Не гледам како признавањето дека сум згрешила и покајувањето е лично понижување. Напротив, човечки е. Понижување може да е, само ако сум робот, па не се очекува од мене да грешам. Сум згрешила сум се покајала и тоа е тоа. Барем искрено се каам и искрено имам грижа на совест кога ќе ја зезнам работата.
Што се однесува до влакна на јазикот, ги имам. Директна сум со луѓе кои ми се премногу блиски и кои знаат како дишам, иако нормално и со нив во некои ситуации сум потактична, т.е мислам како да им соопштам одредени работи, посебно ако се негативни. Секогаш гледам да размислам како да кажам нешто, затоа што зборовите можат многу да повредат.
Може да се каже вистината директно во лице и пак да не биде повредена толку особата или барем да бидат намалени последиците од повредувањето (на пример). Затоа секогаш прво се мисли, се прави целина во глава, па потоа се кажува.