Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Еве од мене празнично еден совет со кој ќе си ја намалите нервозата. Кај мене успеца дефинитивно. :)
Помирете се со тоа дека Јувентус не е тој истиот што беше пред Калчополи. Дека со овие играчи кои се сега во тимот и целиот екипаж околу нив од тренер до претседател толку можеме. Плус тука се и судиите како и ставот на противничките екипи кон нас,a да не ги заборавиме и парите .Јас така си правам вчерашниот нерешен резултат посфатлив. Истото што би можеле да го направат и играчите на Арсенал и да сфатат дека со тие млади играчи и политиката на Венгер да не носи ѕвезди во тимот или навивачите на Ливерпул, тим кој пред 8-9 години константно се бореше да игра во УЕФА Купот.
Не е за фалење, ама неколку утакмици и точно ги прогнозирам. Врв ми беше со Удинезе. Од кога дадовме гол си реков браво супер ама ај сега да видиме кога ќе примиме гол. А од кога примивме знаев дека ќе примиме уште еден и тоа се случи. Можеби пак јас сум малерот. :)

П.С Христос Воскресна !!!
 
OFICIJALNO Marota izjavi deka Buffon saka da go napusti Juventus
http://www.tuttojuve.com/?action=read&idnotizia=47840

За секој играч ќе помислам дека сака да го напушти Јуве , ама БУФОН и ДЕЛ ПИЕРО просто не можам да верувам , зашто и кога паднаја во втора лига јувентус буфон сеуште беше тука па сеа да си оди... ТОј е легенда на Јувентус ИКОНА и шо не... Не мора да пишувам овде цитати си знајте вие самите фанови..:smir:
 
никој не е вечен - па ни Буфон .... работите се одвиваат така да многу тешко дека за брзо време клубот ќе створи тим кој ќе биде конкурентен за првите места дома и во европа ..... Буфон е шампион и нормално дека не можи да продолжи во ваква средина.....или ќе се зафати некој сериозно за оваа работа,да створи тим за респект = многу пари или нека му е со среќа на Буфон :smir:
 
Јас би сакал да остане во Јуве до крај на кариерата.Ке видиме што одлучил Буфон а и доколку решил да замине треба да го почитуваме тоа тој сепак е легенда на клубот ...
 
OFICIJALNO Marota izjavi deka Buffon saka da go napusti Juventus
http://www.tuttojuve.com/?action=read&idnotizia=47840
Нека оди фала за се што напраи иако не е официјално бар него не треба да му се лутиме остана кога беше најпотребно не избега како други а друиве скапани можат да се пакуваат исто!
 
Нека оди фала за се што напраи иако не е официјално бар него не треба да му се лутиме остана кога беше најпотребно не избега како други а друиве скапани можат да се пакуваат исто!
Буфон остана во најтешкиот момент на клубот од формирањето на клубот.Најдобриот светски голман играше во втора лига,и не се одлучи да го напушти клубот како тие што го напуштија. Секое лето се шпекулира дека Буфон ќе си заминува од Јувентус и на крајот сепак останува.

Ако е вистинита изјавата на агентот,тогаш воопшто не е добар начинот на кој Буфон побара да си замини од клубот - преку агентот во интервју за Sky Sport,и на 4 кола до крајот од сезоната.Требаше да почека да заврши сезоната,и требаше тоа да го направи без вакви изјави на неговиот агент по медиумите.
 
Буфон ми е најомилениот играч од Јувентус, ќе ми биде многу мака доколку го напушти клубот :(
 
Буфон остана во најтешкиот момент на клубот од формирањето на клубот.Најдобриот светски голман играше во втора лига,и не се одлучи да го напушти клубот како тие што го напуштија. Секое лето се шпекулира дека Буфон ќе си заминува од Јувентус и на крајот сепак останува.

Ако е вистинита изјавата на агентот,тогаш воопшто не е добар начинот на кој Буфон побара да си замини од клубот - преку агентот во интервју за Sky Sport,и на 4 кола до крајот од сезоната.Требаше да почека да заврши сезоната,и требаше тоа да го направи без вакви изјави на неговиот агент по медиумите.
Ако тој реши да напушти ќе напушти таков и е договорот нели на крај тешко дека срце ќе му даде да си оди ама кај и да оди нема да биде исто како од почеток да почнува нема да ја има истата почит од навивачите како што ја има во Јуве
 
Буфон е најдобриот голман на светот,и секаде ќе добива почит.

Но,ако се одлучи да премине во Рома,тим кој после Интер е најомразен од навивачките групи на Јувентус,Буфон ќе изгуби многу од тоа што успеал да го направи во дресот на Јуве.
 
Тоа ми беше поентата не дека нема да има почит ама друг тип на почит :)
 
Што читам? Не ми се верува....Џиџи на овој начин не би се разделил од Јуве...Верувајте ,ова ке биде демантирано уште утре.... Или е едноставно вршење притисок над управата, доведете класа играчи, или и тоа што вреди ќе си замине... Гарант
 
После она вчера сувишен е секаков коментар :kesa:

Мислам дека екипа како Катанија (кој од следната сезона по се изгледа ќе игра во Серија Б) ваков камбек може само против нас да направи.
Али ај,после овие две катастрофални сезони,ништо не може да ме изненади кога е во прашање Јувентус.Па некако не ни дозволив да ми го расипат Велигденов

Највеќе ми е жал за Дел Пиеро,кој вчера повторно испишуваше историја,али на крај си отиде со кисела фаца и не ни успеа да му се израдува на новиот рекорд

Имено со неговите два погодока вчера,достигна до бројката 283 гола во дресот на Јувентус,со што го помина Меаца и стана играч со највеќе голови во Италија во еден ист дрес.GRANDE ALEX...SEI LA NOSTRA UNICA VITTORIA IN QUESTA SQUADRA
good.gif

Del-Piero-con-la-coppa.jpg

На почетокот од кариерата го достигна врвот во Европа со подигањето на пехарот во ЛШ,а сеа со истиот тим се бори за ЛЕ.Не заслужува крајот од кариерата да го помине во ваков беден Јувентус,али тоа е.:toe:

П.С Христос воскресе!!! Среќни велигденски празници бјанконери :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom