Фан Клуб: Јувентус

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.670
Поени од реакции
5.352
Истиот муабет и за Марота лани беше
Марота во Јуве дојде после најлошата сезона во историјата на клубот,требаше да направи целосна реконструкција на тимот,а Марота не располагаше со голем буџет што дополнително му ја отежна работата минатото лето.Можеби имаше и грешни потези,но со оглед на буџетот и средствата кои ги располагаше успеа да доведе добри играчи на позајмица, и да го реконструира тимот од минатата сезона. Кога Јуве со истиот состав кој го има сега можеше после првата полусезона да заврши на втората позиција,тогаш очигледно е тимот имаше капацитет да заврши на некое од првите 4 позиции кои водат во ЛШ.

Марота патува за Ливерпул во Среда да ги почне преговорите со Ливерпул за Аквилани. линк

Буфон изјави дека со клубот има договор до 2013 година,и дека посакува во иднина повторно да освои нешто со Јувентус. Исто така Буфон застана во одбрана на Дел Нери. Изјави дека за него Дел Нери е единствениот кој не е виновен за состојбата на Јувентус во моментов. линк
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.896
Поени од реакции
8.757
С

сашенко

Гостин
Марота во Јуве дојде после најлошата сезона во историјата на клубот,требаше да направи целосна реконструкција на тимот,а Марота не располагаше со голем буџет што дополнително му ја отежна работата минатото лето.Можеби имаше и грешни потези,но со оглед на буџетот и средствата кои ги располагаше успеа да доведе добри играчи на позајмица, и да го реконструира тимот од минатата сезона. Кога Јуве со истиот состав кој го има сега можеше после првата полусезона да заврши на втората позиција,тогаш очигледно е тимот имаше капацитет да заврши на некое од првите 4 позиции кои водат во ЛШ.

Буфон изјави дека со клубот има договор до 2013 година,и дека посакува во иднина повторно да освои нешто со Јувентус. Исто така Буфон застана во одбрана на Дел Нери. Изјави дека за него Дел Нери е единствениот кој не е виновен за состојбата на Јувентус во моментов. линк

Тачно ама не мислев на тоа дека не направил ништо.Него секоја година излегуваат изгледа ке излегуваат вакви некои "најдобри"...демек рома ке имала сега најдобра управа ако дошол тој.Така и лани за нас муабетот беше и еве ја сега најдобрата управа дали носи резултати? НЕ...А кога сме веќе кај парите и трансферите на Марота ке кажам само Мартинез и јасно ти е.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.896
Поени од реакции
8.757
Јуве го има Марота. Марота во минатите пет години,3 години е избиран за најдобар Спортски Директор во Италија, од сите Италијански клубови во сите конкуренции. Неговиот помошник Паратичи, се смета за еден од најдобрите ловци на таленти во Италија. Сабатини направи одлична работа во Палермо, и е еден во подобрите спортски директори во Италија.
Како и да е, за мене Марота не си ја врши најдобро работата... не значи доколку сте имале најлоша сезона дека немате квалитет барем за 4-то место, имаше тој добар буџет барем да направи тим кој сигурно ќе биде 4-то место... можеби ќе кажеш и тренерот не им се погоди, но тоа што имат лош тренер е повторно грешка на целата управа, така да тие награди што ги добивал за најдобар спортски директор не играат голема улога... и тој помошникот доколку е еден од најдобите ловци на таленти зошто вашата управа не одеа до сега на таква стратегија да го искористат човекот да улови некој таленти:toe:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.670
Поени од реакции
5.352
А кога сме веќе кај парите и трансферите на Марота ке кажам само Мартинез и јасно ти е.
Епа реков јас дека има некој грешни потези.Но секој спортски директор прави грешни потези.

Како и да е, за мене Марота не си ја врши најдобро работата... не значи доколку сте имале најлоша сезона дека немате квалитет барем за 4-то место, имаше тој добар буџет барем да направи тим кој сигурно ќе биде 4-то место... не одеа до сега на таква стратегија да го искористат човекот да улови некој таленти:toe:
Правењето на шампионски тим (каков што отсекогаш бил Јуве) не е процес кој може да се заврши за една сезона(тоа го изјави на почетокот и Андреа Ањели и Марота)а посебно не после најслабата сезона во историјата на клубот.Марота имаше задача да склопи тим, тим кој ќе може да освои едно од првите 4 места за влез во ЛШ. Тимот што го склопи Марота на полусезона беше втор на табела,што значи дека имал капацитет за освојување на место за влез во ЛШ.

