Епа мислам дека е редно веќе да напишам нешто, иако си имав ветено дека ќе останам само пасивен слушач, со цел да останам имун на сите навредливи коментари. Се надевам дека ќе го прочитате и ова мое мислење, ако ве интересира што се се случи со мене, бидејќи “жестоки борби“ се водеа на темава, со што, според мое мислење, секој си ја покажа елементарната култура

Невермајнд...
Инаку, како што имаа кажано поголем број од форумџиите на темата, навистина тоа беше еден многу силен и трогателен период за мене. Тогаш за прв пат реално се судрив со вистината, со она што се случувало, се случува и ќе се случува со мене. Поради сето тоа, беше таа реакција кај мене (ќе продолќам
Вистината навистина боли, посебно кога ќе дознаеш дека се разликуваш од другите и дека никогаш нема да можеш да го имаш истиот живот со твоите врсници (и ве молам не кревајте реакции на оваа реченица, зашто да не се залажуваме самите себеси, тоа е навистина така). Сепак, како што можеби преку 100 пати ми имавте речено, тој болен период, период со саМоомраза, период со мисли за самоубивање, период на неприфаќање на сопствениот идентитет, фала му на Бога помина, но неможам да кажам дека помина без да остаВИ последици врз мене. (Да завршам со фактите за мојата сегашна состојба, радо би ви раскажал за што станува збор ). Исто така, сакам да нагласам дека иако повеќе не сум 16-годишното момче што се плашеше дека навистина е геј, иако сега сум 18-годишно “магаре :Р“, сепак сеуште не велам дека јас сум ГЕЈ! Сеуште не се прифаќам дека сум геј и нема да се прифатам како геј. Мојата ваква состојба ја дефинирам како некој не баш најдобар феномен, како едно биполарно тело што се преобразува во зависност од она што “надворешната средина“ го наложува. Односно, сакам да кажам, дека ДА, јас можеби ќе спијам со мажи или ќе имам најразлични контакти со нив, но сепак ќе настојувам колку што е можно да бидам поблиску до поимот за нормален живот - љубовна хетеро врска, семејство, кариера бла бла бла... Верувам дека тоа јас го можам или само така се тешам. Прифаќам само една работа - а тоа е дека сум различен, каков што и од секогаш сум бил! Ете во сето ова е тајната на мојата сегашна смиреност - се прифатив како една, да речам “федерација на сите мои личности, обединети во моето единствено тело“. Не знам дали ќе успеете да ме сфатите што всушност сум сакал да кажам, како ми е сега, како се осеќам... се надевам дека се ќе ви биде јасно

))
Сега сакам да се навратам на последиците што претходно ги имав спомнато. Ќе ви раскажам битен дел од мојот живот. Можеби многумина од вас нема да ги интересира, меѓутоа сметам дека секогаш ќе постојат некој “16-годишници“, на кои ќе им биде потребно мислења, искуства, совети, некоја утеха дека не се сами...
Сето она, што можеби ќе го паметам како најтрагичното нешто во мојот живот, се случуваше токму пред неколку месеци, односно летото 2011, месец јули. Можеби имам спомнато за ова во некој пост на темава, не се сеќавам... Не знам како, не знам кога, но се вљубив во мојот, можам да кажам, најверен другар, две години помал од мене хихих

... Мислам дека до таа љубов дојде откако јас и тој имавме заедничка ноќ. Буквално, тогаш го доживеавме врвот на забранетото и неприфатливото. Ме покани да спијам кај него, зашто беше сигурен дека ќе му дам (а детето не е геј!!). Многу пати пред тоа сме имале неколку обиди за секс :$$$... Мислам дека таа беше за мене најубавата ноќ, иако јас ја нарекувам “црна ноќ“. Имавме скоро две партии секс, бевме преблиску едни до други, уживав да го чувствувам неговиот мирис... ама да не навлегувам во детали, оти сигурно некои од вас ќе ме етикетираат како “гнасен“

)...
И се случи што се случи, изгреа сонцето, ноќта брзо помина, секој си замина по дома. ЈАс овде уште се чудам како утредента не ни беше страм да се опулиме еден со друг после се

) Веднаш потоа, започнаа моите маки. Абе не можете да замислите каква љубов почувствував кон него. Буквално умирав кога тој не беше до мене, пукав од љубомора кога ќе заминеше со друг, а пак со девојка да го видев... ич ни да не спомнувам. Бев толку заљубен, што бев потготвен се да направам за него. А за поголема несреќа, после таа “црната ноќ“ тој започна се повеќе и повеќе да се оддалечува од мене, односно како да сакаше да ме избегне (јас мислам дека сигурно му беше страм, па затоа...). Тоа уште повеќе ме убиваше... имав потреба да разговарам со некого, да му ја кажам маката, ама знаеме дека тоа е нешто невозможно. Потоа, бегав од сите (во маалото) или пак кога ќе бевме заедно со друштвото, јас му седев отспротива на вратата, чекав, се со надеж дека ќе го видам или пак ќе излези од некоја страна. Леле па кога ќе го помирисав парфемот негов или некој друг што ќе ме потсетеше на неговиот, јас бев готов... буквално сакав во моментот да одам да напишам проштално писмо и бесилката на вратот. И тоа многу пати... но, секогаш помислував на моето семејство, во каква ситуација ќе ги доведам, од страмот што можам да им го нанесам кога луѓето ќе започнеа да зборуваат “син му зараДИ дечко се самоуби“... уфф.. Какви маки, какви денови беа тие. Цело лето ми помина во црнила, депресивност и желби за смрт. И се прашувате како заврши оваа афера?

) Решението мислев дека ќе биди ако сосема се оддалечам од него. Така и сторив. За една ситница избувнав мноогу голема расправија, докажувајќи се себеси како крајно разочаран и навреден, кусо речено бев drama queen. Си реков ако ме сака, ќе настојува да се смириме, а ако не, ќе си продолжиме секој по својот пат. И онака знаев дека сака само да ме клецка (што можеш друго да очекуваш од збеснат 15-годишник хихихих). Не дека не ме молеше за да се смириме после, ама во мене има голем инает... всушност, не инает, туку тоа беше како еден вид “заштитни мерки“ кон себеси, за да не потпаднам под истите депресии, а ако кога ми збореше на телефон одвај солзите си ги задржував. И така, избегав неколку дена од градот за да најдам некој непостоечки “душевен мир“; секој си продолжи по својот пат, скарани можеби останавме до Нова Година-5 месеци, а сега одвај и му велам едно здраво. Не дека не ми е тешко, не дека немам уште некои чувства кон него, не дека не пукам од љубомора кога ќе ја видам неговата девојка, ама мислам дека успеав да го преболам,... со што се сметам за храбар, зрел и пораснат.
И денес, се обидувам повеќе да мислам на девојки (иако морам да признам дека не е баш лесно

), главен мотив за да продолжам со борбата е да се разубавам, одам втеретана, диети, препарати... се со цел еден ден да можам да се појавам пред сите што ме навредиле (типично мојот бивш хаха) и да им се одмаздам со тоа што ќе бидам многу поубав и посекси од нив!!!
Сите што ги имате истите проблеми, поминувате низ сето она што поминав и јас, секогаш сте добредојдени кај мене. Моето рамо (инбокс) ќе ве крепи и ислуша... Се надевам, дека на некој ќе биде голема утеха горенапишаното!!!
Поздрав до сите вас, кои неуморно бевте активни во оваа тема во текот на овие две години!!

<3 :*