Вака сега, јас навивам за Јуве многу долго време и сум бил сведок на титули во домашно првенство во Куп на уефа, во ЛШ. Едноставно јас не сум навикнат да бидам задоволен на бод со третолигаш од рангот на Киево. Ако го сметаме за успех тоа што лани загубивме од босиве а сега игравме нерешено тогаш добро

. Да Јувентус после Фарсополи беше префрлен во Серија Б, имаа ред други проблеми и еве веќе четврта година тапка во место. Повеќето од вас оправдување за тоа тапкање во место наоѓате во Фарсополи. Да ве потсетам дека и Милан во раните 80 години играл во Серија Б. Тие после нивното враќање за 6 години успеале да освојат Куп на европски шампиони (денешна ЛШ) а веднаш потоа и да го одбранат. Според мене така се враќа на голема врата еден гигант а не како нас кои имаме амбиции за место во ЛШ (први четири). Досега веќе требаше да бидеме и повеќе од конкурентен тим на сите фронтови ама ние плукаме бодови на сите страни. И јас не барам преку леб погача, свесен сум како победивме со Лацио. Само далеку помалку нервозен ќе бев да игравме нерешено со нив а да ги измачкавме на лепче третолигашиве. Исходот ќе беше ист 4 бода од два меча ама барем ќе бев сигурен дека Јуве ги прележал детските болести и дека може секоја сезона да се надеваме на по 6 бода со екипи од рангот на некојси Киево. Вака добивам впечаток дека џабе освојуваме поени со директните конкуренти за скудетото кога истите веќе наредното коло ги подаруваме на третолигаши.
Што се однесува до Дел Нери, тврдам од самиот почеток на сезоната дека е просечен тренер и таков ќе остане па макар ни донел и скудето на крајот. Да не беше така, немаше да си дозволи да се брани со еден Киево без разлика дали имал еден, два или три играчи помалце во поле. Тренер од светска класа би бил свесен каква одговорна задача му е доверена. Ти да водиш гигант како Јуве а да си во филм дека водиш некоја малска екипа, мора да си удрен со мокра чорапа по глава.
Гледам тука се пишува дека кога Јуве победува Дел Нери се величел а кога има неуспех се плукал. Јас лично секогаш очекувам успех од Јуве и тоа ми е нормално, односно нема потреба од величење на тренерот. Успехот е средно име на Јуве. Незнам како некои од вас не го сфаќаат тоа. Кога Јуве ќе доживее неуспех, нормално е да се бараат виновниците за тоа. Јас денес главниот виновник го гледам во Дел Нери и неговата тактика во финишот, после него Јакинта и на крајот судијата. Вториов нема да го коментирам зошто не заслужува а што се однесува до судијата, нема смисла да се плаче за судењето кога сам си ги продал трите бода кои до 100 минута ти биле во џебот. Затоа и судењето нема да го коментирам.