите граници, онаму до каде што стасал нашиот Аце.
Повеќе за да зашпараат пари пошо не им се плаќа скапо гробно место во бутел,а на селските гробишта сеуште е бесплатно , такви мизерни типови и јас познавам знам дури и доста такви кој купуваа по селата плацеви од 300/500 квадрата ке склепаа едно сопче и кога ке опендркнеше некој од старците го носеа таму и лелекаа а после се знае закопување без скапо гробно место, на селските гробишта и после четириесет дена нигде ги нема некој и ги продаваа собичките или ги услужуваат пријателите на кој им умираат старците.
Ова само ради реда не дека има врска со темава туку да ти кажам дека нема врска тоа шо го збориш.
ПС: во деведесетите тоест до крајот на деведесетите имаше и такви кој ги откопуваа родителите од бутел и ги закопуваа по селата а гробните места ги продаваа
третата локација, таа која за нас е најинтересна, на пеонските гробишта крај Аксиос, денешен Вардар, кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија.
Во Молосија навистина е пронајдена гробница што би можела да биде кралска, но таа била празна. Се претпоставува дека кога веќе телото на Александар било донесено во Македонија, Олимпија наредила да се направат лажни гробници, за дополнително да го заметне трагот. Грчката држава темелно истражи и во костурско, но не најде ништо. Останува третата можност – гробот на Александар да е во Република Македонија, на фамозните пеонски гробишта. Секој што ги посетил знае дека таму нема посебни знаци што би упатувале на тоа дека тука некаде лежи така значајна личност, но ако ништо друго, на тие гробишта мора да е положено телото на генералот Аристон, Пеонец по потекло, еден од најверните генерали на Александар, за што исто така, нема посебни маркери. Впрочем, тоа е и сосема нормално: која би била смислата на криењето на телото на Александар до полнолетството на синот (кој неколку години подоцна бил убиен, исто како и неговата мајка Роскана и баба му Олимпија), ако гробницата била така направена што лесно би можела да се открие.
Оваа логика не му е туѓа ни на најнапаѓаниот македонски археолог на сите времиња, Паскал Кузман, веројатно единствениот човек на светот што трпи јавна критика затоа што ја врши својата работа. И тој неколку пати досега има изјавено дека верува дека гробот на Александар е во Македонија, иако смета дека поради политичките проблеми со Грција, работењето на тој проблем ќе мора да чека подобри времиња.![]()
Многу поконкретен од Кузман е Паскал Камбуровски, човек што иако не е историчар по професија, четири децении ја истражува македонската античка историја, автор на книгите „Гробот на Александар Македонски“ и „Тајната на Олимпија“. Минатата есен тој дури не одведе на едно од местата за кои смета дека би можеле да претставуваат скриен влез во гробницата на Александар или барем на генералот Аристон. Дали тоа значи дека сме биле блиску до решение на една од најголемите македонски, но и светски мистерии? Кој знае. Засега, мистеријата останува мистерија, а сонот на илјадници светски археолози и понатаму останува само сон.
Колку што знам во тоа време телата на мртвите кралеви биле палени....тешко дека ќе има гроб Аце наш :/
Деца, деца, Паско само се заебаваше со некого.