Гробот на Александар Македонски?

Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
клик

Па после ќе ти бришат теми, па ќе ти бришат нормално.
Па добро бе бато како да проверам дали има некоја тема отворена?Пишувам да барам Александар Македонски ми дава - боди билдинг.А и таа не беше моја тема што ја избришале.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Колку што знам во тоа време телата на мртвите кралеви биле палени....тешко дека ќе има гроб Аце наш :/
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Навистина ќе има трета светска војна доколку биде откриен гробот на Ацета.
Се претпоставува дека таму се наоѓал штит обложен со антиматерија (???) и кој што го имал бил непобедлив, а Македонија повторно ќе се вратела на старите граници, онаму до каде што стасал нашиот Аце.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Луѓе од толкава територија шо ја освоил Александар мислам дека не би било можно да е на наша територија закопан..може да е било каде.ама дај боже да е кај нас! шо ќе биде да го откопаат на границата Македонија-Грција АХАХАХАХАХАХАХАХ дури тогаш ќе биде..кај нас поголемиот дел беше хаХАХАХА
 
Член од
11 септември 2010
Мислења
101
Поени од реакции
9
Колку што знам во тоа време телата на мртвите кралеви биле палени....тешко дека ќе има гроб Аце наш :/
Грците биле спалувани. Македонците биле закопувани. Па нели го најдоа гробот на Филип II во Грција?! Погребан...а не запален. Само што мислам дека испадна дека тоа воопшто не бил Филип II.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Не не прво не го ни откриле а богами го бараат доста.Читав дека во делот на грција што бил една од возможностите го прекопале како нива.Второ дури и ден денес обичните луѓе сакаат кога ќе починат да ги закопаат на родното место.Познавам многумина во Скопје што родителите си ги закопуваат назат во родното село/место.А кога станува збор за крал можеш да замислиш дека скоро е сигурно дека е вратен и закопан во родното место (Античка Македонија).Зошто не го откопале до сега најверојатно е поради фактот што се верува дека мајка му Олимпија го скрила,во план да чека да наполни неговиот син 18 год.
Повеќе за да зашпараат пари пошо не им се плаќа скапо гробно место во бутел,а на селските гробишта сеуште е бесплатно , такви мизерни типови и јас познавам знам дури и доста такви кој купуваа по селата плацеви од 300/500 квадрата ке склепаа едно сопче и кога ке опендркнеше некој од старците го носеа таму и лелекаа а после се знае закопување без скапо гробно место, на селските гробишта и после четириесет дена нигде ги нема некој и ги продаваа собичките или ги услужуваат пријателите на кој им умираат старците.
Ова само ради реда не дека има врска со темава туку да ти кажам дека нема врска тоа шо го збориш.
ПС: во деведесетите тоест до крајот на деведесетите имаше и такви кој ги откопуваа родителите од бутел и ги закопуваа по селата а гробните места ги продаваа

--- надополнето ---

Навистина ќе има трета светска војна доколку биде откриен гробот на Ацета.
Се претпоставува дека таму се наоѓал штит обложен со антиматерија (???) и кој што го имал бил непобедлив, а Македонија повторно ќе се вратела на старите граници, онаму до каде што стасал нашиот Аце.
Аман бе не туку траскај и ти де бе дете те мислев за попаметен ! како можеш да обложиш нешто со анти материја поготово метален штит ??? што се случува кога нти материјата ке дојде во контакт со материјата ?
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Повеќе за да зашпараат пари пошо не им се плаќа скапо гробно место во бутел,а на селските гробишта сеуште е бесплатно , такви мизерни типови и јас познавам знам дури и доста такви кој купуваа по селата плацеви од 300/500 квадрата ке склепаа едно сопче и кога ке опендркнеше некој од старците го носеа таму и лелекаа а после се знае закопување без скапо гробно место, на селските гробишта и после четириесет дена нигде ги нема некој и ги продаваа собичките или ги услужуваат пријателите на кој им умираат старците.
Ова само ради реда не дека има врска со темава туку да ти кажам дека нема врска тоа шо го збориш.
ПС: во деведесетите тоест до крајот на деведесетите имаше и такви кој ги откопуваа родителите од бутел и ги закопуваа по селата а гробните места ги продаваа


Абе ти може имаш и примери како луѓето си ги откопувале родителите да видат дали ги изеле црви ама непобитен факт е дека луѓето сакаат да бидат закопани во родното место.Имам многу роднини кои по желба на родителите си ги враќаат назад во родното село (од кај што сум и јас) и таму ги закопуваат.Значи првиот мотив им е желбата на нивните родители.Сега колку пари кошта погреб таму или ваму е глупо да помислиш кога ќе ти почине родител.Секако има и секакви фрикови на земјава.

--- надополнето ---

Македонија го крие гробот на Александар Велики?




Гробницата на Александар Македонски е една од најголемите, ако не и најголемата археолошка мистерија на светот. Сé повеќе историчари сметаат дека треба да се напушти слепото верување според кое Александрија е единственото место каде што гробницата може да се бара, со што свое место во приказната зазема и современата македонска држава


Македонија е преполна со тајни, кои главно се поврзани со одредени трагедии што се случувале на овој простор и кои во голем дел ја одредиле и нејзината денешна судбина. Заговори, убиства, атентати, шпионски афери го полнат досието на македонската историја, која денес можела да изгледа многу, многу поинаку. Во неколку продолженија ќе ви го пренесеме нашиот избор на најголемите македонски мистерии



Тоа беше Птоломеј Филаделфиус (280 г. п.н.е.) што од Мемфис го донесе телото на Александар во Александрија.“ (Пасаниас, 2 век н.е.)

Птолемеј Филопатор изгради (215 г. п.н.е.) во средината на Александрија меморијална зграда, којашто сега се нарекува Сема, и ги положи таму неговите предци, заедно со неговата мајка, а исто така и Александар Македонски‘. (Зенобиус, 2 век н.е.)

„Октавијан го виде телото на Александар и дури го допре, но така невешто што, како што се раскажува, му скрши дел од носот. Не сакаше да ги види телата на Птоломеите..., повторувајќи дека дошол да види цар, а не трупови.“ (Дио Касиус, 2 век н.е.)

„Само што влезе во градот (215 г. н.е.), Каракала со целата негова војска отиде во храмот каде што принесе многу жртви и остави многу темјан. Потоа отиде до гробот на Александар, каде што ја соблече и ја положи својата пурпурна наметка, прстени од скапоцени камења, неговите ленти и сé друго скапоцено што носеше со себе.“ (Херодијан, 3 век н.е.)

Ова е само дел од историските записи што се користат како доказ дека еден од најголемите војсководци на сите времиња, Александар Македонски, по смртта бил погребан во Египет, во неговиот град Александрија. Според цитираните записи и тие слични на нив, гробницата се споменува до 4 век од нашата ера. Потоа, Александар Македонски исчезнува, а неговата гробница прераснува во една од најголемите мистерии на современата археологија.


ЗАД ЅИДОТ НА ЏАМИЈА


Денес, не е енигма само одговорот на прашањето каде исчезнало телото на мртвиот македонски цар, туку и дали навистина бил погребан во Александрија. Кога внимателно ќе се прочитаат историските записи за Александровото тело во Египет, ќе се види дека тие, сеедно што до вчера биле прифаќани како непобитен факт, всушност не можат да издржат ни елементарна критика. На пример, се вели дека Октавијан сакајќи да го допре Александар, му го скршил носот. Претходно ја извадил мумијата од саркофагот и го открил телото за да го круниса и да го покрие со цвеќиња. Но, дали Римјаните не знаеле дека со тоа го доведуваат во опасност балсамираното тело? Тешко е да се поверува во тоа. Сепак, дури и да е тоа така, кој е доказот дека телото што, според овој пример, пред секој римски император било одмотувано од заштитата и изложувано на воздух, навистина му припаѓало на Александар, кој живеел 200 години пред тоа? Всушност, не постоела можност било кој со сигурност да тврди дека римските императори кои по ред доаѓале во Александрија да се поклонат на Македонецот, можеле да го видат ликот на Александар. Во најдобар случај, тие најверојатно се поклонувале на ковчегот верувајќи дека во него е телото на војсководецот кој за нив бил некаков идол. Што навистина имало внатре, ниту некој знаел, ниту навистина можел да знае, освен неколкуте негови луѓе што биле во врвот на македонската држава во 323 година пред н.е.


Тоа не води до приказната за саркофагот на Александар во кој било положено неговото тело. Во светот е прифатена верзијата дека по смртта на Александар во Вавилон, неговиот генерал Птолемеј го однел саркофагот со телото во Александрија. Дури може да се чуе и размислувањето дека тој саркофаг и денес стои пред носот на светот заѕидан зад ѕидот на една џамија, поради што до него не може да се дојде.

Меѓутоа, дури и кога тоа би било така, изостанува објаснувањето каде исчезнало телото на Александар од четвртиот век од нашата ера, сé до доаѓањето на муслиманите во земјата на фараоните, кога ковчегот останал зад ѕидот кој сега е дел од џамијата (едно теорија оди дури дотаму што тврди дека остатоци од мумијата на Александар денес се наоѓаат во Венеција).

Наспроти сета теорија за погребот на Александар во Александрија, стои одлуката на македонското собрание одржано во Вавилон по неговата смрт на кое било решено генералот Пердика да биде избран за извршител на царската власт, односно регент на Македонија и чувар на царското семејство.

Собранието, истовремено, донело одлука телото на Александар да биде балсамирано од страна на халдејските и египетските свештеници, а погребот да се изврши во Македонија според традиционалните македонски обичаи.

На ова се надоврзува теоријата за паралелна изработка на два ковчега: едниот во кој ќе биде положено телото и кој, на барање на мајката на Александар ќе биде упатен за Македонија и, другиот, лажен, кој ќе биде упатен за Александрија.


НА ВЛЕЗОТ ОД ГРОБНИЦАТА?


Приказната има своја логика која тешко се докажува, но и тешко се побива: два месеци по смртта на Александар, се раѓа неговиот син Александар Четврти кој по полнолетството требало да седне на македонскиот престол. Крунисувањето се вршело во престолнината, а заклетвата требало да биде положена на саркофагот на умрениот војсководец. Тоа подразбира дека до израснувањето на синот на Александар, неговиот ковчег требало да биде сочуван од можното грабнување на претендентите за престолот. Историската приказна вели дека Птоломеј, македонскиот владетел на Египет, ја пресретнал поворката на половина пат и го одзел ковчегот носејќи го во Александрија. Другата страна на оваа приказна смета дека, всушност, на половина пат од Вавилон за Александрија, двата ковчега, лажниот и вистинскиот, се разделиле, така што вториот заминал на пат за Македонија. Во неможност погребот да биде организиран во Пела, мајката на Александар, Олимпија можела да избира помеѓу три локации на кои би го сокрила телото на синот до полнолетството на Александар Четврти: првата, во Молосија, во близина на Јонско Море, втората, во Орестија во близина на градот Арг – местото од каде што потекнува првата македонска кралска династија во осмиот век п.н.е. (денес костурско, област која Грците ја прекопаа по должина и широчина барајќи го телото на кралот, откако и тие сфатија дека не е во Александрија), и, третата локација, таа која за нас е најинтересна, на пеонските гробишта крај Аксиос, денешен Вардар, кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија.

Во Молосија навистина е пронајдена гробница што би можела да биде кралска, но таа била празна. Се претпоставува дека кога веќе телото на Александар било донесено во Македонија, Олимпија наредила да се направат лажни гробници, за дополнително да го заметне трагот. Грчката држава темелно истражи и во костурско, но не најде ништо. Останува третата можност – гробот на Александар да е во Република Македонија, на фамозните пеонски гробишта. Секој што ги посетил знае дека таму нема посебни знаци што би упатувале на тоа дека тука некаде лежи така значајна личност, но ако ништо друго, на тие гробишта мора да е положено телото на генералот Аристон, Пеонец по потекло, еден од најверните генерали на Александар, за што исто така, нема посебни маркери. Впрочем, тоа е и сосема нормално: која би била смислата на криењето на телото на Александар до полнолетството на синот (кој неколку години подоцна бил убиен, исто како и неговата мајка Роскана и баба му Олимпија), ако гробницата била така направена што лесно би можела да се открие.

Оваа логика не му е туѓа ни на најнапаѓаниот македонски археолог на сите времиња, Паскал Кузман, веројатно единствениот човек на светот што трпи јавна критика затоа што ја врши својата работа. И тој неколку пати досега има изјавено дека верува дека гробот на Александар е во Македонија, иако смета дека поради политичките проблеми со Грција, работењето на тој проблем ќе мора да чека подобри времиња.

Многу поконкретен од Кузман е Паскал Камбуровски, човек што иако не е историчар по професија, четири децении ја истражува македонската античка историја, автор на книгите „Гробот на Александар Македонски“ и „Тајната на Олимпија“. Минатата есен тој дури не одведе на едно од местата за кои смета дека би можеле да претставуваат скриен влез во гробницата на Александар или барем на генералот Аристон. Дали тоа значи дека сме биле блиску до решение на една од најголемите македонски, но и светски мистерии? Кој знае. Засега, мистеријата останува мистерија, а сонот на илјадници светски археолози и понатаму останува само сон.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.319
Поени од реакции
8.313
третата локација, таа која за нас е најинтересна, на пеонските гробишта крај Аксиос, денешен Вардар, кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија.

Во Молосија навистина е пронајдена гробница што би можела да биде кралска, но таа била празна. Се претпоставува дека кога веќе телото на Александар било донесено во Македонија, Олимпија наредила да се направат лажни гробници, за дополнително да го заметне трагот. Грчката држава темелно истражи и во костурско, но не најде ништо. Останува третата можност – гробот на Александар да е во Република Македонија, на фамозните пеонски гробишта. Секој што ги посетил знае дека таму нема посебни знаци што би упатувале на тоа дека тука некаде лежи така значајна личност, но ако ништо друго, на тие гробишта мора да е положено телото на генералот Аристон, Пеонец по потекло, еден од најверните генерали на Александар, за што исто така, нема посебни маркери. Впрочем, тоа е и сосема нормално: која би била смислата на криењето на телото на Александар до полнолетството на синот (кој неколку години подоцна бил убиен, исто како и неговата мајка Роскана и баба му Олимпија), ако гробницата била така направена што лесно би можела да се открие.

Оваа логика не му е туѓа ни на најнапаѓаниот македонски археолог на сите времиња, Паскал Кузман, веројатно единствениот човек на светот што трпи јавна критика затоа што ја врши својата работа. И тој неколку пати досега има изјавено дека верува дека гробот на Александар е во Македонија, иако смета дека поради политичките проблеми со Грција, работењето на тој проблем ќе мора да чека подобри времиња.

Многу поконкретен од Кузман е Паскал Камбуровски, човек што иако не е историчар по професија, четири децении ја истражува македонската античка историја, автор на книгите „Гробот на Александар Македонски“ и „Тајната на Олимпија“. Минатата есен тој дури не одведе на едно од местата за кои смета дека би можеле да претставуваат скриен влез во гробницата на Александар или барем на генералот Аристон. Дали тоа значи дека сме биле блиску до решение на една од најголемите македонски, но и светски мистерии? Кој знае. Засега, мистеријата останува мистерија, а сонот на илјадници светски археолози и понатаму останува само сон.
Шо знам ама изгледа дека ќе е кај нас штом кај гејците не е би требало да е кај нас

еве овде имате интересни размислувања за гробот на аце до душа на фејсбук е ама доста интерсно е :smir:

http://www.facebook.com/profile.php?id=1819762425&v=wall

интересно е и ова видео но најважното е на фб профилот односно ѕидот
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Колку што знам во тоа време телата на мртвите кралеви биле палени....тешко дека ќе има гроб Аце наш :/
Грчки обичај, не Македонски. :)
Има гробници на многу Македонски достојници.
Плус според текстот, новиот крал треба да се поклони на посмртните останки од стариот па да стане крал на Македонија.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Дури и да биде гробот на наша територија, Грците повторно ќе си продолжат со својата пропаганда како и секогаш.

А дали се пронајдени остатоците од другите Македонски кралеви?
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Na prasanje so glagolite "dali ke se pronajde" , se odgovara so citatot " ke se otkrie togas koga.....".
Uste pred 3-4 godini znaev deka ima nesto ........
Ima nesto za sto ne smee da se zboruva......
Toa ne mora da bide bas grobot na Alexandar, mozebi na tatko mu Filim ili na nekoj drug golem Kral Makedonski.
Vprocem i identifikacijata ne e tolku lesna i ednostavna, ne mozes da kazes za bilo koja mumija vo zlaten sarkofag koja bi se otkrila vo Makedonija, vrz osnava na stitovi i kruna,
deka "toa e Alexandar III Makedonski".
Euforijata i entuzijazmot kaj nasite, so koja ja pocnaa ovaa rabota, dokazuva daka ima zelba od nasa strana za "otkrivanje".
Ima nekoj drug faktor koj go sprecuva toa.........
Ne e tajna deka site vazni i javni makedonski licnosti od site segmenti na opstestvoto se sledeni od bar 10 agenti na razlicni stranski razuznuvacki sluzbi.
Tia sekako znaat se za edna licnost i nijzinite aktivnosti.......(koi apcinja piat, kakvi corapi nosat, koga mokrat itd)
Ne mi e cudno ako "bratot" rekol,
"STOP MAKEDONCE, TUKA ZASTANI,NE JA CEPKAJ MECKATA!"
Zar mislite nie tukutaka ke im go urneme proektot "ELADA" star duri 200 godini vo koj vlozile neboeni pari.
Dolgata pauza vo Arheologijata i iskopuvanjeto me naveduva na toa.
Za "III svetska vojna" malku e preterano, ama koj i sto ke gi spreci danajcite da upadnat na nasa teritorija i da konfiskuvaat "nivno istorisko kulturno nasledstvo".
Medjunarodno pravo?
Pa tie uste sega mocaat i plukaat vrz medjunarodno pravo i vrz ON.
Ako mislite intervencija od Turcija ili Bugarija se lazete....
Tie se uste se "sitna riba" za ciganite......(politicki i strategiski)
Voena intervencija e cista formalnost, sigurno odamna imaat razraboteno plan za "insceniranje incident".

p.s. Ova e moe licno mislenje i moze da se tretira kako cista spekulacija.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Едно мое многу старо размислување:

Гробот на Александар Македонски!?!

Александар Македонски умирајќи во Вавилон на бреговите од Еуфрат на 10 Јуни 323 п.н.е. ,бил категоричен во својата последна желба.
Тој сакал неговото тело да биде фрлено во реката за да неговиот труп исчезне. На тој начин Александар заклучил дека неговите преживеани наследници ќе го пренесат и овековечат митот дека тој отишол во рајот за ја поминува својата бесмртност покрај богот Амон,кој наводно го посинил.

Неговите генерали,не почитувајќи ја неговата желба, направиле неколку планови за неговиот закоп.

Според античкиот опис,биле потребни цели 2 години од смртта на Александар за да се дизајнира и направи прифатлива погребна кочија со која што неговот мумифицирано тело ќе се однесе до неговата гробница.
На пат кон својата дестинација,било да е Македонија или некое друго место-(сеуште се дискутира), погребната кола и придружбата биле пресретнати во Сирија од Ptolemy, македонскиот генрал во Александровата армија. Птолеми кој во 305 п.н.е. се прогласил себеси за крај на Египет како Ptolemy I Soter и ја инагурирал својата династија,го пренасочил телото на Александар кон Египет каде што било закопано во Мемфис.

Следователно,кон крајот на 4 односно почетокот на 3 век п.н.е. Телото на Александар било преместено од неговата гробница во Мемфис и однесено во Александрија каде што повторно бил закопан. Уште подоцна Ptolemy Philopator ( 222/21-205 B.C.) ги сместил телата на своите претходници од династијата заедно со телото на Александар,кои што биле закопани посебно, во заднички мавзолеј во Александрија.

Значи постојат најмалце 3 локации кои што се претпоставува дека се наоѓа телото на Александар,меѓутоа ниту една од нив не е пронајдена.

The king's body had been lying in the coffin for six days while everybody's attention had been diverted from the obsequies to forming a government...when Alexander's friends eventually found time to attend to his corpse, the men who entered the tent saw that no decay had set into it and that there was not even the slightest discoloration. --Plutarch


Книжевната документација е јасна дека последната негова трета гробница се наоѓа некаде помеѓу најголемите север-југ и исток-запад главни патишта на Александрија. Октавиан, идниот Римски император Августис, ја посетил Александрија кратко по самоубиството на Клеопатра VII 30 век п.н.е.
Се тврди дека тој го има видено телото на Александар, пред коешто поклонил цвеќе на гробот и голема златна дијадема покрај мумифицираната глава на Александар.

Последната запишана посета на неговата гробница е од Римскиот император Caracalla во. 215 од н.е. Гробницата најверојатно била оштетена,дури можеби и ограбена за време на политичката криза што ја зафатила Александрија за време на владеењето на Аурелио ,кратко по 270 век од н.е.

Во 4 век од н.е. ,локацијата на Александровата гробница не била повеќе позната,доколку можеме да се ослониме на записите на неколкуте рани Црковни Свештеници.
За подоцна, неколку кредибилни Арапски говорници вклучувајќи Ibn Abdel Hakam (A.D. 871), Al-Massoudi (A.D. 944), и Leo the African (sixteenth century A.D.) сите потврдиле дека ја виделе гробницата на Александар,меѓутоа не ја посочиле локацијата.

Подоцна пак Египетскиот Врховен Совет за Антиквитети официјално потврдил 140 потраги по оваа гробница,меѓу кои 4 неодамна.

Првата потрага е нотирана во 1960 година од страна на Полскиот Центар за Археологија (кој важи за еден од најдобрите во светот) кои ја продолжиле истрагата во месноста наречена Kom el-Dikka во центарот срцето на Александрија. Забележувајќи дека крстосницата во центарот на градот може за одговара на пресекот на модерна Хореја и Неби Даниал улица, тие добиле дозвола за истражување под овие две улици,на кои што сеуште има остатоци од Наполеоновата тврдина и вештачкиот рид на кој што била издигната. Биле прекопани 50 стапки под површината на земјата,меѓутоа не се пронајдени никакви остатоци од гробницата.Сепак...ова ископување донело многу необични откритија вклучувајќи мермерен подиум односно малечок театар,од Римски период и современ комлекс од бањи, и двете без соодветна паралела на другите археолошки локалитети.

After being instructed to see to the body in their traditional fashion, the Egyptians and Chaldeans did not dare touch him at first since he seemed to be alive. Then, praying that it be lawful in the eyes of god and man for humans to touch a god, they cleaned out the body. A golden sarcophagus was filled with perfumes, and on Alexander's head was placed the insignia of his rank. --Plutarch

Крајната западна точка до каде што Полската екипа дошла се граничи со џамијата Неби Даниал.

Во 1991 , Мохамед Абдук Азиз од Арапскиот Центар за Јазици при универзитетот Ал Азаар во Загазиг почнал истражување на џамијата.
Меѓутоа неговите активности биле критикувани од страна на Фаоузи Факаарани-професор емеритус од Александрискиот универзитет,кој тврдел дека такви истражувања веќе имало и тој ги предводел меѓутоа не било пронајдено ништо значајно.
Додека траеле препукувањата помеѓу овие двајца професори, исламските религиозни лидери ставиле мораториум на сите натамошни истражувања на џамијата.

Ова е мапата на Александрија направена од инженерите на Наполеон МАПА И мапата на Махмуд Беј со реконструкција на античките улици во Александрија МАПА 2

Покрај овие истражувања од страна на Полскиот тим и проф.Азиз кои биле базирани на научни истражувања и веродостојни толкувања, подоцна следеле неколку нереални налудничави обиди да се лоцира гробницата од страна на Грчките националисти.

Liani Souvaltzi од Хеленистичкиот Институт ги почнала своите авантури на таканаречениот Doric Temple во местото Ел Мараки Билад ел Рам во оазата Сива во 1989г.

Alexander's body was taken to Memphis by Ptolemy, into whose power Egypt had fallen, and transferred from there a few years later to Alexandria, where every mark of respect continues to be paid to his memory and his name. --Plutarch

Оваа Грчка авантура брзо завршила и освен на скептицизам на ништо друго на наишла од страна на египтологистите и останатиот научен свет.

И за крај уште една Грчка пародија на еден грчки келнер -Stellio Komotsos од кафе барот L'Elite кој бил сопственост на Christina Konstantinou.(Има доста голема грчка заедница во Александрија) хеххе овој келнер-археолог копал по целиот град во потрага по гробницата, во Грција бил опишуван како голем херој кој имал повеќе сознанија и мапи отколку било кој археолог претходно .

Офф пуста африкооо.. за на крај овој супер келнер да ги понуди сите свои наоди во замена за одредена сума на пари и ..еден мерцедес.. лол


Имало многубројни Грчки археолошки тимови ..најупорна била горе споменатата Соувалтзи ,сите археолошки истражувања биле лансирани со голема помпа од страна грците..преку The New York Times, NBC ,Discovery И многу други светски медија.

Она што е најважно за нас дека сите овие грчки обиди се отфрлени и прогласени за крајно ултра-националистички и политички ,каде што на посебни прес конференции Врховниот Совет за Антиквитети се дистанцирал од секакви грчки тврдења.


Во врска со саркофагот што се наоѓа во Истанбул веќе е отфрлена можноста тоа да биде саркофагот на Александар.

Овој саркофаг бил наменет за Абдоломин кралот на Сидон,неколку години по смртта на Аце. Абдоломин бил Феничанец кој наредил на неговиот ковчег да се прикаже-запамети неговата блискост со Александар ,имено Александар го поставил за владетел на овој регион. На саркофагот е насликан Аце како лови и како се бие со Персијците.

Меѓутоа како и да е... би ми било задоволство тоа да биде кај нас гробницата на Александар. Меѓутоа се додека не се извршат детални истражувања на Беласица неможеме да веруваме или неверуваме,затоа сепак ќе оставам простор..дај боже да биде на наша територија.

Иако некои теории тврдат дека доколку гробот бил пренесен на Македонска почва тогаш голема веројатност е да биде во Ејга античката престолнина на Македонија.


Најновата теорија меѓу другото посочува дека можно е гробот да е пренесен дури во Италија во црквата Св.Марко... во периодот кога Александрија потпаднала под арабите... Клик


Мене лично сепак ми е сомнително зашто исламските водачи ставија забрана за испитување на џамијата Наби Даниал среде обемните истражувања на проф.др. Азиз.
Незнам дали споменав меѓутоа оваа џамија Наби Даниал која е изградена на крајот на 18 век лежи на темелите на помало постаро светилиште ,најверојатно џамијата Џоул Карнеин-која пак го носела епитетот на “Таткото со два рога“ според верувањето дека таму се наоѓаат остатоците на пророкот Даниел,чија животна легенда (сомнително) се совпаѓа со голем дел со онаа на Александар Македонски ,кој пак на многу ковани монети бил насликуван со два рога на главата.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Николас Сандерс во книгата „Гробот на Александар“ заклучува дека досега мистеријата за гробот на Александар Македонски останува неразјаснета. И ја завршуваа книгата со зборовите: „Изгледа на погрешно место се бара. Тајната и понатаму трае“

Луѓето сé уште не можат да се помират дека не е разјаснета тајната за гробот на Александар. Многубројните исцрпувачки археолошки ископувања не дадоа очекувани резултати.

Мистеријата за гробот на Александар сé уште е присутна, ги интригира луѓето и ја раздразнува нивната фантазија.

На оваа тема се јавил и современиот британски антрополог и археолог, универзитетскиот професор Николас Сандерс (Ницхолас Ј. Саундерс) со книгата „Алеџандер‘с Томб“, објавена 2006 год. Авторот на споменатата книга прави детален преглед на сé што е досега напишано од античко, римско, византиско време, од владеењето на Арапите, Отоманите до последните археолошки ископувања. За жал и големо разочарување на истражувачите, Николас Сандерс заклучува дека досега мистеријата за гробот на Александар Македонски останува неразјаснета. И ја завршува книгата со зборовите: „Изгледа на погрешно место се бара. Тајната и понатаму трае“.

Со оваа мисла на Сандерс изгледа треба да се стави крај на наметнатиот апсурд дека Александар е погребен во Египет.

Затоа пак треба да се вратиме кај Олимпија. По пристигнувањето на Роксана со синот Александар во Македонија, Олимпија ја напуштила Македонија и заедно со Роксана и омиленото внуче се преселиле во Молосија.Тука малиот Александар уживал во прекрасната епирска природа, богата во густи шуми, бистри реки, сводни мостови и топлите води на Јонско море. Сега Олимпија можела слободно да размислува како и каде да го зачува ковчегот со балсамираното тело на Александар. Олимпија успеала со вешта измама да го надмудри тогашниот свет. Сега на ист начин со многу внимателна претпазливост треба да го сочува и засолни ковчегот. Не била тоа лесна работа.

Се чинело дека најпогодно место би била Молосија и околината на Додона околу 25 км југозападно од сегашниот град Јанина во подножјето на планината Томарос. Но Молосија криела и опасности. Таа можела лесно да биде нападната од надвор, ако се дознаело нешто во врска со ковчегот, освен тоа Молосија била многу оддалечена од Пела и тешко би било пренесувањето на ковчегот, ако тоа го барале приликите.

Предвид доаѓала и Орестија како прапрестолнина на македонската држава. Таму се наоѓале и старите гробишта на Аргиадите. Нивните траги можат да се забележат во селата: Старичени, тумбите во Крчита и Кондороби и месноста Ватина над реката Бела Бистрица, притока на Аљакмон, односно Бистрица. Орестија пружела сигурни скривалишта, но и таа можела да биде нападната од надвор, како на пример кога била заземена од дарданскиот владетел Бардила. Неповолна пречка исто била и големата оддалеченост од Пела. Поприфатливо место кое ги исполнувало условите на Олимпија како скривалиште на ковчегот бил главниот град на Пелагонија - Стивера. Во нашата историографија не е доволно разјаснет поимот Стивера, а уште повеќе како главен град на Пелагонија. Зачудувачка бесмислица. Се стекнува мислење дека таквите научници немаат елементарно познавање за тоа каде и како се граделе македонските градови, особено главните градови на покраините кои биле градени на подножјата на планините каде имало услови за снабдување со вода и добри врски за комуникација.

На планинските гребени се граделе крепости кои служеле за стратегиски цели, а биле населени не само со војници туку и со цивилно население. Исто неразумно е да се бараат „северните граници на македонското кралство“, во пределите на Мариово кога Николас Хамонд има објавено карта на која се прикажани северните граници на македонското царство, а тие се простирале до сегашното српско гратче Бујановац. Тоа е потврдено и од српската академија на науките, која вршела четири години истражувања и потврдила дека урнатините на Бујановац потекнуваат од времето на Филип Втори.

Стивера во нашата историографија е прифатена како Стибера, што е погрешно. Интересно е што странските научници некои работи од минатото на Македонија подобро ги познаваат од нашите научници.
Николас Хамонд, на пример во својата книга „Пхилип оф Мацедон“ (Лондон, 1994) ја прикажува на карта Стивера Македонска, која се наоѓа до селото Чепигово, а 7,5 км источно, во сегашното село Тополчани е прикажана Стибера Римска, која била изградена во римско време. На истата карта можат да се видат и Идомена Македонска во близината на селото Смоквица и Идомена Римска што се наоѓа 16 км на север од Смоквица и е идентификувана од археологот Киро Ристов.

Исто може да се каже и за градовите Вилазора денешен Велес - најголемиот град на Пеонија и градот Билазора што се наоѓал во близината на Свети Николе и бил изграден во римско време.

--- надополнето ---

Каде е гробот на Александар




Италијанскиот историчар и професор Ахиле Адријани, кој како директор на Историскиот музеј на Александрија, цели 30 години додека бил жив вршел истражувања за да ја открие тајната поврзана со гробот на Александар. Но, за жал, не пронашол ништо

Овие примери ги истакнав со цел да докажам дека многу вистини се пред нас, само ние треба да знаеме како да ги откриеме. Овој одговор го давам и на сите кои ќе сакаат да ме прашат, како ја открив вистината за големата измама на Олимпија.

Да се вратиме пак малку на почетокот и да размислиме: кој прв ја измислил приказната за наводното грабнување на ковчегот од Птоломеј? Како се случило сите досегашни истражувачи, цели два милениуми да се држат за нешто што нема никаква издржлива аргументација дека тоа така се случило? Дали проклетството на Олимпија ги зашеметило мозоците на сите? Како е можно човечкиот интелект до таков степен да затаи?

Ова личи на општо прифатената „вистина“ дека Македонците се дојдени од зад Карпатите во 6 век од нашата ера, а нема никаков доказ или напис за тоа. Кој ги тера луѓето да веруваат во таков апсурд?

Во чиј интерес сето тоа се пласира?

Сите досегашни информации во врска со гробот на Александар, почнуваат со податокот дека ковчегот бил грабнат од Птоломеј и однесен во Египет.

Наметнато е верувањето дека ковчегот на Александар бил однесен најпрвин во Мемфис- светиот град на Египет, а потоа од како е направен мавзолејот на Александар, преместен е во Александрија. Никој не обрнува внимание на античките историчари како Страбон, Диодор, Плутарх и Ариан, кој дословно го премолчуваат овој настан. Диодор дури се спротивставува дека ковчегот било кога бил однесен во Мемфис. Како е можно во време на тривековното владеење на Птоломеите да не напишат ништо за божемниот мавзолеј на Александар? Најстарите записи се на Страбон - грчки историчар и географ кој престојувал во Александрија од 25 до 20 година од старата ера и таму го напишал 17-от том од својата 30-томна „географија“, кој бил во целост посветен на Александрија.

Страбон дава детален опис на Александрија која штотуку била освоена од Римјаните. Според него повеќе од една четвртина од градот бил зафатен со мавзолеите на починатите цареви од династијата Лагиди или Птоломеи. Ги опишува детално сите мавзолеи и заклучува дека таква убавина не може на друго место да се види. Го опишува нивниот сјај, блесокот на мермерите кој зрачи насекаде, така што и во ноќно време можело да се вдене конец во игла. Како е можно Страбон да не напише ниту еден збор за мавзолејот на Александар? Инаку Страбон бил прв што напишал и ја пласирал веста дека златниот ковчег бил претопен од Птоломеј Десетти, но не пишува што станало со телото на Александар. Римскиот историчар и публицист Лукан во 39 година од нашата ера ги опишува посетите на римските императори Цезар и Антониј и тврди дека тие најверојатно му се поклониле на Александар, до толку повеќе што тоа се однесува до Цезар како голем обожавател на Александар.

Римскиот историчар Касиус Дион, коментирајќи ја посетата на Октавијан на Александрија во 30 година од старата ера пишува дека Октавијан ги посетил музеите на Птоломеите и наводно извикал: „Јас не дојдов да гледам трупови, туку дојдов да го видам царот“. Неминовно се наметнува прашањето: за какви трупови станува збор, кога се знае дека сите цареви од лозата Птоломеи по смртта биле кремирани, а урната се ставала во ларнака, односно, златен ковчег. Дион пишува за уште една случка дека Октавијан бил однесен во гробницата на Александар и побарал телото на Александар да биде извлечено од ковчегот за да му ја стави неговата круна, но кога се наведнал да го бакне царот, си го повредил носот што подоцна му отпаднал. И во овој случај се поставува прашањето: од кој ковчег е извлечено телото на Александар кога се знае дека од поодамна бил претопен?

Нема изворни податоци дека гробот на Александар го посетиле Хадријан и Нерон. За Калигула е напишано дека го посетил гробот на Александар и му го одзел градникот и со него парадирал низ Рим, правејќи се Александар. Подоцна римскиот историчар Зенобиј (120 година од нашата ера) се обидел да ја исправи работата и тврди дека во време на владеењето на Птоломеј 4 наречен Филопатер, како голем љубител на татка си (221-204 г. ст. е) направил нов мавзолеј на Александар надвор од ѕидините на градот, на висорамнината Лохос, во близина на светилникот Фарос. Никој од римските писатели не објаснува зошто е направен нов мавзолеј наречен сома (тело) и никој не објаснува зошто светилникот Фарос е прогласен за светско чудо, а не мавзолејот на Александар. Како е можно, ако постоел таков мавзолеј да не биде претставен ниту во една монета, медалјон или во било каков украс?

Во месноста Лохос во поново време како и во самата Александрија се извршени мноштво ископувања, но за жал не се пронајдени никакви докази кои би упатувале на гробот на Александар.

Вреди да се спомене трудот на италијанскиот историчар и професор Ахиле Адријани кој како директор на Историскиот музеј на Александрија, цели 30 години додека бил жив вршел истражувања со цел да ја открие тајната поврзана со гробот на Александар. Но, за жал не пронашол ништо.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Деца, деца, Паско само се заебаваше со некого.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom