Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Бидејќи се грижам за менталното здравје на луѓето околу мене, не се запознавам со никого, за да не ги изложам на непотребен стрес. И си се држам по страна.
Ако некои заталкаат и се доведени да мора да разговараат со мене, им зборувам, културно и учтиво. Од време на време може да уфрлам и некоја духовита забелешка. Ако биде добро прифатена, среќен сум. Ако не... па ионака овој разговор е принуден (нели, никој не сака да зборува со мене, а оваа личност што зборува со мене е доведена до тука; не дека така избрала) и ќе заврши и нема да се повтори.
И така завршува еден разговор. Па и следниот можеби така. Па и следниот... Додека не се создаде доволно знаење кај оние со кои сум зборувал, дека можеби сепак нема да загинат или мутираат ако зборуваат со мене, па можеби тоа знаење ќе се пренесе и на други потенцијални соговорници.
Во оној момент кога луѓето се доведени да зборуваат со мене *по нивен личен избор*, знам дека сум успеал.