Како се запознавате со женски/машки

  • Креатор на темата Креатор на темата Dimitarc
  • Време на започнување Време на започнување
види не треба многу филозофирање почнуваш со општ муабет па во зависност од тоа дали е заинтересирана за тебе девојката ќе знаеш дали дали си на вистинскиот пат или не
Општ муабет? Нередите во Либија like?

Или општ муабет од стилот на тоа колку заработуваш? (тоа одма ќе упали)
 
Та тоа де... ај тутни и се на некоја со муабет за поскапувањето на нафтата или струјата ебаго

Еј маче... види бе упм, колку плаќаат овие од кафичов за струја бе, што мислиш?
 
Општ муабет? Нередите во Либија like?

Или општ муабет од стилот на тоа колку заработуваш? (тоа одма ќе упали)
па ако така им приоѓаш на девојки :pos2:тоа си е твоја работа
со опш муабет се мисли за вецерта за атмосфера како е диското слично нешто во тој стил па после тоа почнуваш комуникација со неа значи нормален разговор, разменувате броеви излегувате на кафе ја лапаш девојката и од тој момент сте пар :back:
 
Може и полејм :)

Кажи и дека ти изгледа познато од некое списание за мода :)
 
Размислувам за приѓање на девојка (онака на американски начин) но не сум голем оптимист, бидејки го знам нашиот македонски менталитет - можеби грешам (како што реков само еднаш има запалено ова ко средношколец и девочето беше пијано а и јас :P)
И треба да бидиш оптимист,отфрлиго менталитетот,во подоцнежните години жените се поблесави..тин периодот е само за докажување на егото и гордоста.
Моите другари понекогаш се гневни на мојата амбиција,устварти тие знаат дека одам директно (клизачи шо се вели),а нив им е страм да се понижат пред женскикот субјект...ама нема тука понижување,ќе се напрајш ако треба (палто во калта за да помини дамата низ него) ама да си ја добиеш целта.
тоа е 100% добитна комбинација.
 
Богами ако на време не се спречи ваквиот проблем како пиминуваат годините понатаму ќе биде се потешко и потешко...... и накрај се знае што... најтрагичното стара мома или старо момче :toe:

До 18-19 години МАКСИМУМ може да немаш женска ама ако си постар треба малце да береш памет :toe:
 
Кој начин најмногу ви одговара да ви пријде непознат додворувач- макар и да е само другарство?

Дали фејсбук навистина функционира за вас?
- Ок можеби функционира но толку ми е глупо да напишам на сликата "многу си убава, срце си", кога над мене има уште барем 20 такви напалени коментари - не ме одвојува од ништо.

-Пуштање во бар на непозната девојка скоро никогаш не функционирало - освен еднаш и девојката беше пијана ( но ништо сериозно)

хехе, не го знаеш изгледа правиот начин.
 
Ма и идеш директива и и викаш: „Чуј устата ми е сува, келнерот е презафатен, а ја кај и да е ќе колабрирам. Си за да ме освежиш со еден бакнеж !?“
Ако ова не упали ја Таруно да не се викам. Кај цури пали изненадувањето... секогаш! Изненади ја со нешто што го нема чуено до сеа. ;)

пс. Може нема да добиеш бакнеж од прва, ама насмевка секако дека да. Одтука после е лесно... кај си... што си... како си... итн. Не мора секоја цура да ти е потенцијална девојка, уште повеќе ќе ги заинтригираш ако не сакаш да ти бидат девојка или не сакаш да имаш нешто со нив. Верувај.. ;)

ппс. првиот пристап може да се употреби само еднаш до кај пет пати. Доколку повеќе дечки го употребуваат истиот, тој веќе станува шаблон и не е интересен, оти веќе сите цури го слушнале. ;)
 
шознам и мене ми изгледа премногу глупо во кафич/дискотека на некоја да му пријдиш / од кај знајш како ке те пречекапа на крај и од кај знаеш дека е слободна?
 
Мене сеуште не ми е доволно јасно дали основниот проблем ти е начинот на приоѓањето или пак неможноста да најдеш начин за да запознаеш нови личности.
Веројатно по нешто и од двете.

Најважно е на почетокот да увидиш каде ти се најголеми шансите за нови познанства. Доколку локацијата ти е само факултет-дома, тогаш мора да го прошириш кругот на движење... спортувај, оди во теретана, биди активен во било какви организации.
Доколку приодот ти е она што те мачи, едноставно не размислувај многу околу тоа. Само биди свој и не дозволувај да бидеш на помало ниво од 100% самодоверба што и да се случи.

Флертувај било каде. Запамти, можноста за флерт е насекаде и никој нема што да изгуби со тоа. Или ќе ти се насмевне среќата или ќе бидеш задоволен затоа што си украл/подарил насмевка и си кажал некому убав збор или во најмала рака ќе бидеш побогат за уште едно ново искуство. Доколку ти е тешко првиот контакт да го воспоставиш со збор, воспостави го со поглед, запали некаква искра.

Понуди се да помогнеш на некоја колешка; искочи со другарка и замоли ја да викне некои нејзини другарки; искочи во кафич или дискотека и внимавај која те погледнува; најди си random симпатични пријателки на фб и пробај на културен начин да воспоставиш контакт (најмалку една од 10 ќе прифати да се запознаете :music3:) ; прашај која е слободна на форумов... :)
Има уште милион начини и во живо и на нет, само што ми се чини дека ти чекаш, ништо не се обидуваш од страв дека ќе погрешиш.

Има колку сакаш девојки кои не си ги запознал, а кои се со сличен менталитет како твојот и едвај чекаат да бидат маѓепсани со нечие внимание. Затоа доста безделничење, фаќај се за работа... :smir:
 
Браво за коментарот! Инаку неможноста да најдам начин за да запознавам нови личности е мојот проблем. Во последно време сум целосно посветен на мојата работа а во слободно време само се дружам со старите пријатели.
p.s. Supernatural rocks посебно Dean ^^

Знаеш додека одев во школо се беше некако спонтано а сега види треба на тоа да размислам и да дојдам со решение - некако вештачко и глупо ми изгледаше ова но најверојатно само ова е решение- да одделам повеќе време на мене и да бидам поактивен - спортување можеби- контактирање со луѓе кои одамна се намам видено итн.. се надевам тоа пак ќе ме доведе до "спонтани" нови познанства.

Некој погоре спомна нешто како најдборо пали да зборуваш за колку заработуваш.
Еве јас навистина добро заработувам во споредба со останатите но никогаш не би го искористил тоа да придобијам некоја девојка- мислам да се фалам со мојата работа :S - би сакал да и се допаднам за тоа каков сум јас а не затоа што сум финансиски добро поткрепен. Ако им е затоа подобро ќе останам уште година дена без девојка одколку да гледа новчаник во мојата фаца.
 
Moram da priznam interesna tema koja me isprovocira da pisam. Druze kako mislis na amerikanski nacin objasnigo ova bas me interesira
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom