Дома >
Македонија
Во анти-абортус кампањата била вмешана црквата
Коментари (0) 11.02.2009 18:43 „Во ставовите на Владата очигледна е и вмешаноста на црквата“
Невладините организации здружени против владините анти абортус кампањи. Десетина формираа алијанса која ќе се спротивставува на кампањите, кои според нив го прекршуваат човековите права, особено правото на избор и абортус.
Тие бараат Владата веднаш да се повлече од кампањата со која жената се осудува како убиец.
„Сета оваа актуелна, и да кажеме деструктивна анти абортус кампања која што се води, има само за цел да ги лимитира репродуктивните права на жената, основните права слободно да одлучува како ќе го планира своето семејство, правото на живот, правото на здравје“, изјави Бојан Јовановски од НВО „Хера“.
Според невладините, власта со анти абортус кампањата манипулира со јавноста. Изнесува погрешни медицински сознанија само за да ја оправда својата цел. Тие велат дека во ставовите на Владата очигледна е и вмешаноста на црквата.
Бојан Јовановски
„Владината кампања продолжува да ги поистоветува секуларното во државата со ставовите во државата, дека абортусот го третира како убивање на жив организам, односно како убиство што е еквивалентно на третирање на жените коишто абортираат како убијци, и од друга страна дека се врши стигматизација врз жената којашто донесува самостојна одлука, и којашто одлучува за сопственото тело“, рече Славчо Димитров од „Коалиција за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници“.
Владата влезе во кампања против абортусот со објавување на тендер. До 23 февруари ќе се собираат идеи како ќе изгледа проектот. Во тендерската документација Владата абортусот го дефинира како насилен прекин на бременоста, а раѓањето на децата според неа се Божји благослов.
Покрај кампањата се работи и на нов закон за абортус. Што ќе содржи и дали со него ќе се ограничи правото на жената за абортус, засега се држи во тајност.
ЗОШТО НЕКОИ ДЕВОЈКИ СО СИЛА САКААТ ДА СИ ГИ СКРАТАТ ПРАВАТА????
БОЖИЦА ИМАШ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ???????? ДАЛИ ТИ БОЖИЦА СИ ПАРТИСКИ ВОЈНИК КОЈ ШТО НЕМОЖЕ ДА РАЗМИСЛИ СО СВОЈ МОЗОК? ИЛИ МОЖЕБИ НЕ САКАШ ДА РАЗМИСЛИШ? ТОА ШТО НЕ РАЗМИСЛУВАШ СО СВОЈА ГЛАВА НЕМА ДА ТИ ДОНЕСЕ НИШТО ДОБРО! И ПОВЕЌЕ НЕСАКАМ ДА КОМЕНТИРАМ НА ТЕМАВА БЕСЦЕЛНО ДА ВЕ УБЕДУВАМ ВО НЕШТО, ЗОШТО СТЕ ТОЛКУ ТВРДОГЛАВИ?? МИСЛИШ ВМРО ЌЕ ТИ ОБЕЗБЕДИ РАБОТНО МЕСТО АКО СЕ КАРАШ ПО ФОРУМИ ЗАСТАПУВАЈЌИ ГИ ГЛУПАВИТЕ ТЕЗИ НА ПАРТИЈАТА???
БЕДНО.....БЕДНО