Серијата повреди на клучните играчи а особено на Кваљарела,Дел Пиеро отсуствуваше повеќе од месец и пол,Дел Нери и неговите стратегии и тактики допринесоа Јуве да падни на табелата.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Лани и оваа сезона сме исто место на табела така да напредок нема никаков!Марота не ја заврши работата да видиме ова лето што ќе направи нека ја поправи грешката апсолутно не видов никаква промена и повредата на Кваљарела не смее да биде изговор треба да рачунаат на такви ствари!Ако немаат буџет за шампионски тим нека кажат нека не не лажат секоја сезона со скудето мудето и на крај пак 7мо.Нека склопат буџет како знаат или да ни ги кажат очекувањата реални!Земаа евтин тренер како Дел Нери прва работа која треба да се промени!
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.032
Поени од реакции
6.054
Сегашниот Јувентус на 4 кола пред крајот е поуспешен(ебати успехот) за 2 бода од ланскиот Јувентус.
53 бода, наспроти 51 од лани.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
ова околу буфон треба да се знае дали е вистина изјавата на неговиот агнет и дали буфон ке го потврди истото скоро секоја година истите муабет буфон ке си оди и на крајот останува ...
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.896
Поени од реакции
8.757
Епа реков јас дека има некој грешни потези.Но секој спортски директор прави грешни потези.

Правењето на шампионски тим (каков што отсекогаш бил Јуве) не е процес кој може да се заврши за една сезона(тоа го изјави на почетокот и Андреа Ањели и Марота)а посебно не после најслабата сезона во историјата на клубот.Марота имаше задача да склопи тим, тим кој ќе може да освои едно од првите 4 места за влез во ЛШ. Тимот што го склопи Марота на полусезона беше втор на табела,што значи дека имал капацитет за освојување на место за влез во ЛШ.

Серијата повреди на клучните играчи а особено на Кваљарела,Дел Пиеро отсуствуваше повеќе од месец и пол,Дел Нери и неговите стратегии и тактики допринесоа Јуве да падни на табелата.
Добро, ти така си мислиш, можеби си во право, ти си фан на Јуве и подобро ги знаеш работите од мене...
Али од моја гледна точка, нема оправдување за тој пад од 2-ро место до тоа каде што сте сега... и незнам што толку на значење го даваш тоа што испаднавте во Сериа Б и го ставаш на товар на Марота, секако дека тоа беше голем удар, но по враќањето во Сериа А вие неколку пати завршувавте во првите 4-ри, плус последните 2 години добивте солиден буџет за купување на играчи и напротив да покажете добри резултати, вие покажавте послаби:toe: за мене тука проблемот е во управата, парите не се секогаш решение, на времето Интер трошеше енормни суми за трансфери и секогаш на почетокот на сезоната ги ставаа за фаворити, а тие едвај завршуваа во првите 4, значи факт е дека управата донесувала погрешни одлуки и лоши трансфери или пак донасала лоши тренери(тоа ти е само пример)... значи за успех во тимот треба да се поклопат многу работи, можеби не е Марота директен виновник или крив за се, ама се гледа дека нема некоја добра врска на релација газда, управа, тренер и играчкиот кадар, треба да има согласност пред се меѓу првите три структури што ги набројав доколку тимот сака да има успех.:toe:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
многу фактори влијаеа за падот на формата после божиќните празници - повредите,неснаодливоста на Дел Нери,но и немањето на пари за освежување на тимот во зимскиот преоден рок што ќе го кренеа тимот или барем задржеа тимот на исто ниво ! Челзи зимата потроши 100тина милиони евра (Торес и Луиз) за засилувања кои требаше да го воскреснат тимот,но Анчелоти не успеа да го разигра Торес и скоро ги загуби шансите за титулата
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.867
Поени од реакции
6.379

Не се согласувам со ова,а затоа што е малку оф топик ке го ставам во споилер :
Скорот на Челзи од 15 Јануари па навака :
10 Победи 2 Нерешени 1 Пораз (од Ливерпул)
за Споредба,до 15 јануари имал 6 порази,Така да грешка ти е констатацијата дека инвестициите не покажале резултат,напротив Челзи се врати на 2ро место и е на 6 бода од Манчестер кој му гостува на Арсенал следниот викенд,а 1 потоа играат Челзи ии Манчестер меѓу себе, шанси за титулата за Челзи ,сеуште има.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.670
Поени од реакции
5.352
Добро, ти така си мислиш, можеби си во право, ти си фан на Јуве и подобро ги знаеш работите од мене...
Али од моја гледна точка, нема оправдување за тој пад од 2-ро место до тоа каде што сте сега... и незнам што толку на значење го даваш тоа што испаднавте во Сериа Б и го ставаш на товар на Марота, секако дека тоа беше голем удар, но по враќањето во Сериа А вие неколку пати завршувавте во првите 4-ри,
Марота нема ништо врска со тоа што Јуве играше во Сериа Б. Марота дојде во Јуве минатово лето на местото Спортски генерален директор, и ова му е прва година во Управата на Јувентус,додека претходно беше во Сампдорија,тим кој за 5-6 години од стандарден второлигаш го направи тим кој се пласира во ЛШ. Исто така во Јуве беше направена целосна реконструкција (имаше промени во сите структури на клубот, беше сменет Претседателот,Спортскиот Директор,скаутскиот тим,медицинскиот тим итн).

плус последните 2 години добивте солиден буџет за купување на играчи и напротив да покажете добри резултати, вие покажавте послаби:toe: за мене тука проблемот е во управата, парите не се секогаш решение, на времето Интер трошеше енормни суми за трансфери и секогаш на почетокот на сезоната ги ставаа за фаворити, а тие едвај завршуваа во првите 4, значи факт е дека управата донесувала погрешни одлуки и лоши трансфери или пак донасала лоши тренери(тоа ти е само пример)... значи за успех во тимот треба да се поклопат многу работи, можеби не е Марота директен виновник или крив за се, ама се гледа дека нема некоја добра врска на релација газда, управа, тренер и играчкиот кадар, треба да има согласност пред се меѓу првите три структури што ги набројав доколку тимот сака да има успех.
Токму поради тие 2 сезони во кои Јуве потроши огромни средства а не постигна никаков успех беше разрешена минатата Управа, и токму поради тоа буџетот кој го имаше на располагање Марота минатово лето беше многу мал (а врз буџетот има влијание и градењето на новиот стадион,кој од наредната сезона ќе биде пуштен во употреба и Јуве ќе биди првиот тим во Италија што има сопствен стадион). Доволно е да се погледнат само трансферите, за да се види со колку голем буџет располагал Марота. Целосно се откупени само Красич,Мартинез,Тони,Барзаљи и Бонучи и тоа Красич 15 милиони на три годишни рати,Мартинез 12 милиони,Бонучи е со размена на играчи,Лука Тони и Барзаљи дојдоа како слободни играчи а другите се сите на позајмица со можност на откуп на 3 годишни рати (Аквилани,Матри,Кваљарела,Соренсен).
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Зошто не Мика Ричардс место Пепе?!...три пати е поснажен од Пепе?!
 
шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Како и да е, за мене Марота не си ја врши најдобро работата... не значи доколку сте имале најлоша сезона дека немате квалитет барем за 4-то место, имаше тој добар буџет барем да направи тим кој сигурно ќе биде 4-то место... можеби ќе кажеш и тренерот не им се погоди, но тоа што имат лош тренер е повторно грешка на целата управа, така да тие награди што ги добивал за најдобар спортски директор не играат голема улога... и тој помошникот доколку е еден од најдобите ловци на таленти зошто вашата управа не одеа до сега на таква стратегија да го искористат човекот да улови некој таленти:toe:
абе како може со пред 2 сезони бевме 2 ри а сега со инвестирани скоро 150 милиони евра да бидеме 7 ми а пред нас да се едни удинезе и наполи .
Нешто очигледно треба да се смене а треба да се почне од главата а тоа е тренерот не да се проба со спалети туку со некој кој има трофеи зад себе ,
ЗНАЕТЕ КАКО РЕКОЛ НАПОЛЕОН ВОДОБРО АРМИЈА ОД МАГАРИЊА А ДА ЈА ВОДИ ЛАВ НЕГО АРМИЈА ОД ЛАВОВИ А ДА ЈА ВОДЕ МАГАРЕ ,КАЈ НАС ЗА ЖАЛ МАГАРЕ НЕ ВОДИ .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom