|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 2.736
- Поени од реакции
- 905
Токму тоа.Капитализмот е лицето на машината.
Ви го одзема времето од кое се состои животот.
А за да “успеете“ во него треба да уништите некој друг.
И тоа да ви стане најнормално.
Сепак, пак ќе повторам и ќе подвлечам, дека општеството во кое се живее не е причина само по себе за да бидеме дел од машината.
Ете пример
Замислете ситуација. 1958 година - СССР. Сталин го нема веќе, Хрушчов на власт, омекна теророт врз населението. Нема повеќе страв. Чистка се прави во врвот на СССР.
Луѓето живнуваат, се релаксираат, СССР влегува во втората златна доба (после крајот на 20-тите, почетокот на 30-тите), кога акцент се става на интелектуалните вредности, копирање на западот, т.е. креирање на илузија дека СССР е подобар од Западот односно „Имаме се, дури и повеќе од Западот“, па да не им е криво на Русите кога гледаат како италијаните возат веспа креираа потполна копија, кога гледаат Русите дека Американците возат бродови на улица, ја креираат Волгата во раскошен стил со многу хром итн. Намерно ги набројувам овие ситници, се со цел да ви доловам дека во тоа време цутале ружи за обичниот човек во СССР. Идеологија, радост, братство и единство, сателити, авиони, вооружување, средност и педатантност. Сите нахранети, сите еднакви.
Отворете по енциклопедии, ете ако не читате автори од тоа време (освен оние со идеолошка анти-фашистичка тематика) ќе забележете дека има многу од нив кои ја бараат смислата во животот и како и нив машината ги јаде.
Како одат по фабриките во 6 сабајле (Заводи), како работаат до смрт. Некои тоа не го чувствуваат хранети од идеалошки причини т.е. од политичкиот комесар кој на разглас им чита вести за достигнувањата на СССР, но можеби 5% од целото население (ако не и повеќе) сигурно не се чувствуваат така. Најчесто тоа се интелектуалци, кои ја гледаат реалната состојба во државата.
Не велам „Не“ дека капитализмот уште повеќе не оддели од она што нас не прави луѓе, но да се става кривицата само на тој систем, не е реално размислување.
Целта на темава е како човекот, како единка, да се оддели од општественото уредување (значи без разлика какво е) и да се негува само по себе преку интелектуални и уметнички дострели.
Јас до сега, еве дојдов до следниот заклучок.
Човекот твори само кога е присилен за тоа. Тоа е животински нагон. Кога е во опасност тој делува, кога не е, влегува во комфортизам и така бдее. Таквиот поглед се провлекува долго време, најчесто поради колективната налудничава идеа за уживање, за не-творење како идеална состојба што најчесто е во пост-комунистичките земји (синдромот нишај врата - земај плата).
Имав можност да се запознаам за она што се случува во мало градче во Германија. За жал не бев таму, но ми беше пренесено искуство. Градчето е мало. 4000 жители. Нема многу работа, но сепак секој си го наоѓа својот дел под Сонцето. Продавачи, наставници, механичари, новинари, фамилијарни бизниси итн. Оние што не работат, не значи дека седат дома и дремат на World of Warcraft. Има сеа не знам како се вика на германски ама на англиски community center каде прават општо добро за заедницата. Пример, промоција на градчето, па млади дечки праат web страна за градот и ја полнат со тазе информации. Други креираат брошури, трети прават традиционални облеки, организираат манифестации, ракотворби итн. Најчесто го прават тоа на доброволна основа и добиваат некој минимален хонорар како џепарлок.
Среќни се и исполнети оти прават нешто што тие тоа го сакаат и кога го сакаат, но важно нивниот ментален склоп е таков што тие размислуваат Arbeit Macht Frei.
Значи дојдовме до заклучок дека, за да можеме да креираме такво општество, потребна е промена од нас самите. Ретки се компаниите кои одделуваат 1 ден во работната недела за сопствена надградба на вработените. Јас имам голема среќа, што работам во институција што ми дозволува еден ден да посветам на самиот себе. Надградба, семинар, образование...што било. После тоа, тоа добиено знаење го применувам во компанијата и таа спасува илијадници евра и ете ти систем.