Без влакна на јазикот

Абе сите сте јаки, онака директни bad ass без влакна на јазикот, на сите им шлапате во лице.. понекогаш и по 2 пати!!
И најубави и најпаметни сте на мајка. И најубаво пеете. Crazy ма, ова не се прашува.

Иначе мит е, не даваат миксер од администрација ако сте најфаца на форумот. Кој его буст човече..

Ти кажи за мене (:
 
Без влакна на јазик, а толку гомнојадци и зборувачи позади грб...епа не иде :icon_lol:
 
Ти кажи за мене (:

Јас и ти, јазикот не ни се гледа од влакна бе! :icon_bigg
*Муабетов е: вистински фраер никогаш не кажува дека е фраер, пример јас и ти не сме фраери..

Иначе несакав никој да се пронајде во постот на минатата страна, само сакав да им го шлапнам во фаца (pun intended) на позерите шлапачи!
 
За да се одделам од стадото морам да признаам дека сум со влакна на јазикот, и скоро секогаш размислувам премислувам и ноќе не спијам поради последиците на моите изјави. Или сепак не, ако кај нас има поговорка народот курот да не го боли за мене, сепак ќе оставам народот да суди.
 
Не да сум, ич не ме боли стап, има да ти лепнам се у фаца, и да ти се изнасмеам за тоа после. Пошо ако си ќутам, шо добивам? Нишо. Вака, трш, повели па на ти го.
Just keep it real.
 
Ако луѓето си лепнуваа во фаца се што мислат, од 6 милијарди народ на земјава едвај дали и 10 живи ќе останеа.
Одредени ситуации во животот бараат да бидеш директен и да дадеш јасно на другиот дознаење што ти мислиш во однос на некоја работа. Па ако е возможно за истата да изнајдете компромис. Други ситуации бараат привремено молчење и стабилизирање на емоциите за да може подобро да се согледаат нештата подоцна. Трети ситуации бараат заобоколување и индиректно наговестување за она што размислува едната страна.

Не можеш да ја кажеш директно вистината секогаш. Како да му кажам на човек кој е келав "ејј брат што си оќелавел бе? ". Встина е дека е келав, двајцата го знаеме тоа,но зошто мора истото да се потенцира?

Најчесто кога сум била директна и отсечна во ситуации, тоа се случувало како резултат на афектна состојба, кога си полн со гнев и нервоза па сакаш другата страна да се почуствува исто, а несвесно се откриваш самиот себе и својата ранливост. Затоа кога се кажуваат директно нештата тие треба пред се да бидат претходно добро размислени и да се кажат "со ладна глава" т.е смирено, без навреди и плукања.
 
Ако луѓето си лепнуваа во фаца се што мислат, од 6 милијарди народ на земјава едвај дали и 10 живи ќе останеа.
Одредени ситуации во животот бараат да бидеш директен и да дадеш јасно на другиот дознаење што ти мислиш во однос на некоја работа. Па ако е возможно за истата да изнајдете компромис. Други ситуации бараат привремено молчење и стабилизирање на емоциите за да може подобро да се согледаат нештата подоцна. Трети ситуации бараат заобоколување и индиректно наговестување за она што размислува едната страна.
Најчесто кога сум била директна и отсечна тоа се случувало во афектна состојба, кога си полн со гнев и нервоза па другата страна сакаш да се почуствува исто, а несвесно се откриваш самиот себе и својата ранливост. Затоа кога се кажуваат директно нештата тие треба пред се да бидат претходно добро размислени и да се кажат "со ладна глава" т.е смирено, без навреди и плукања.

Затоа што најчесто е најтешко да се покаеш да гризнеш од его и да проголташ зборови, да наведнеш глава и да кажеш “Извини, не го мислев тоа го кажав во афект“
 
Затоа што најчесто е најтешко да се покаеш да гризнеш од его и да проголташ зборови, да наведнеш глава и да кажеш “Извини, не го мислев тоа го кажав во афект“

Значи доаѓаме до заклучок дека не секогаш треба да бидеме директни :)
 
Значи доаѓаме до заклучок дека не секогаш треба да бидеме директни :)

Значи доаѓаме го заклучок дека се одлучуване да не бидеме директни затоа што сме премногу слаби на его и карактер да ја поднесеме грижата на совест дека погрешно сме осудиле некој. А колку и да не сакаме да признаеме покајувањето и извинувањето со наведната глава е лично понижување.
Затоа фраери и фраерки (сфатете како дами и господа) не плескајте многу во фаца и не си го бричете јазикот.

ПС. мала пажња за дамата :smir::smir:
 
Не гледам како признавањето дека сум згрешила и покајувањето е лично понижување. Напротив, човечки е. Понижување може да е, само ако сум робот, па не се очекува од мене да грешам. Сум згрешила, сум се покајала и тоа е тоа. Барем искрено се каам и искрено имам грижа на совест кога ќе ја зезнам работата.

Што се однесува до влакна на јазикот, ги имам. Директна сум со луѓе кои ми се премногу блиски и кои знаат како дишам, иако нормално и со нив во некои ситуации сум потактична, т.е мислам како да им соопштам одредени работи, посебно ако се негативни. Секогаш гледам да размислам како да кажам нешто, затоа што зборовите можат многу да повредат.

Може да се каже вистината директно во лице и пак да не биде повредена толку особата или барем да бидат намалени последиците од повредувањето (на пример). Затоа секогаш прво се мисли, се прави целина во глава, па потоа се кажува.
 
Ако се водиме по народната „уста што ќе извалка, ништо не може да измие“, тогаш и не е баш добро да се нема влакна на јазикот. Јас секогаш се обидувам колку е можно промислено да реагирам, за да не испадне на крај да се оправдувам дека по грешка при бричењето, сум го депилирал јазикот. Директноста не е секогаш одлика на праведноста или искреноста, затоа сепак влакната на јазикот треба да се негуваат, за да спречат евентуален непромислен излет на мозочната директива, која заради немањето влакна, може да си го загорчи здравото функционирање во понатамошниот период, поставувајќи си го прашањето, кое нема одговор: Што ми требаше ова да го речам?.

Се слагам со тебе но не поради функционирањето на мозочната директива туку од причина што тоа денес што го мислиме веке утре може да биде сменето и тоа што е веке кажано не иде назад затоа не треба да се избрзува но доколку некој побара искрено мислење тоа и треба да го добие
 
Не гледам како признавањето дека сум згрешила и покајувањето е лично понижување. Напротив, човечки е. Понижување може да е, само ако сум робот, па не се очекува од мене да грешам. Сум згрешила сум се покајала и тоа е тоа. Барем искрено се каам и искрено имам грижа на совест кога ќе ја зезнам работата.

Што се однесува до влакна на јазикот, ги имам. Директна сум со луѓе кои ми се премногу блиски и кои знаат како дишам, иако нормално и со нив во некои ситуации сум потактична, т.е мислам како да им соопштам одредени работи, посебно ако се негативни. Секогаш гледам да размислам како да кажам нешто, затоа што зборовите можат многу да повредат.

Може да се каже вистината директно во лице и пак да не биде повредена толку особата или барем да бидат намалени последиците од повредувањето (на пример). Затоа секогаш прво се мисли, се прави целина во глава, па потоа се кажува.

Болдот: Личното понижување можеби не е соодветен избор на зборови за да го доловам она што навистина сакам да го кажам.
Кога плукаш по некој, и кога го нагрдуваш во моментот поради x причини, мислиш дека си во право и не очекуваш од самата себе нероботски да погрешиш.
Својата грешка кога ќе ја сфатиме, а не само знаеме, истата ја доживуваме како личен неуспех. Постојат грешки за кои не се каеме никогаш, а причината за тоа е што не им придаваме во нашите животи посебно значење на оние луѓе на кои сме им згрешиле. Додека оние кои ни значат грешката која ќе ја сфатиме како што го кажав погоре првенствено ја доживуваме како личен неуспех.

Мала забелешка: следниот пат биди љубезна и размислувај надвор од кутијата ( thinking out of the box), и не се фаќај за два збора ко слеп за стап :salut:
 
Мала забелешка: следниот пат биди љубезна и размислувај надвор од кутијата ( thinking out of the box), и не се фаќај за два збора ко слеп за стап :salut:

Па размислувањето out of the box не подразбира читање мисли и гатање на гравчиња. Има многумина кои навистина сметаат дека тоа е понижување, па затоа и реплицирав. :wink:
 
Значи доаѓаме го заклучок дека се одлучуване да не бидеме директни затоа што сме премногу слаби на его и карактер да ја поднесеме грижата на совест дека погрешно сме осудиле некој. А колку и да не сакаме да признаеме покајувањето и извинувањето со наведната глава е лично понижување.
Затоа фраери и фраерки (сфатете како дами и господа) не плескајте многу во фаца и не си го бричете јазикот.

Не, туку затоа што штетата често пати е поголема отколку користа од директниот пристап кон одредена личност :wink:. Не секој е способен сѐ да прифати или па да цени директен пристап. Освен тоа има и ситуации каде навистина е подобар и поефикасен индиректниот пристап затоа што избегнуваш да го навредиш или да му нанесеш болка на соговорникот. Ако добиеш конфликт или одбивање што си направил со директниот пристап, баш ништо. Не џабе рекле убав збор железни врати отвара но лош или лошо одмерен може да ги затвори за никогаш повеќе да не се отворат :).

Покајувањето и извинувањето се понижување само кај исклучително препотентни и самобендисани личности но кај сите останати е стандардно однесување кога ќе се погреши во проценка, а грешиме сите повеќе или помалку, само при тоа некои имаат доблест да си признаат (без да се чувствуваат понижено) а другите не, тоа е единствената разлика.

Затоа не се извинувањето или понижувањето проблем туку можноста болката и последиците од брзоплетото дејствување кое не било добро промислено ни најдоброто извинување веќе да не може да ги поправи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom