"Браво за Албанија"?
Tипично македонска реакција, која отсликува карактеристична малодушност.
Браво за Албанија кога ќе дозволи елементарни права за Македонците, право на изјаснување на попис и право на образование на мајчин јазик, не само во изолираниот џеб на Мала Преспа (кој им служи како алиби) туку на целата територија на Албанија, каде што ги има многу повеќе отколку во Пустец.
Слушајте малку што зборува Едмунд Темелко! Не скокајте како прлиња пред кобила!
Канцеларија има и Виножито во Солун. Доста со малодушност!
А на овие нашиве Албанци не им обрнувајте внимание по темава, тие не можат да ја додржат својата лицемерност и едвај чекаат да скокнат во бугарско/српско/грчките вагони на антимакедонизам. Ако не ги приметувате двојните аршини што се промовираат од нивна страна, ве жалам.
Ех, добро шо го спомна Темелко. Тој. Баш тој кој што го величиш.
Не беше тој кој што маваше груда дека има 500.000 македонци во Албанија, и не успеа едно пратеничко место да обезбеди? Чинам тој беше или има друг некој на кој што алудираш?
Е сега. Елементарни права, македонците ќе добијат во Албанија, кога цела Албанија ќе добие елементарни права. Вајрлес интернет е сајенс фикшн во Албанија. И за албанците, сакаш веруј, сакаш не.
Е сега, да резимираме малку за тие твои (и мои) права, помеѓу албанците во Македонија, и македонците во Албанија.
Албанци убиени во Македонија од страна на режимот на Бранко.
Македонци убиени во Албанија од нечиј режим...нема.
Македонец ќе убие албанец (во Топанско поле) ќе се шета слободен. Албанецот ќе го најде македонецот како се шета слободен, ќе го убие, и ќе јаде доживотна робија. Албанците не се угнетени од системот? Ма дај...
Генерал во АРМ јавно пред камери изјави (и го попуши после изјавата) дека албанците не заслужуваат да бидат унапредени во АРМ... он бил должен само да ги вработи како бројка...
Во историјата на Р. Македонија, во ниеден учебник не е спомнат ниеден албански деец на територија на Р. Македонија. Такви многу ги има. Ниедно албанско име не се спомнува за време на Крушевската Република. А пустиот Крушевски Манифест како црвст доказ дека такви постоеле.
Во Албанија, тоа не им го прават на македонците.
И НЕ! Секој во Албанија има право да си се пише што сака. Има графа "Други".. Кога 300.000 македонци во таа графа ќе се потпишат Македонци, тогаш ќе се воведе посебна графа Македонец. За бројка од 50.000... наспроти 25% застапеност на албанците во Македонија...споредбата ти е глупава и смешна. Без разлика дали ти прифаќаш или не. Реалноста е друга.
Самите македонци во Албанија не знаат ни самите што се, и што сакаат. Никој со нож во грб не им седи. Во Македонија пак...од лично искуство можам да ти кажам дека презимето на дедо ми насила било променето со -ски. Чист обид за дискриминација...
Е богами, нече мочи.