Македонија слави 19 години самостојност

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Република Македонија утре одбележува 19 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решевање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.
Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 160 држави во светот, а под уставното име е признаена од 125 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.
Во изминатите 19 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - зацврстување на демократијата и интеграција во евроатлантските структури. Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.
И покрај исполнувањето на сите критеритериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.
Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, а лани и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата. Грција по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името.
Деветнаесетиот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Денот на независноста на Република Македонија се одбележува со многубројни свечености и манифестации. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вечер ќе приреди прием во Парламентот, а АРМ традиционално напладне ќе го одбележи празникот со почесна стрелба на 10 плотуни од 12 артилерски орудија во касарната „Илинден“ во Скопјe.


 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Да живее слободна и независна Македонија!




 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Желбата да се биде свој на своето не е измислица од крајот на дваесеттиот век. Тоа е вековен идеал на Македонскиот народ кој низ историјата ги поминал сите немили настани кои можат да му се случат на еден народ. Македонецот остана без своја држава, беше аргат и роб на туѓите интереси, живееше во страв и трепет за утрешниот ден, во беда и сиромаштија... но со силна и искрена надеж дека еден ден и за него ќе огрее Сонцето и ќе даде мир, спокој и реализација на сонот за слобода и самобитност! Она што треба нас Македонците да не плени од минатото не се борбите, туку духот на народот кој не успеа никој да го згасне и покрај сите обиди! Духот и сонот за остварување на идеалот! Треба да се горееме што никој не го сменил нашиот генетски код, што никој не ни ја сменил верата, што се уште можеме да зборуваме на македонски и со самото тоа да се делиме како посебна нација на светов! И никој од нас не е заслужен за тоа! Ние сме генерацијата која го живее сонот на нашите предци! Тие се заслужни што денес без страв можеме дасе пишеме како Македонци! Наша задача е да го сочуваме она што е започнато и да продолжиме таму каде предците застанале! Најважно од се е да останеме како една целина. Да не се делиме по било која основа, бидејќи ако се поделиме, го изневеруваме зборот даден на нашите предци, а со самото тоа ја уништуваме иднината на нашите потомци.

8 септември е денот за кој сонуваа: Мисирков, Груев, Петров, Сандански, Карев, Шатев, Делчев, Брашнаров, Ченто и многу други херои кои имаа храброст да застанат очи в очи со системот и силно да му кажат дека овој народ не е ни бугарски, српски, ни грчки,туку МАКЕДОНСКИ и заслужува да ја ужива слободата како и секој друг народ на светов!

Да ни биде честит денот на независноста и да ни бидевечен, за век и веков!:oeoeoe:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нека ни е вечна државата, да си ја љубиме и да се почитуваме меѓусебно.
Какви и проблеми да се појават, со заедништво и соработка ќе ги решиме.
Силни сме кога сме единствени.
Да живее Македонија, за многу години нека ни е свет утрешниот ден.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Нека ни е вечна државата, да си ја љубиме и да се почитуваме меѓусебно.
Какви и проблеми да се појават, со заедништво и соработка ќе ги решиме.
Силни сме кога сме единствени.
Да живее Македонија, за многу години нека ни е свет утрешниот ден.
За многу години.. аирлија :)
 
H

HITCH

Гостин
Се сеќавам Кљусев кога излезе со парите на говорница! Денес го зедов мојот нов пасош и на него го има новиот грб на Република Македонија!

Македонијо, посакувам конечно овој народ да почне да живее убаво. Сакам да има стабилна работа, многу здравје и само успеси, оти колку е посреќен народот толку појака ќе ни биде државата.
Македонци, уште многу години да си го славиме денот на Независноста! ВО БЛИСКА ИДНИНА КОНЕЧНО ДА ТЕ ВИДИМЕ ОБЕДИНЕТА!
:oeoeoe: Јас сум од првата генерација што не дававме чесен пионерски збор. Јас сум од онаа генерација што се колнеше во големите луѓе кои го дадоа животот за Македонија :oeoeoe:


МАКЕДОНИЈО, ВЕЧНО ДА ТИ Е ИМЕТО!​
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103

Нека ни е за многу години утрешниот празник! Ништо повеќе нема да пишам, песната ќе го каже останатото.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Се сеќавам Кљусев кога излезе со парите на говорница! Денес го зедов мојот нов пасош и на него го има новиот грб на Република Македонија!

Македонијо, посакувам конечно овој народ да почне да живее убаво. Сакам да има стабилна работа, многу здравје и само успеси, оти колку е посреќен народот толку појака ќе ни биде државата.
Македонци, уште многу години да си го славиме денот на Независноста! ВО БЛИСКА ИДНИНА КОНЕЧНО ДА ТЕ ВИДИМЕ ОБЕДИНЕТА!
:oeoeoe: Јас сум од првата генерација што не дававме чесен пионерски збор. Јас сум од онаа генерација што се колнеше во големите луѓе кои го дадоа животот за Македонија :oeoeoe:


МАКЕДОНИЈО, ВЕЧНО ДА ТИ Е ИМЕТО!​
ЛАЖЕШ

Можеби имаш видено на некој документарец ама да се секаваш малку потешко колку годинки имаше тогаш ?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
За многу години нека е празникот, вечна и горда Македонија.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Почитувани, честит нека ни е празникот на независноста!
За многу години и вековита нека ни биде М А К Е Д О Н И Ј А!
 
M

.:makedonec:.

Гостин
За многу години нека е и да ни е жива и здрава државата уште 1000000000 години СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom