Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
дечко сватите дека во фудбалот има и порази и нерешени резулатати јас сум разочаран да но не плукам како вас по дел нери како некој погоре ..... ако мене ме прашуваш уште утре би ги продал амаури сисоко и јакинта а би донесол некој подобри играчи а да ве потсетам за сите овде шо го величевте на по почеток мота и моџи шо го праеше новиот турам а красо го правеше слаб играч очигледно на моџи му е нешо лошо во мозочено

Очигледно ти не ги согледуваш работите ко шо треба. ЈУВЕНТУС е 5 сезона без трофеј и без некој позначаен резултат што барем за мене е неприфатливо. 5 години е премногу време и досега мораше да има резултати. Вакви киксови ни се случуваат премногу често а не гледам друг кривец освен потезите на Дел Нери кој беа тотално аматерски. Сезонава промена во играта итекако има но бодовното салдо ни е слично како прошлата сезона и само поради глупостите на " Мистерот X". Да е тренер Капело на моменталнава екипа моментално би биле на исто рамниште со милан ако не и пред нив, но за жал во ЈУВЕ константно се донесуваат тренери без ниту еден трофеј во кариерата и сакаме резултати, мало морген.
 
море брат еве ке ти кажам нешо јуве започнува нов џилус ама нее лесно не гледај ти манчестер барса шо имет јака екипа имет ама колку години се заедно едно друго со 3 4 месеци шо е во управа марота и дел нери и андреа вие не ги согледувате причините
 
На Џандонато не му е прв натпревар во Сериа А,а Џандонато исто така е Репрезентативец во Италијанската репрезентација од У-16 до У-21. Ако младинците не добиваат шанса во натпревар кога скоро сите првотимци што играат на таа позиција се повредени, тогаш кога треба да добиваат шанса? Од една страна се критикува тренерот и Раководството на Јуве дека не му даваат шанса на младите (случајот со Џовинко), а од друга страна се критикува Дел Нери дека го започнал натпреварот со играч од Примавера составот,во услови кога скоро сите стандардни првотимци се повредени (Маркизио,Сисоко,Мело суспендиран, а и настапот на Аквилани не беше сигурен до вчера).

Никогаш немам спомнато дека младинците не треба да добиваат шанса, напротив треба почесто да играат, но не на вакви натпревари кога императив ни е победа. Се покажа како тотален fail потегот и видовме што се случи. Без разлика што имаше повредени можеше да се искомбинира нешто друго, некоја друга формација, ма што зборам јас, па човеков од 4-4-2 подалеку неможе да види :toe:.
 
Дел Нери најмалку е крив за исходот на денешниот натпревар.Едноставно така ни било пишано и така требало да се случи,овој ден среќата на крајот ни го сврте грбот.А за измената на Красич со Легротаље па нормално таа беше од тактички карактер во 90 минута со цел да се задржи време,а за Кваљарела иако не се сложувам со измената тој беше изваден (бидејќи е далеку побитен и најдобар напаѓач на Јувентус) со цел да се заштити од евентуална повреда.Верувам во Дел Нери и не плукајте по тренерот оти кога ќе продолжиме пак ќе го величите тие што плукаат по него.И за крај да се надоврзам за скудетото,јас искрено не верувам дека Јуве оваа сезона би можел да го освои(иако сакам со сето срце) но моментално така стојат работите и тимот уште не е доволно зрел,но ако продолжиме така и се засилиме со прави играчи догодина титулата нема да ни избега.Оваа година давам најголеми шанси на Милан.
 
море брат еве ке ти кажам нешо јуве започнува нов џилус ама нее лесно не гледај ти манчестер барса шо имет јака екипа имет ама колку години се заедно едно друго со 3 4 месеци шо е во управа марота и дел нери и андреа вие не ги согледувате причините

Ти може го гледаш но некој друг не. Се гледа дека процесот е тотална фарса и дека има многу сплетки во целиов случај, што колку човек копа подлабоко толку открива информации кој ни на сон не би помислил дека би биле можни но да не навлегуваме во таа тема имаме многупати коментирано и нема крај на тоа. Виновниците иди побарај ги кај сопственикот на фиат сигурен сум дека ќе ги најдеш. Само Андреа ми дава некаква нада дека ќе бидне нешто инаку за останативе немам коментар.
 
Очигледно ти не ги согледуваш работите ко шо треба. ЈУВЕНТУС е 5 сезона без трофеј и без некој позначаен резултат што барем за мене е неприфатливо.
Спореди го Јувентус оваа сезона (желбата за победа, играта, ефикасноста, односот на играчите итн) со минатата сезона и ќе се увиди разликата, и работата на Ањели,Марота и Дел Нери. После катастрофалната сезона, Јуве изврши темелни промени како во раководството, така и на играчкиот кадар. И за време на Капело Јуве има случаи кога се бранел цело полувреме на резултат 1-0,и во време на Липи,но Капело и Липи имаа тимови кои беа изградени, за разлика од денешниот Јуве кој се обидува да се обнови после катастрофалната сезона.
 
Ти може го гледаш но некој друг не. Се гледа дека процесот е тотална фарса и дека има многу сплетки во целиов случај, што колку човек копа подлабоко толку открива информации кој ни на сон не би помислил дека би биле можни но да не навлегуваме во таа тема имаме многупати коментирано и нема крај на тоа. Виновниците иди побарај ги кај сопственикот на фиат сигурен сум дека ќе ги најдеш. Само Андреа ми дава некаква нада дека ќе бидне нешто инаку за останативе немам коментар.
марота ни дел нери ни андреа не се криви за промашените трансфери на
23707.jpg
ова бате изминативе години
 
Дел Нери најмалку е крив за исходот на денешниот натпревар.Едноставно така ни било пишани и така требало да се случи,овој ден среќата на крајот ни го сврте грбот.А за измената на Красич со Легротаље па нормално таа беше од тактички карактер во 90 минута со цел да се задржи време,а за Кваљарела иако не се сложувам со измената тој беше изваден (бидејќи е далеку побитен и најдобар напаѓач на Јувентус) со цел да се заштити од евентуална повреда.Верувам во Дел Нери и не плукајте по тренерот оти кога ќе продолжиме пак ќе го величите тие што плукаат по него.И за крај да се надоврзам за скудетото,јас искрено не верувам дека Јуве оваа сезона би можел да го освои(иако сакам со сето срце) но моментално така стојат работите и тимот уште не е доволно зрел,но ако продолжиме така и се засилиме со прави играчи догодина титулата нема да ни избега.Оваа година давам најголеми шанси на Милан.

Така ни било пишано, дај молим те. Изгледа пречесто ни се пишува да примаме гол во 90+? Дел Нери е тренер ала Раниери, така било така и ќе си остане :toe:
 
Никогаш немам спомнато дека младинците не треба да добиваат шанса, напротив треба почесто да играат, но не на вакви натпревари кога императив ни е победа. Се покажа како тотален fail потегот и видовме што се случи. Без разлика што имаше повредени можеше да се искомбинира нешто друго, некоја друга формација, ма што зборам јас, па човеков од 4-4-2 подалеку неможе да види :toe:.

Видовме ние лани од толку промени на формациите што направивме,едноставно 4-4-2 формацијата е во ДНК на Јувентус и тоа е факт.:smir:
 
Ти може го гледаш но некој друг не. Се гледа дека процесот е тотална фарса и дека има многу сплетки во целиов случај, што колку човек копа подлабоко толку открива информации кој ни на сон не би помислил дека би биле можни но да не навлегуваме во таа тема имаме многупати коментирано и нема крај на тоа. Виновниците иди побарај ги кај сопственикот на фиат сигурен сум дека ќе ги најдеш. Само Андреа ми дава некаква нада дека ќе бидне нешто инаку за останативе немам коментар.
Навивачите го бараа Андреа за Претседател - Андреа беше поставен за Претседател. Навивачите бараа да биде сменет Секо - Секо беше сменет, и беше доведен Марота кој 3 изминати години со ред ја добива наградата НАЈДОБАР СПОРТСКИ ДИРЕКТОР ВО ИТАЛИЈА. Андреа е човек кој во никој случај не би работел на штета на Јувентус.
 
Промашени трансфери Квајарела, Красич и Пепе ?
не бе брат не ме свати ти и сите овде погрешно ке ме сватат за изминативе години не се воопшто криви тие 3 ца тимојт кој требеше да биди граден во времето на секо овај за 3 4 месеци и кај виде ти дека реков кваљарела красич и пепе дека се промашени трансфери ??? да реков то ??? каде
 
Убаво си рече ти брат.Неможе марота за еден трансфер период да го поправи тоа што СЕКО го направи во јувентус.Додека сеуште има од ѓубрето што Секо го донесе во јуве нема да може да имаме резултати колку добро и да би играле новите засилувања.Ни го кочат напредокот едноставно.Ни ги потроши парите и времето и сега којзнае каде е, а ние се мачиме овде да се оттарасиме од неговите мега трансфери...
 
Навивачите го бараа Андреа за Претседател - Андреа беше поставен за Претседател. Навивачите бараа да биде сменет Секо - Секо беше сменет, и беше доведен Марота кој 3 изминати години со ред ја добива наградата НАЈДОБАР СПОРТСКИ ДИРЕКТОР ВО ИТАЛИЈА. Андреа е човек кој во никој случај не би работел на штета на Јувентус.
Никаде не реков дека сум против Андреа, само дадов мислење дека целата вина падна на Моџи а има многу поголеми кривци од него :toe: Што во никој случај не е Андреа :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom