Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
AJMO DA SE VRAKAME TAMU KAJ STO NI E MESTOTO Bejl, Bastos, Rossi, Nejmar, Clishy........ :back:
 
сите овие вести ми наликуваат на оние на Интер пред Фарсополи кога клубот трошеше огромни средства за засилувања без никаков план за карактерот на тимот во иднина ! прво нешто што треба да се обезбеди е елитен стручњак по можност кој има тренирано шампион во Италија(Капело или Липи,мада првиот има построг режим и е мој фаворит од двата) и да се задоволат нивните потреби за костурот на тимот ! ако се оди со 4-4-2 потребни ќе бидат 2 фул бека(можеби на Де Чеље ќе му се даде шанса или да се заштеди ќе се користи Киело),дефанзивен среден(имаше шпекулации за Монтоливо-немам против да се замени со Мело),лево крило (сигурно брзоногиот и младиот Бејл добро би дошол и би ја зацврстил таа позиција,но мислам дека се нема толку пари,кога знаеме дека Шити,Челзи или Реал би дале ДВОЈНО повеќе отколку кој било друг клуб на Планетата,останува Баштош како прва опција или да се вклучи некоја трампа за Варгас,ете на пример Мартинез одлично би се снашол во Фио-тим во кој нема притисок за врвни резултати),Акви ќе го спомнам како завршена работа-можеби изигра неколку послаби натпревари под нечија наредба-не можам да бидам сигурен во заклучоков пошто Ливерпул ќе си ја бара договорената сума,а играчот сака да остане бидејќи се чуствува одлично во тимот и си обезбеди статус во Италија која трпи реконструкција,само обештетувањето ќе се пегла во овој случај.....не знам што се прави и какви замисли има Ањели за ангажирање на елитен центарфор кој би забивал од секакви ситуации,сериозни за останување во тимот се и Ква Ква и Матри,но на шампионски тим му треба ШАМПИОН-ЗАБИВАЧ
Се на Се потребни се огромни суми на пари кои по примерот на Реал нема да бида потребни многу време да се чека за да се повратат ако правилно се менаџира со фудбалските ѕвезди и искористување по медиумите и фан шоповите до максимум,но клубов има една голема маана за следната сезона-нема обезбедено место во ЛШ така да се очекува послаб прилив на пари и послаб интерес на ШАМПИОНИ да го носат овој дрес....
 
Интересна вест од Манчестер Јунајтед

Проштален натрпевар на Гери Невил кој ќе се одигра на 24 мај, и за противник е одбран Јувентус, од него се разбира.
Повеќе тука МКД, МКД или АНГ.
 
Интересна вест од Манчестер Јунајтед

Проштален натрпевар на Гери Невил кој ќе се одигра на 24 мај, и за противник е одбран Јувентус, од него се разбира.
Повеќе тука МКД, МКД или АНГ.



ЌЕ ИМА ЕБЕЊЕЕЕЕЕ :) :drk:
 
Знае некој со кој играат Јуве на отварањето на стадионот ????????
 
Ова е у групи така? Пошо тогаш имаше 2 фази. И која ќелајца бранел тогаш за Јуве? Мене у моментов само на Кименти ми текнуе :)
Тој ќе да бил. Според мене многу тапа голман од секад. Не за џабе шеташе секаде, само да не биде у Јувентус.
Првиот гол од клипот погоре требаше да биде одбрана, ама кога се работеше за Кименти ништо не беше сигурно.
 
Ова е у групи така? Пошо тогаш имаше 2 фази. И која ќелајца бранел тогаш за Јуве? Мене у моментов само на Кименти ми текнуе :)

Колку што ме држи меморија Јувентус сакаше да биде откажан тој меч затоа што имаја нешто како епидемија на грип или слично во тимот и поради тоа мораа да играат без неколку стандардни првотимци ...
 
Бастош поднесол барање за да добие Француски пасош. А неговиот агент имал средба со Претседателот на Лион, Аулас. линк

Според Тутоспорт, против Џенова Јуве ќе настапи со 4-2-3-1 формација:

Сторари

Соренсен--Бонучи--Барзаљи--Траоре

Мело--Аквилани

Пепе--Красич--Маркизио

Матри

A според Sky, 4-3-3

Сторари

Соренсен--Бонучи--Барзаљи--Траоре

Аквилани--Маркизио--Мело

Красич--Матри--Пепе
 
Маркизио неможе да игра на таа позиција тутоспорт кај што го ставиле
 
Маркизио неможе да игра на таа позиција тутоспорт кај што го ставиле
Маркизио можи да ги покрива сите пет позиции во средината, но според мене подобра варијанта би била Красиќ-Маркизио-Пепе.
Макар шо не гледам зошто ДелНери би ја расипвал формацијата која работеше претходната недела.
 
Јуве нема класичен полушпиц во составот така да не гледам како би се спровела на терен формацијата од Тутоспорт. Пологично ми е да играме со истата формација од пред недела дена, со Рома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom