bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Лозарите блокираат, Пешевски и Димовски ги разубедуваат
Неготино, 16 септември – Трет ден се блокирани патиштата во централна Македонија.
Лозарите не отстапуваат од своите барања и повторно го блокираа патниот правец Градско-Прилеп, како и крстосниците Росоман и Дреново.
Блокирани се и влезовите на винарските визби „Повардарие“ од Неготино и „Тиквеш“ од Кавадарци.
Лозарите бараат откуп на годинашното грозје по договорените цени на последната средба што ја имаа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според претседателот на Здружението на лозарите „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов, на блокадата кај Росоман утринава пристигнале вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
„Остануваме на ставот за исполнување на договореното за цените на откуп“, вели Аризанов.
Во протестот се вклучени лозари од Кавадарци, Неготино, Росоман и oд Демир Капија.
Од друга страна, вчера, лозарите ја оневозможуваа работата на новинарските екипи, на што реагираше Здружението на новинарите на Македонија.
„Бараме од организаторите на овие демонстрации веднаш да го сменат својот однос кон средствата за јавно информирање и на новинарите да не им го спречуваат слободното движење и вршење на работните задачи, како би им се овозможило да информират за сите актуелни настани во државата“, стои во реакцијата од ЗНМ.
Лозарите бараат средба и со премиерот Никола Греувски.
„Бараме средба со премиерот Груевски и со Димовски. Блокадите ќе продолжат се додека не се спроведе договореното“, изјави вчера Аризанов.
Пешевски, исто така, објасни дека цените за грозјето ќе бидат на исто ниво како лани.
„Имавме состанок со винариите и нашите информации се дека откупните цени за грозјето, кои се главна причина за денешните протести на лозарите во Тиквешијата, ќе бидат на ниво на претходната година. Можеби некаде ќе има за еден денар пониски цени, но тие во просек се на нивото на минатата година“, изјави Пешевски.
Проблемот со лозарите беше причината Здружението на земјоделска техника да побара оставка од министерот Димовски.
Лозарите добија поддршка и од Федерацијата на фармерите на Македонија која го поддржува нивното незадоволство поради непочитување на договорот од винариите. / Журнал МК /
ИЗВОР.
--- надополнето ---
Од лани им немаат платено ми мириса на инциденти оваа работа, лошо лошо за сите и за тие што мораат да патуваат и за лозарите. Само олигарсите кои го контролираат винскиот бизнис само за нив добро изгледа е.