Nouvelle Vague @ Colosseum - 20.10.2010

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.507
Поени од реакции
8.097
Сега за сега само на ФБ профилот на Password Production пишува дека ќе ги донесат како промо настан во рамките на Таксират 12.

Нувал Ваг прв пат кога дојдоа во Скопје јас сеуште не ги знаев како бенд, дознав на дипломската на една моја другарка. Братучетка и била и ептен и се допаднал концертот.
Потоа симнав два албума од нив, и ептен ме бендисаа :)

Еве едно видео од нив, за повеќе инфо имате тетка Вики, чичко Гугл :)
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Nouvelle Vague не беа најавени како предгрупа на Пласибо, концертот што беше откажан а требаше да се одржи во септември?
Што значи... Уште е поголема веројатноста да дојдат и Пласибо :)
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Со кои пејачки настапуваат сега на концерти? Ако Nadeah е сеуште една од нив.. супер :)
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Одлична информација! :aplauz:Ми се свиѓаат нивните преработки на добро познати песни,се надевам дека ќе им отидам на концерт.Боља од оригиналот за мој вкус
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.507
Поени од реакции
8.097
Место: Клуб Колосеум
Датум: 20.10.2010 - 21:00 часот.

Со особено задовлоство го најавуваме францускиот арт квартет NOUVELLE VAGUE кој на 20ти октомври 2010 ќе одржи концерт во клубот Колосеум. NOUVELLE VAGUE во Скопје доаѓаат во рамките на нивната продолжена европска турнеа која започна на 9ти мај годинава.

Познати по својот артизам во преработките на познатите њу вејв и панк класици, NOUVELLE VAGUE промовираат уникатен стил по кој се планетарно познати.
Инспирирани од францускиот филмски "La Nouvelle Vague" од 60ттите, новиот музички бран во 80ттите, како и изворната bossa nova, Marc Collin и Olivier Libaux во 2003 го иницираат проектот NOUVELLE VAGUE, ангажираат млади и искусни француски пејачки и веќе наредната година го издаваат истоимениот албум кој веднаш станува интернационално забележан. Дебито ги вклучува концептуално селектираните преработики на Joy Division "Love Will Tear Us Apart", Depeche Mode "Just Can't Get Enough", The Clash "Guns of Brixton", The Undertones "Teenage Kicks"... Нивните албуми досега се продадени во над пола милион примероци, а нивните преработки се најдоа во голем број телевизиски серии и филмови (Planet Terror, Glee, Nip/Tuck, Harry and Paul, The Inbetweeners, Elvis and Anabelle, The Accidental Husband, Türkisch für Anfänger), документарни серии (Discovery Channel, Channel 4) и телевизиски реклами (Cannes Film Festival, LA Ink). Дел се од движењето "Renouveau de la chanson Française" (Реобновување на француската шансона). Последниот студиски албум “3” од минатата година ги претставува ѕвездите како Martin Gore од Depeche Mode, Ian McCulloch од Echo & the Bunnymen, Barry Adamson од Magazine, како и Terry Hall од The Specials. На 13ти јули годинава го издадоа своето прво “The best of” издание, двојно цеде со 31 песна реализирано за култниот Peacefrog Records.
Влезниците за концертот на NOUVELLE VAGUE ќе чинат 500 денари во претпродажба (600 на денот на концертот). Претпродажба на влезници од 4ти октомври.
www.nouvellesvagues.com


Демнит, среда е настанов.... :cry:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.922
Поени од реакции
11.725
Во колосеум бе? Па бендов е повеќе за во ресторанчето позади мкц или некое мало интимно местенце за да се ужива, а не да се кочопериш и да блееш стоечки само...немаат осет Македонциве жими се.
Но тоа е што е, повеќе памет другиот пат.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
314
Поени од реакции
165
Во колосеум бе? Па бендов е повеќе за во ресторанчето позади мкц или некое мало интимно местенце за да се ужива, а не да се кочопериш и да блееш стоечки само...немаат осет Македонциве жими се.
Но тоа е што е, повеќе памет другиот пат.
couldnt agree more !
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Срамота.
Празно ќе биде на ваков настан.
Колосеум?
500?
Среда?
Ај... кажа Манс шо имаше да се каже.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.507
Поени од реакции
8.097
ДВЕ ПРЕДГРУПИ НА КОНЦЕРТОТ
Бомзич и Тања Царовска ќе пеат пред „Нувел ваг“
Како локална поддршка на концертот на француската група „Нувел ваг“ во Скопје, ќе настапат Бомзич и Тања Царовска. На концертот што ќе се одржи на 20 октомври, Бомзич која имаше неколку настапи низ клубовите во Скопје ќе настапи со група која ја предводи самата Бојана Низамовска. Нејзината музика ја опишуваат како суптилна американа со класичен акустичен звук, а овојпат авторката ќе се претстави во поинакво и посвежо издание. Тања Царовска, пак, е македонска артистка која создава во Англија. Позната е нејзината соработка за филмскиот саундтрак за „Троја“, за „Страдание“ и уште неколку други слични проекти. Вокалот на Царовска е дел и од новиот филм на Милчо Манчевски, „Мајки“, како и од документарниот филм „Еден џиновски скок“, проектот што го работеше со Џејми Като од „Фејтлес“ и со Данкан Бриџмен. Таа е автор кој често ги комбинира македонските традиционални мелодии со свои оригинални англиски лирики. Пејачката работела и во светски познатите студија како „Еби роуд“ во Лондон и други. Царовска оваа есен ќе објави албум со оригинална музика и со кавер-верзии, а ќе биде насловен „Хоме“. На концертот пред „Нувел ваг“ таа ќе ја промовира својата нова музика која е дел од дебитантскиот албум. Билетите за концертот на „Нувел ваг“ чинат 500 денари во претпродажба и 600 на денот на концертот.

Извор: Време
 

Kajgana Shop

На врв Bottom