Во домот бев, да, пред едно две недели овој месец и околу почетокот на октомври и немој да мислиш дека никој ништо не им носи на децата

А ако поразговараш со поголемите ќе видиш дека им спотребале на нив нашите партали, тие сакаат да бидат еднакви со нашите деца, а не како шуга во општеството, а баш ние (не буквално)ги правиме такви (со муабетите, однесувањето, етикетирањето и нормално солењето што би било подобро за нив)
Таа што абортирала да направила убиство, а таа што го оставила се убила себе, ама не и шансата на детето да го види и успее во животот. Јас стварно знам дека е филм животни приказни како на Роман Абрамович на пример, ама имам другарки пораснати во дом, кои патем сега деца имаат, имам мајка на другарка пораснато во дом. Успешни животни приказни на
домци што лично ги знам.
Искрено да ти кажам прво не те разбирам, кој рече дека ги етикетирам децата, ко второ јас на малите деца им носам облека и тоа не облечена повеќе од еднаш се е ново испрано испеглано, да ги видиш само со какви алишта шетаат, јас мислам дека вреди да им се подари нешто толку ми се можностите да имам пари од повеќе би им купила и нова облека арно ама јас има 3 дома, и се што е здраво и скоро ново го чувам и им го подарувам бидејќи и за тоа сум дала пари, значи неможеш да ми кажеш дека нив е им таму сеедно и дека имаат перфектен живот, јас имам пријатели кои се домци драга моја, и тоа да со семејства оформени со деца, мажи, жени, ела седни да ги чуеш што имаат да ти кажат каков живот имаат поминато додека биле во домот и после тоа борбата за живот, колку се тие психички оптеретени, никој не им подал во животот рака, и да плачат секогаш кога раскажуваат и таа болка никогаш не поминува, што не ви е јасно, вечно прашањето ќе им остане што згрешив толку кон моите родители па да се откажат од мене, и после тоа абортусот бил убиство, многу е потешко да си жив и отфрлен исто како да не постоиш, а вие можете да си ги терате вашите мислења никој не ви брани, затоа се врти муабетот 200 страни, секој си се држи до своето и јас до моето, не оправдувам да го роди и да го фрли на милост и немилост, неспособни, безчувствителни не заслужуваат да бидат родители, поголема е казната за нив да живеат со тој абортус, а како жени сите ние знаеме каков белег истата остава.